не се секирам за мене, за маж ми и за детето.Маж ми работи со луѓе по 100 на ден му проаѓаат, не се зарази. Јас дома го донесов.
Иста сум, ќе седам дома, ќе излезам и право оп контакт. Еднаш и фатив. Внука ми помина лесно, немаше некои изразени симптоми, само некој осип после корона доби. Ако е британскиот, а е, штом имаш веќе симптоми, наликува на настинка, ама очекувај температура. Со лесно, ќе мине
ја не сум имала температура од 2008.. До колку иде темперстурата? не се секирајте, ќе се дружам со Мицко на клиника ако треба. Туку маж ми ако качи темп, шо ќе му праам, бунца на 38
Кај брат ми до 39 со 3, едвај ја симна со парацетамол и аналгин. Кај мама варираше докај 38 со 6/7. Кај сестра ми исто, не беше висока и татко ми исто. Они имаа 2-3 дена, а мајка ми околу 11 дена.
И јас вчера 37,5 спишти и толку. Крајници ме болеа сега намали. Тт немам, мирис вкус е ок. Немам болки омалаксаност. Само вчера ми беше фактички лошо(не многу ама сепак) Немам инфо да сум била во контакт со заболен. Домашните се сите ок. Никој што сум го видела последнава недела нема никакви симптоми. Е едино детњ од градинка, ама она е супер. У пон да и вртам на матичната, така ми кажаа. И тоа со дистанца и маска секаде...
Другарка ме убедува дека со н95 маска го фати. Баш ми е жал зошто знам колку таа пазеше цела година, а исто и ти. Добро можно е да е толку пренослив? Маж се зарази со платнена маска знаев дека не штитат, ама и со овие не сме безбедни? Со лесно и со помин да е, се надевам твоите ќе немаат ништо.
Вчера откажав ручеккај свекрва ми зошто јавија за заразен на работа и за секој случај. Ме убедувше она дека е невозможно да сум се заразила со носење маска, да одиме. ете, можело со новиот вид. и н95 почнало многу фалсификат да има на пазарот така што може и тоа има врска.
И свекор ми со маска се заразе. Баш дома коментиравме колку се различни маските,неколку имаме сите различни.
Исто. Секаде сум со маска и сигурна сум дека е од работа некој. Сигурна сум дека има некој асимптоматски. Нема од каде другде да го имам закачено. Вчера не отидов на работа, пола фирма не биле..
Bas mi e zal kuklicka znam kolku se pazese od kaj ja imase kupeno maskata? Mi kazaa od medicus help bile najdobri
јас носев медицинска маска, ама заразената обична платнена што очигледно ја вадела. Како и да е, чувајте се х3 сите.
Медицинска не те штити тебе, туку околината. Само кн го штити тој што ја носи. За гаќа маскиве па ич не ми се збори. Колку да се каже маска
Многу е битно како е наместена маската на лицето, не смее луфтра да има од ниедна страна, многу често гледам носат кн да, ама маската им е голема особено ако се слабички особи, буквално пола прст има меѓу носот и маската . Доколку јас ја осетам маската лабава ја врзувам на ластиците да стегне убаво, ушиве ми трпат многу за нигде ми биднаа, ама тоа е, морам многу да се пазам. До сега носев кн95 плус хируршка одозгора, сега ќе носам по две кн95, се почесто гледам што носат по две
Крвна слика и рентген на бели дробови, супер беа. Планирам наредна недела уште една крвна слика и толку. Како си ти?
Јас освен брзиот тест ништо друго не направив. Вчера се тестирав. Можеби од понеделник крвна слика и рентген. Малку во ризична категорија сум и не паничам ама ми е малку страв. Терапија витаминска и ивермектин земам засега. И денес исто како и вчера мирис немам, вкус имам. Температура, малаксаност, кашлица, нос растечен ништо од тоа немам.
И јас сум, затоа правев се уште одма, за матичната да може да се консултира со специјалист за резултатите. Не паничи, ќе помине. Неколку луѓе ми кажаа дека тие што губат мирис порано обично остануваат со тие симптоми до крај, значи добро е. Колку е точно, не знам, ама може да те смири И јас инаку, куп витамини и ивермектин.
Далу има случаеви каде што после губење на мирис односно 5-6 дена од благи симптоми без тт да се влошува ситуацијата.