Знам дека не е можно ама пак да си прашам. Брат ми беше заразен Август, утрово седел со заразен кој утре би требало да се тестира. Кои се шансите да се зарази пак?
Можно е особено новиот ако е. Има испитано антитела дали има се уште? Многу познавам што и во помал рок по втор пат беа позитивни.
Според симптомите неговиот пријател бил сигурен дека е новиот сој. Брат ми пред 2 3 месеци даваше крвна плазма. Имал голема количина на антитела.
@bicycle тогаш би требало уште да има, не е голем период поминат. Е сега не знам за новиот, и јас прашував дали ако има антитела може да се фати овој сој. Сега повеќето од него се.
Ако е новиот, очекувајте позитивен тест. За 2 - 3 дена би требало да пројави симптоми. Не, јас неколку пати бев во контакт со позитивни, работев во контаминирана просторија, плус со контакти на позитивен и немав ништо. А јас знаеш немам антитела. Едно 8 месеци заштита има. Јас не знам како во Мк испаднаа толку реинфекции. Јас веќе може да фатам оти поминаа 8 месеци.
И новиот не може да се фати? Ако е така супер, ние октомври-ноември имавме. Јас познавам две медицински лица тука со реинфекција, ама нонстоп со Ковид пациенти се. Немаше едната антитела по првото прележување.
Ако имате антитела неможете да фатите од ниту еден сој. До сега коронава имала сигурно околу 100 мутации.
Не знам, ама знам и Филипче спомна дека цело време има мутации. Она што јас го имав е сосема поинакво од после мене. Ние не губевме исто мирис и вкус. Ете октомври имав ризичен контакт, во ноември и сега во јануари. Маж беше болен, не знам дали беше корона, ама само јас и друго лице кое беше болно не нѐ фати. Во јануари бев кај болен на гости, седев во иста просторија каде што седле плус двајца болни. А немам антитела.
Види колку реинфекции има на светско ниво, а колку кај нас. Некни кажа Филипче дека треба доста испитувања за да се докаже дека е реинфекција. Може да е продолжена инфекција. Еве мајка ми од 6 февруари беше позитивна. Вчера пак почна со симптоми. Матичната и рекла пад на имунитетот има и е истата инфекција.
Да ве прашам за роднина.. има температура 3 дена , не држи постојано, одма се симнува. Кога ке се симни полмќн е со енергија, си јаде без проблем, не кашли, не го боли глава, само е изнемоштен. Пред еднна нрдела бил во вода, работел со вода, подолго време, измрзнал и смета дека му е од тоа. Мислење? Можно ли е да е корона
Не може од вода да има температура во никој случај, мора да е нешто на што реагира организмот и се крева температурата за да се брани. Може да е корона, а и не мора, само тест и изолација.
Јас ја прележав короната пред два месеци и сеуште немам мирис и вкус и стварно незнам зошто е тоа така. Напати ќе ми се врати мирисот па губам вкус и обратно а потоа и двата ќе ги снема!
Со чај, на свеж воздух и рекле да не оди, дома да седе, да одмара. Е конечно доби Сумамед, оти пак почна да развива симптоми и оти цела кс е супер, ама леукоцитите се покачиле. Ова и е втора крвна слика, првата и беше добра, на слушалки на 6 ден чиста, а она 10 дена беше со постојана температура. Не знам кое е подобро, нашиве што даваат по три антибиотици или овие што сите ги лечат со чај.
Мислам дека реинфекциите најчесто се кај тие што биле позтитивни асимптоматски. Значи имало вирус, не дошло до инфекција, и организмор нема антитела.. Така бар пишуваше. А и да не се зезаме после вирусов имунитетот е мноогу намален, и затоа се подложни на нови инфекции.