Симптоми на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Dream-Girl, 20 март 2020.

  1. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Токму така. Никој не верувам дека за потреба ќе направи проблем,знам дека се јавуваат во полиција и пријавуваат,а верувам дека сите имаме барем еден човек што би ни помогнал.
    Едно е да се заразиш и да пренесеш ненамерно,а друго е со цел памет болен да шеташ и да шириш.
     
    На nena2010 и LaTama им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Досега не сретнав јунак што признал дека сам е виновен што се заразил. Секогаш некој друг бил "неодговорен и не пазел".
    Или може ниеден од неодговорните не е член на Фемина (скраја биле) :D
     
    На John Snow, mareane и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Не си ме читала изгледа, ама јас си пишав дека се заразив поради тоа што ја тргнав маската и си имав подолг контакт во затворена просторија.
    Никој не ми беше крив, ако бараме виновник, тогаш јас сум си сама виновна.
    А и зошто бараме вина?
     
    На crimson, Autumn Love, Angel06 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Дали тестот на приватно, заедно со крвната слика би се важеле на државно за прием, или ако се влоши за инфузија?

    Ми треба повеќе инфо околу тоа каде како и колку чини тоа да се направи. Ве молам ПП.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    Нена,без разлика дали сте во изолација или не, за медицинска потреба може да излезете. Без разлика дали е одење за тест, крвна слика, аптека, или преглед во болница.
    Е сега што некои одат во банка, по институции, во трговски центри е проблемот.
    Маж ми е во банка, буквално има луѓе кои сами си кажуваат дека дошле да завршат нешто им пред да им стигне решението. А реално нема услуга во банка што не може да почека или да се направи електронски.
     
    На mal.ecka и Angel06 им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    Се важи тест од било каде за преглед/прием на државно. Ама за на државно преглед доволно е позитивен тест и упат од матичен, крвната слика нема да ја земат во предвид зошто они прават нова.
    Тест на приватно најефтин е во биотек. пиши ми лп ако те интеррсира нешто повеќе.
     
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.771
    Допаѓања:
    40.559
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра.Секако дека поголема е одговорноста на власта да направи се што треба за да се избориме со ова и во право си за пропустиве што ги напиша.Имам пишувано и претходно дека не може своите грешки да ги оправдуваат толку лесно.Поентата ми беше друга, тоа што голем дел самите имаат премногу лабав однос кон пандемијава, ама од друга страна кога ќе се случи нешто, секогаш одговорноста е на друг.На пример, не може некој да ги прошета сите журки во градов, а потоа кога ќе се влоши ситуацијата да се жали зошто властите не ги спречиле тие журки.Многу луѓе се контрадикторни и лицемерни и не се ни свесни за тоа.
     
    Последна измена: 14 март 2021
    На Angel06 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Може си пишала, не памтам. Ама единствена си тогаш, сите други вината ја префрлаат на некој друг, и мене не ми е јасно зошто, а тоа е многу иритантно. Факт е дека секој од некого ќе закачи, што сега ќе се правдаме и обвинуваме. Како деца во градинка.
    Еве јас кога ќе го закачам од некого, однапред кажувам дека јас ќе бидам виновна. Ни во лудило не би ловела виновници, ниту чувствувам потреба дека ќе мора да посочам со прст некого, за јас да се оправдам пред себе и другите.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.366
    Допаѓања:
    120.333
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk нема нешто денес не може да се заврши електронски особено во банките. Друго е што не знаат да користат електронски услуги. А и нека не ми се правдаат, со симптоми без симптоми со позитивен тест нема ооравдание за шетање освен до доктор.. Бар во Скопје имаме толку поволности, од онлајн нарачувања од маркет, до аптеки до се.. Ве молам. Имаш симптом, изолирај се, седи дома не шетај по луѓе.
     
    Последна измена: 14 март 2021
    На KuklickaSk и Angel06 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Види, виновен си кога сам знаеш дека си во ризик и не носеш маска, но исто така не е во ред кога максимално пазеш и на крај мораш на работа, а таму има лица кои доаѓаат болни, не носат маска, или носат, ама ја вадат, не носат правилно и шират зараза. Тие се неодговорни и виновни.
     
    На andrejko82, Sofi.ja, Angel06 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Свесна сум дека и неодговорните и одговорните на крајот од денот ќе се заразат. Искуството тоа го вели. И се помирив со тоа, за да не ми се полни душата со осуда и страв за себеси и моите блиски.
    Значи не се работи за месец, два, три . А еве и докторите велат дека дури и вакцината не спречува да се заразиш и да ја прошириш заразата. А може да спаѓаш и во оние 10-20% кај кои нема да биде ефикасна, и пак да завршиш во болница со тешка слика.
    Кога ќе ја погледнеш поголемата слика, ќе сфатиш дека не можеш до бесконечност да бегаш од вирусот, еден ден ќе се соочиш со него, па не знам каде и да си, колку и да се штитиш.
    Што секако не значи дека треба самите да си ја бараме бељата, ама треба да го прифатиме фактот.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Дали матичната ви закажува за испитување на антитела?
    Каде на приватно во Скопје може да се проверат т.е која лабораторија е најверодостојна?
    Може ли со капиларна крв да се проверат антитела? За ќерка ми прашувам, би ја заштитила од вадење крв од вена ако не мора. Ептен трауматично и е тоа :(
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.845
    Допаѓања:
    186.327
    Само да кажам, мислам дека ви е рано уште. По некоја недела подобро.
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Секако ќе ја прашам матичната, само за консултација ми е прашањево
    Инаку, јас сум 19 ден од тест. Уште еден ден изолација и после фрееее :D
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.845
    Допаѓања:
    186.327
    20 дена?:o
    Зошто толку долго, што си фатила, енглез или африканец?(колку ова погрешно звучи:tmi:)
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Енглез изглеа :D Епа, 10 е без симптоми, а 20 со. Јас имав симптоми, благи додуша, ама пак имав. Затоа 20 дена. Ај, барем се одморив дома ;)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Па од порано е 21 ден за тие со симптоми. И ние во ноември толку бевме, поточно дури се тестира мм цел месец фати. :D 10 дена за асимптоматски случаи, 14 за тие што се во контакт со позитивен.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    20 е, не 21. Да бидеме прецизни ;)
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.522
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Ние ко бевме 21 беше, сега може имаат намалено :D многу значи еден ден ко ќе чекаш решение за надвор. Обично и доцнат некој ден, мм нареден ден од ко требаше дури го избришаа од систем.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.183
    Допаѓања:
    16.415
    Луѓе, Н дали ми е од премор. Два дена со роба сме.
    Се осеќам омалаксано.
    Секој мускул ме боли и грлото.
    Имам вкус и мирис.
    Нз дали е корона.
    Каде треба да се проверам?
    Колку пари е тестот?
    Што треба да испитам.
    Иначе сум во Ск.