Сме немале контакт со заболено лице, мене денес ми е 5 ден од прв симптом незнам кога е најдобро да се направи тест. Ви благодарам
Откако ќе добиеш позитивен тест ти се јавуваат од ЦЈЗ, ти прават анкета и добиваш решение за изолација. Ако немаш симптоми 10 дена си во изолација,ако имаш 20 дена си во изолација. Ако си само како контакт со позитивен а имаш негативен тест ќе бидеш 14 дена во изолација.
Најточен е PCR тестот, брзите често знаат да се лажно негативни. Така да доколку матичниот смета дека може да се работи за коронавирусна инфекција, закажете си PCR. Доволно денови се поминати од прв симптом.
Сите што биле во контакт со позитивно лице на ковид одат 14 дена во изолација, небитно дали живеат на иста адреса или не. Може на иста адреса да живеете, во различно живеалиште (стан, спрат од куќа) и да немате никаков контакт. Во тој случај нема резон да би биле во изолација.
Се согласувам со @IRBBB Кога ќе му се јават ќе го прашаат со кој живее и на кој му треба решение за изолација
Не не ме хоспитализираа.. Немаше место барем така ми беше кажано. Примав секој ден дексаметазон инекции.
Па они не гледат кој живее на таа адреса, туку со кој си бил во контакт последната недела. Со некој може да живееш во иста куќа, а да си немал контакт подолго време
Имав контакт со заразено лице . Тој вчера добил позитивен тест , а денес мене ми е втор ден со неиздржлива главоболка и омалаксаност . Кога е најдобро да се тестирам ?
Јас понеделник бев во контакт со заразено лице, тоа вторник позитивен тест јас од вчера со страшни главоболки и омалаксаност и бев денес да се тестирам
Закажав и јас , денес ќе одам да се тестирам . Едит : да се надоврзам во контакт сме од Неделата цело време , завчера тој крена 37.8 тт , вчера се тестираше и добил позитивен тест
Кај нас доаѓаа првите 4,5 дена, после се јавуваат да прашат дали си во самоизолација уште, дали е се во ред. Денес не се ни јавија ниту дојдоа. 1 недела сум во изолација, еднаш ми се јавија, а кога дојдеа само прашаа сите ли сте тука (5души од куќата сме во изолација), посебно не не бараат. Јас не сум ги ни видела.
Инаку јас денес немам никакви болки во мускулите и други симптоми и се осеќам многу добро. Ја прогласувам короната за умрено Ама, ќе си поседам уште 2 недели дома
Леле, јас имам само умрен мирис и сва среќа случајно приметив па, дигнав џева за тест. Инаку немаше да знам оти имам. На брз тест бев денес, позитивна сум. Ниту знам од кого ниту кога сум ја закачила.. 20-21 ден седиш дома?