Здраво. Немам мирис неколку дена и ми е затнат носот. Вкус имам. Тт немам, не сум омалаксана, никакви др симптоми. Матичниот ми рече дека ми е од синусите и да не се тетсирам ама ми е шубе. Некој друг вака да бил и испаднал позитивен?
Тестирај се, кај мене почна со затнат нос,па изгубив мирис, после имав и болка во кичма и карлица,мала главоболка кај синусите на чело..секој ден по некој симптом..
Здраво девојки, дали пред земање на брис од нос за ковид тест пред тоа треба да бидеш гладен или нема врска?
Сум имала бактерија во носот. Бев на преглед за санитарна, така се дозна. Овој матичниот за ништо не го бива. Ви благодарам девојки
Здраво, можда не е за во темава ама незнам каде да го поставам прашањето. Ме интересира како се создаваат антителата? Не сум медицинско лице но колку што знам за да се создадат антитела треба да се избори нашиот организам со вирусот дали полесно или потешко па така и се создаваат. Дали може да има антитела некој кој немал апсолутно никаков симптом ?
Може. При секое навлегување на непознато тело во организмот, имунолошкиот систем го класифицира како туѓо затоа што молекулите на антигенот на непознатото тело се разликуваат од оние во организмот. Тогаш, имунолошкиот систем бара начини да го елиминира "непријателот", а меѓу тие механизми е и создавањето на антитела. Антителата (имуноглобин G, A, M...) ги создаваат белите крвни клетки, Б-лимфоцити. Кога антигенот ќе се поврзе со површината на Б-клетките, тој ја стимулира Б-клетката да се подели и да созрее во група идентични клетки наречени клон. Зрелите Б-клетки, наречени плазма клетки, лачат милиони антитела во крвотокот и лимфниот систем, кој понатака го штитат организмот. Ваквите антитела се дел од хуморалниот имунитет. Но постои и клеточен имунитет. Тоа се Т- клетките. Т- клетките се активираат при секој најмал контакт со непознато тело повторно (и ги регулираат Б- клетките), меѓутоа тие не произведуваат антитела (хуморален имунитет), туку нивната меморија ја памети инфекцијата и со тоа превенира евентуална наредна потешка клиничка слика. Хуморалниот превенира и инфекција, и болест. Клеточниот превенира само болест. Некогаш се случува антитела да не се создадат или да исчезнат по неколку месеци, но меморијата на Т- клетките е неизбежно активна и тоа можеби малку подолг период од антителата штити. Значи, симптоматски или не, заштита секако има. Одреден период.
Сакам да прашам,денес испитувам ддмери и ми се околу 2300 покачени,а матичната ми даде само аспирин од 100,дали сте имале некое слично искуство и како сте ги средиле...
Многу ти се покачени, а аспиринот е слаб, скоро и да не делува. Не знам зошто не ти дала пример Xarelto, тие се добри, татко ми имаше скоро 1000 и му рекоа веднаш да ги почне, дури и доста време треба да ги пие. Барај второ мислење.
Па матичната док. Ми пиша или аспирин или тие Xarelto, но без никаков совет и без никакви консултации и затоа сега сум баш во паника...
Не сакам да се расфрлам со совети, сепак не сум докторка, ова од искуство само кажувам, ама мислам да земеш Xarelto (10 апчиња се и еднаш дневно се пијат). Или можеш да почнеш аспирин, па после некое време провери си димери пак и ќе видиш дали ти се намалени, односно дали делуваат. Сепак консултирај се со друг доктор (матичен од некој твој близок пример, колку да направиш споредба на мислењата) или пак фармацевт.
Па и не се многу високи. Протромбинско време колку ти е? Слушај си матична. Ако биле многу високи ќе те пратела на трансфузиолог.
Нема споредба меѓу ксарелто и аспирин. Аспиринот нема да ти ги симне ддимерите, тој е повеќе за превенција да не ти се качат. Ако ти дала ксарелто треба да ти каже која доза и колку често да пиеш. Не е тоа така, само пиј ксарелто, зошто се гледа и цела хемостаза, дали е другото ок. Може да има продолжено време на крварење, па да се направи беља со ксарелто/клексан. Кажи и дека сакаш мислење од трансфузилог, или да те прати во ковид амбуланта со резултатите.
А мора ли да се изгуби мирис и вкус? Јас сум 8 ден од позитивен тест, освен блага омалаксаност на почетокот, грчеви во стомак и еден ден диареа (ептен блага) друго ништо немам. Дури се чудам како сум позитивна. Маж ми не се тестираше, он пред мене имаше болка во грло и чуден вкус, плус омалаксаност. Детево е негативно, а е со растечен нос Крвна слика топ. Затнат нос не спомнувам, пошто сум нонстоп затната заради синусите. До сега нели требаше да изгубам мирис и вкус или допрва ќе губам? Може го имам британскот сој, викаат дека од тој не се губело мирис и вкус. Врска неам кога и каде сме се заразиле, толку пазевме, чудо едно. А бидејќи ми правеа брз тест, нели минимум 5 дена претходно треба да сум била заразена за да биде позитивен тестот?