Да, оти имав симптоми. Тие без симптоми седат 10 дена, на 11тиот им се јавува матичниот да им каже дека не се веќе во изолација. Ајде само со лесно да минеш
Не ми кажа ништо. Денес милион пати се слушнавме и не ми кажа конкретно. Вика зависи, ќе следиме ситуација. Па претпоставувам, ваљда прво за 10 ќе ми стигне решение, па после можеби ќе продолжат уште 10 ако треба толку долго да седам. Секако секој ден ќе се слушаме, ми рече ќе видиме утре, па остана на тоа. Ме чуди што никој ни од полиција ни епидемиолог ми се нема сеуште јавено.
Ќе ти се јават. Мене следниот ден ми се јавија, на некои после 2,3 дена. На решението не пишува конкретно колку дена ти трае изолацијата, пишува ако немаш симптоми трае 10 дена, а ако имаш 20, ќе добијат известување од матичниот. Исто и ти.
Имав болки во мускулите, бев малаксана и малце кашлав. После ме болеа градите, изгубив некои мириси и вкусови ама 2 дена само. Сега сум супер. Имав позитивна во куќата затоа и јас се тестирав. Дома седев со новороденче и немав контакт со други освен домашните, немаше да се посомневам дека е ковид ако јатрвата не испаднеше позитивна
На моето решение пишува, 10 односно 20 дена, зависи од симптомите. Епидемиологот по телефон ми рече да одлучи матичната. Одлучи 10, затоа што сум добра, освен губењето на мирис и вкус.
Епа ќе чекам претпоставувам ќе сум и јас 10, само мирис немам, вкус осеќам колку толку. Температура немам. Правеше некои дополнителни испитувања после тестот или ..?
После цела година дома, изгледа закачив ковид од еден ден во канцеларија заради личност која си дошла со симптоми. Британецов очигледно хара и преку маски. Симптоми, ништо, само благо покачена темп. После правам тест.. ужас.
И мене ми така беше кога побарав тест. Излезе негативен ( брзиот), а мм позитивен. Ама после ден-два ме составија сите можни симптоми и болки и температура, главоболка ненормална, кашлица. Можеби да не ти е рано и тебе ако е брзиот во прашање. Како и да е, со лесно нека е. Јас вчера буквално плачев колку мизерно се осеќав, денес само кашлам и многуу подобро сум. Се надевам ќе продолжи така, мада тоа е што не ми се допаѓа кај овој вирус, малку добро се осеќаш, па повторно ти се слоши. Непредвидливоста. Со грипот знаеш на што си, те обори и штом почуствуваш подобрување знаеш дека ти е подобро. За изолацијата доктор оддлучува. На мм даде 20 дена поради симптомите, оние полесни се 10 дена.
Вчера кога мерев имав преку 38. Денес осеќам како некоја внтрешна само ама не мерев. Првиот ден исто така.
Колку дена имаш од контакт? Моите сите на втор ден развиа симптоми, а мама на трет ден си излезе позитивна.