Симптоми на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Dream-Girl, 20 март 2020.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    Не се прави кс одма, на 7/8 ден од прв симптом треба
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.333
    Допаѓања:
    89.987
    Пол:
    Женски
    Порано треба.4 ден. па 7 пак
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.838
    Јас правев крвната слика истиот ден кога и тестот, така матичниот ми побара.
    Тестот излезе негативен, крвна слика топ иако чувствував благи симптоми и тогаш.

    Арно ама поради температурата и влошувањето матичниот пак ми побара крвна слика :^) која направив денес, после само 4 дена и веќе покажува инфекција и промени.
    Пример: пред 4 дена железото ми беше над границата, денес е веќе многу испод границата. :worried:
    Мене овие проверки постресни ми доаѓаат отколку самиот вирус.
     
    На Nigredo Odor, duffi, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    8.725
    Пол:
    Женски
    Дали може Пцр тест да е погрешен? Мајка ми правеше на седми ден од први симптоми и излезе негативна, а на крвната слика ниски леукоцити, многу ниско железо, покачено црп и ензим на црниот дроб, имаше покачена темпертаура шестиот ден и матичната ја прегледа и слушнала дека има спуштено на белите дробови, омалаксана е цело време, и кашла, и дадоа само Сумамед и тоа две дози да испие, денес ја завршува првата доза, и не знам дали да испие уште три или не, не ја примаат во 8ми Септември дека нема позитивен тест, а сакавме ртг да и направат.
     
  5. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај нас, после цела година максимално чување и сркаде со Н95 маска маж ми се зарази на работа. Дефинитивно не можаш да се заштиташ од вирусот.
    Дали познавате некој што бил во изолација 14дена поради контакт со позитивен и развил симптоми по истекувањето на изолацијата т.е. по 14ти ден?
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    183
    Пиши ми во приватна порака.
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Не знам, матичната ми побара. Немав и уште немам симптоми, се тестирав заради контакт.
    Во секој случај ќе правам уште една за неколку дена, така и планирав :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    Да, може да е нег. ако е лошо земен или ако е земен рано. Нека направи уште еден ако може. Има ренген во Толовски за 1000 мкд.Знам дека не се малку пари, ама ако не ја примаат :(
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Сигурно е лажно негативен бидејки сите промени на крвната слика и плус симптоми укажуваат на ковид. Нека го повтори тестот. Имаа случаеви каде имаат по 2 негативни теста и на крај се докажува со трет дека се позитивни. Матичната нека ви даде упат за ртг на бели дробови не мора од 8ми Септ.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    766
    A ovie sto davaat resenie za izolacija kasnat ili ?
    I dali po davanjeto na resenioto doagjaat da proveruvaat?
     
  11. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Да не ме разбереш погрешно, гледам два пати прашуваш дали доаѓаат во контрола. Се надевам не планираш да излегуваш бидејќи не е важно дали се проверува или не кога мора да си дома.
     
    На Принцезичка1, neno0o, saki13 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Нас веќе 3 пати не проверуваат. И како што кажа членката погоре тоа е најмалку битно. Најбитно е да не заразаш некој за кој вирусот е смртоносен а тоа единствено ќе го постигнеш со самоизолација. Не е поента да "избегаме" да не не фатат
     
    На Принцезичка1, KuklickaSk, Angel06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.377
    Допаѓања:
    120.365
    Пол:
    Женски
    Што толку ви паѓа тешко седење дома, 10, 20 дена колку треба? Дали сте вие нормални, што сакате да излегувате. Се надевам дека грешам, ама се ми изгледа дека прашуваш за да имаш оправдание да излезеш.. Аман бре луѓе година дена се бориме со ова и кој знае до кога ќе се бориме. Аман свестете се. Вие може на нога да го поминете ама тој од вас што ќе се зарази може и да умре.
     
    На Принцезичка1, KuklickaSk, Angel06 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Без мелодрама.
    Ако цела Европа решила дека треба да затвара и крши граѓански права, не мора да значи дека е тоа исправно и дека сите треба да страдаат. Па, згора на тоа уште да чувствуваат вина ако го "пренеле" вирусот.

