Може и да не се изгуби. Нема правила. Готова си и ти. лесно поминал. Никој веќе не знае Ана. Секаде го има чудово. Само нека мине лесно.
Дали затнат и растечен нос пропратено со кивање и кашлица некоја може да се симптоми на корона, а сум немала контакт со позитивен?
Здраво, читам овде некои земаат антибиотик некои не. Дали може некој да ми каже кога е потребно да се зема (и дали реално е потребен, нели се користи за бактериска инфекција)? Од симптоми: малаксаност, болки во половината и грбот, главоболки, боцкање во грлото, затнат нос, слаба кашлица, тт одвреме навреме до 37.8-38 Бебе (скоро 7 месеци) вчера ми беше топло, исто околу 37.8, дадов чепче и се спушти. Ептен затнато носе има
Скоро цела недела од носот ми тече бистар воденикав секрет ама мене тоа секоја година ова време така ми е и не му дадов значење. Еве сега веќе 2 дена како истовремено и ми тече и затнат ми е, а сношти изгубив и мирис. Ќе одам да се тестирам денес. Криво ми е само што не им придадов значење на симптомите порано, имам грижа на совест. Целава пандемија многу внимателно ја поминувам, а сега вака мене ми се случи. Страшно.
Е што е страшното? Што ти тече нос? Неможеш да се обвинуваш, зашто коронава и нема некои типични симптоми. Посебно сега пеолетно време кога секој втор има алергиски ринитис. Неможеме да се затвориме дома за течење нос. Ние додека да сфатиме дека ќерка ми ни го донела вирусот поминаа 10 дена, дете си продолжи да оди во школо. Тоа е.
Не ми е страв за мене, страв ми е што не се изолирав на време и бев во контакт со луѓе од ризична група.
Па од каде да знаеш? Ајде, мисли позитивно, не значи дека некого си заразила, ако воопшто си заразна (бидејќи сеуште незнаеш).
Всушност немало термин денес, за утре закажав брз тест. Утре ќе знам со сигурно. Дај Боже да не сум позитивна, иначе ќе се изедам себе си.
Не треба да се обвинуваш. Не можеш за секое течење нос да се изолираш како што рече @Kitten Плус сега периодов има и алергии, пролетни настинки, а симптомиве на коронава во последно време се многу слични со настинка и алергиска реакција. Просто е невозможно да препознаеш освен ако не си имал контакт со заразен. Моите симптоми беа слични на настинка и ПМС. Маж ми да немаше болка во грло и омалаксаност, а на ќерка ми да не и се растечеше носот, јас немаше ни да правам тест. Оти истиве симптоми ги имам секој месец. Случајно се погоди, па направив тест, инаку немаше да знам.
Во декември бев во директен контакт со заразен, се изолирав тогаш ама не добив симптом. Сега еве не не бев во контакт со заразен или суспектен па вака, не знам. Освен од домашните некој асимптоматски да има па да ми пренеле.
Кај нас мајка ми да не се тестираше немаше ни да помислам дека е корона. Најубедлив показател кај нас беше единствено моето губење вкус и мирис паралелно со нејзиниот позитивен тест. И уште долго ме убедуваше дека кај нас не е корона, дека се заразила од продавница
Јас се уште мислам дека кај нас ќерка ми од школо го донесе. Ме чуди само негативниот тест, ама можеби касно ја тестиравме Десетина дена претходно беше со затнат нос, ама дека ова време секогаш има алергија, на крај памет не ми беше дека е корона
Антибиотик не даваат зашто антибиотикот не лечи вируси. Моите симптоми почнаа така омалаксаност,затнат нос и болки во грло. Само витамини ми даде матичната Д3,витамин ц и цинк , следиме сатурација секој ден и се намалува ме слушаше денес почетна пнеумонија и ми запиша панцеф. Само во вакви случаи даваат антибиотик..
Негативен е тестот и сношти ми отпушти и носот ми се врати и миризбата. Сигурно од што ми бил затнат не чувствував мирис.
Да ве прашам дали ви се снижува притисокот? Веќе петти ден навечер имам вртоглавици, гадење, мачнини, притисокот ми паѓа 90/50 Има врска со коронава или така ми се погодило? Јас и претходно си имав низок притисок, ама олку низок ми смета.
6ти ден од позитивен тест. 9 дена од први симптоми. По еден ден имавме температура, но еве кај маж ми сеуште трае малаксаноста, има и стегање/болки во градите. Ептен ретко кашла. Нормално ли е толку долго да траат симптомиве? До кога се пијат парацетамоли и аспирин? Не сме прегледани од доктор само еднаш ни се јавија да прашаат како сме. Кај мене остана уште чудно чувство во грлото, како стакло да ми стои внатре и ме боцка.
Вас сега ви е пикот. До 11 ти ден се развиваат симптомите, потоа се очекува оздравување. Мене ми е денес 12ден. Уште сум без енергија и кашлам. Плуќата ми е во ред, па сум само на витаминска терапија. Од прегледи доага доктор секој 3 ден да не слуша, кс правам секој 5ти ден и црп, димери се во ред. Дали некој кашлал без наод на плуќа. Ртг не сум правела, доктор смета нема потреба.