Можеби. А дали пиеше некои лекови претходно, па сега остана само на витамини? Ние земаме ц вит, д вит, цинк, селен, магнезиум, парацетамол, аспирин
Нормално е.Моиве цел месец се враќаа во нормала после тоа.Знам и случаеви каде и после 8 месеци по прележувањето ,луѓето имаат последици.Ви посакувам брзо оздравување
Иако не сум лекар, сепак сметам дека по неколку дневна кашлица е убаво да се направи РТГ. Барем јас така сум правела кога сум била болна. Ако на РТГ нема ништо, а после две три недели упорно кашлам, правам и пнеумослајд да исклучам можност за бактерија.
Дали кожни промени односно појава на црвенила како суви лишаи е знак за корона? И сува кожа? Се работи за дете, има плус затнат и растечен нос и кива.
Не знам дали била во контакт со позитивно лице. Со маски сме во школо/работа. Освен со дечиња што играше на отворено во понеделникот а тие имаа прележано веќе. Само едното нема прележано ама тоа е добро нема ништо.
Моето прашање не беше наменето за вас. Прашањето ми беше за сите што имале позитивен тест. После колку време од контакт ви се појавија симптомите
Сакам да прашам, односно потврдам, периодот на инкубација до разболување трае 3-7 денови, или можно е и повеќе?
Ако сте имале контакт со личност и после 2 дена качи темп.. и еве помина помина и недела дена од првиот контакт,, да очекувам симптоми? Претворена сум во страв
Баш на почеток на инфективен период сте имале контакт. Обично период на инкубација е околу 5-6 дена, но сепак може да биде и до 14.
Имав вртоглавици и јас, и главоболка не толку јака но ме тиштеше преку цел ден, ни со апче не ми поминуваше. Вака ми беше 5 дена. Како сте по дома? Лишаите не, но растечен нос и те како. Ќе видите, ако не ве префати и вас, тогаш не е корона Инаку и ќерка ми од некаде го донесе, има шанси и да е од школо иако се со маски.
Добри сме, фала ти на прашање. Освен моиве главоболки и притисоков глупав 12 ден од тест денес, најверојатно готово е со симптоми веќе т.е не би требало нови да се појават, сега треба опоравување. Иако ние сме веќе опоравени. Маж и ќерка се слободни од среда. Барем детево на воздух да излезе, мувлосавме дома.
Еее супер Готова си и ти Јас нови сиптоми имав до 7ми ден од прв симптом, и веќе 10от ден се осеќав добро.
Симптомите ќе траат до 14 ден, а може и повеќе. После 10 ден ќе почнат да исчезнуваат. Парацетамол пијте само кога ќе имате температура, а аспирин додека не ви заврши изолацијата и не направите крвна слика. Маж ти за болката во градите ќе треба да направи рентген.Можно е да му се спуштило на плуќа. Тебе да ти се намали чуството на стакло во грлото земи шприцај спреј Ангал. Брзо оздравување.
Имам случај каде што имаат дадено 10 дена на личност позитивна која во првите денови само ниска температура и потоа изгуби мирис . На личноста само што и завршија 10те дена излезе одма од изолација . Дали е безбедно одма да се видиме или да почекам уште некој ден бидејќи не ми е јасно како 10 дена само а имаше иаку мали сепак некакви симптоми.