Да ми се намалува многу на почетокот ми беше 97 што беше супер тоа беше денот кога дознавме дека сум позитивна.. Секој ден одам на контроли кај матичната зашто ми е овде блиску и ми беше 96,92,89 и денес 81 . Ме боцна дексаметазон и утре ртг на гради,ккс и д-димер да направам. Право да ви кажам се плашам многу (ова ми е втора ккс по ред)
Ne se plasete ke pomine ama mnogu vi padnala 81 e mnogu nisko saturacijata. Ama samo da e so pomin bidete jaki se ke bide vo red.
Јас и дека хроничен болесник сум со притисок со дијабет и малку така повише ме мава психа . Фала ви многу
Здраво, од пред 5 дена другарка ми е позитивна. Имавме контакт секој ден. Истиот ден кога таа ми кажа дека е позитивна вечерта имав температура 37,5 - 37,8. Наредниот ден се тестирав со брз тест и беше негативен. Од тогаш секој ден имам температура 37,5 -37,7. Не спаѓа повеќе од 37,4 ни оди погоре од 37,9. Денес почнав малку да кашлам, ме греби грлото. Дали може да сум и јас заразена?
Да, после позитивниот тест на другарками, кажа дека сме имаче контакт и имам решение за самоизолација. Мене ме буни негативниот тест...
Мм правеше пцр со мене истиот ден негативен. После 5 дена уште еден брз негативен. Откако го направи вториот почнаа симптомите и после една недела направи уште еден брз,тој испадна позитивен. И заглави еден месец дома. Прво како мој контакт 14 дена после за позитивен тест и симптоми ново решение со 20 дена.
Дали болките во мускули ви беја константни или со прекини,денес многу ме боли околу бутовите ама не постојано пример ме боли многу десетина минути и исчезнува болката по неколку часа повторно истото,друго ништо немам.
Пцр тестот покажува најточно од 3-5 дена од почетокот на симптомите. Направи си во тој период нов ПЦР тест а не брз тест пошто не е толку сензитивен и знаат да покажат лажно негативен тест.
Јас во кичма и карлица имав болки болеа повремено,ќе се изгуби,ќе се појави,со различен интензитет. Околу 8-10 дена Матичната на мм му рече кога еднаш направил пцр тест дури по 14 дена можела да закаже пак. Дали е така кај сите или не сакаше да се потруди да најде термин не знам.
Не сум сигурна ама мислам дека може повторно да се тестира за 3 дена од првиот тест. Прашајте друг лекар како оди.