Кај секого е различно, иначе јас околу 40 дена го носев вирусот во мене Со слаби симптоми изгубен мирис и вкус, дијареа само 1 ден, болки во коските, особено во колената.
Nemav tt voopsto, samo zglobovite i muskulite me bolea i brzo se zavomoruvav. Osobeno koga ke bev malku povekje na noze kolenata epten me bolea ama tolku. İnace koga pomina bolkata veke znaev deka sum negativna
Како мислиш 40 дена си го носела вирусот во тебе? 40 дена ги чувствуваше симптомиве, или дури после 40 дена имаше негативен тест? Те прашувам бидејќи вирусот, во активна форма, обично не преживува после 8-от ден, иако последиците од него може да траат малку повеќе нели.
Вирусот во горните дишни патишта обично не се задржува после 8миот ден во голема концентрација, не дека не останува во активна форма. Затоа ако си во подоцна фаза на зараза можеш да имаш негативен тест иако си позитивен. Ама имаш случаи на луѓе што по 30-40 дена имаат константно позитивни тестови.
Eden mesec go cuvstvuvav virusot inace posle 40 dena bev negativna, sekako bidejki kasnea so brisevi i rezultati. Taka da 1 mesec
Ако е стомачен ќе му помине за три дена Денес како е? @Hulya1901 незнам колку години имаш, но болка во колениците кога ќе клекнам јас имам откако наполнив 30 години. Едноставно старееме Немој да ме сфатиш погрешно, не дека го демантирам твоето чувство во колениците, но некогаш самите потсвесно си смислуваме симптоми. Еве не, 90% во темава сме такви И јас сум од тие
Од почетокот на заразата, колку тестови направи? Ај те молам напиши по временски редослед, на пример вака: 5 Мај - први симптоми 7 Мај - позитивен PCR тест 16 Мај - позитивен PCR тест 28 Maj - правев тест, но резултатите ми стигнаа на 7 Јуни Фала однапред!
@EvAngelos ја не памтам датуми на сопствена свадба, свршувачка и веридба, а ти бараш некој да памти кој датум кашлал, а кој повраќал. Извини, можда ти е битно, ама умрев од смеење.
Значи вака јас на 7ми мај имав контакт. 12 или 13ти мај први симптоми 19ти мај тест позитивен 02 јуни прв контролен Позитивен 15ти јуни повторно контролен Негативен 19ти или 20ти јуни втор контролен Негативен (резултат на 24ти)
Нешто што е важно да се знае е дека PCR тестот кажува само дали во брисот е најдена РНК од вирусот. Толку. PCR тестот не може да разликува дали тоа е активен вирус (со РНК и протеинска обвивка), или само РНК остатоци од распарчениот вирус. Вирусот кога ќе влезе во нашето тело, тој се размножува во милиони копии и имунитетот откако ќе го „суреди“, сите овие РНК остатоци не може да се исфилтрираат инстантно од телото. Затоа мислам дека иако тестот ти бил позитивен на 2 Јуни, најверојатно си немала активен вирус во тебе, а со тоа и не си била инфектибилна за другите. Но сепак, ради протокол мораат да не држат во изолација со два негативни теста.
Добар е сопругот, ваљда не беше корона, не изгуби мирис/вкус. Туку, мене друго ме мачи. Тие што веќе бевте позитивни, имавте контакт со веќе потврден позитивен, или не знаете од кај сте се заразиле? Ок знам, дека има некои без симтоми, не знаеме што носиме во нас, ама чисто да знам. Фала ви
Нот јет Се пазам колку можам. Симптомите на ковид19 се исти насекаде и нема причина во Македонија да се поразлични. Најчести симптоми се: температура, сува кашлица, омалаксаност. Поретки симптоми се: болки по телото, суво грло, главоболки, дијареа, губење на чувство за вкус или мирис. Сериозни симптоми (за кои мора да викате брза помош 194): Oтежнато дишење или губење здив, болка или притисок во градите, губење на говорот или движењето (ова ако инфекцијата отиде и во мозокот).
Луѓе вчера бев шутка, чаир и бит пазар абе никој не носдше маска Јанза ќе ме изее деновиве, да не сум закачила корона, иако не ја симнав маската од мене.
Од сите позитивни што ги познавам, голем дел изгубиле само чувство за мирис и вкус. Сите од 40 докај 50 години.