    Фактичката ситуација е таа.
    Вирусот циркулира веќе полна година, мутира, и скоро и да не постои личност која не го прележала или нема да го прележи. Дали симптоматски или асимптоматски, не навлегувам. Битно - нужно зло е.

    Према тоа, поентата е дека немаат сите роднини, пријатели, соседи за да им носат храна и купуваат лекови дур се они во изолација.

    Некои мора и да работат за да не се доведат во ризик да бидат отпуштени два месеци после долгата изолација, и воедно мора да купуваат намирници бидејќи немаат 2 000 евра месечен приход за да може да си дозволат онлајн нарачки.

    Прифатете дека не може да биде сѐ онака како што сте замислиле, првенствено бидејќи меркиве во цела Европа не даваат апсолутно никакви резултати на долг рок, вклучително оваа апсурдна изолација која само дотепува на психолошки план, и ги вади на површина сите дупки во здравството во неорганизирана држава како нашата.

    П.С. Журките се проблем ама преполните автобуси ич. (fingers)
     
    Последна измена: 13 март 2021
    На christinnn, Kitten, BloodElf и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Кај нас месец дена ни се јави полиција,ни дојде .
    Можеби затоа што уредно се најавуваме ние кога излегувавме за здравствени потреби.
    Сепак бидете одговорни, се зборува дека до 10тиот ден можеш да го пренесеш вирусот,воздржете се и носете по две маски.
    Кукличка со лесно нека е:*
    Ти ја разбирам нервозата и јас пазев ама друг не пазеше,тоа е што е ,нека помине што побрзо.
     
    На Принцезичка1, KuklickaSk и Angel06 им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    40.564
    Пол:
    Женски
    Ги вади дупките во здравството ама исто така и во однесувањето на луѓето.Навистина не е за оправдување некој да се шета со симптоми и да се понаша како да е сам на светот, а од друга страна да бара одговорност од власта.
     
    На Принцезичка1, KuklickaSk, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.377
    Допаѓања:
    120.365
    Пол:
    Женски
    Мојот пост се однесува конкретно на оние кои треба да се во изолација а сакаат да си се шетаат зашто не ги проверувале!! Читај прво па после реплицирај.
    За меркиве цел свет се бори како знае и умее. Пандемија е од светски размери!!! Нема упатство, се решава во од.
     
    Последна измена: 13 март 2021
    На Принцезичка1, SkarletOHara, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Граѓанско право имаме до момент кога не наштетуваме на други. Исто е и со говорот на омраза vs слобода на говор.
    Оф топик ама не се сложувам дека е оправдување сето ова. А поготово кога одредени ликови не излегуваат од мака и потреба туку од аздис и себичност,да бидеме реални.
     
    На Принцезичка1, Spidy, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.377
    Допаѓања:
    120.365
    Пол:
    Женски
    Болдот (y). Еве јас живеам со мајка ми, не дај боже да фатиме ковид, кој ќе не носи по прегледи? Среќа има домашни посети, и фала богу можеме да си дозволиме, ама многу немаат тој луксуз. И сега некој што не може без журка, и без кафани ќе зарази некој кој ем нема никој а бема ни пари да му доашаат дома.. Себичноста на народов излезе на виделина.
     
    На mal.ecka и LaTama им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Oдговорност од која Власт? Оваа која не набави навремено вакцини, и откако сите скандали излегоа во јавност за неполни три дена се повлече со изговор дека ,,не се вистина"?

    Mхм, зборувај ми за тоа како е чика што купува весници во локална трафика виновен за ширењето на пандемијата, а не Власта која не мрда со прст за благовремено да се набават вакцини и да се намали степенот на полуција која е огромен проблем во случајов меѓудругото.

    Па, не се однесува само конкретно на тие што сакаат да шетаат.
    Биди објективна. Ако ти имаш пари за дневни посети, обична раја нема.

    А, околу журките...
    Нема врска муабетов. Ти го стави тоа ад хоминем во дискусија, поради недостаток на аргументи.
    Прочитај си го првиот пост каде што со осудувачки тон се обраќаш до сите на кои не им се седи дома 20 дена, неземајќи ги првично во предвид луѓето кои не можат да си ја дозволат таа комоција.
     
    На fana, christinnn и Dandra им се допаѓа ова.