Ништо, за сега. Неколкумина се позитивни од скоро. Мислам една 50 годишна жена дека помина и со ниска температура. Не велам дека симптомите се лесни кај сите и дека не е страшен вирусов, само ми дојде чудно како баш тој симптом го имаа сите.
Па ако ја земеме реалната слика, и настапи масовно тестирање, со мртви починати од корона, а не СО корона, тогаш процентот е под 1, така да не само според мене
Девојки помагајте, при огромна паника сум веќе неколку часа!!! Од вчера пијам антидепресиви (elicia или elecea, не го памтам името). Вчера и денес сум омалаксана, имав некој тип дијареа и отежнато дишење си имам често од панични напади (имам депресија). Е сега можно е а сум имала контакт со заболен (ако има тој имам и јас, но не се знае дали тој има). Се трудам да заспијам и на секој неколку минути добивам нови идеи... Пред малку сфатив дека се тресам од студ со зимско ќебе, подоцна ми текна на симптомите кои нели се од апчињата... Дали е можно да е корона? Мислам можно е, но дали има врска со апчињата? Вчера и денес пиев четвртинки...
ДИШИИИИИ!!!! Длабоко и бавно, само диши и пробај да се опуштиш. И јас сум на антидепресиви со страшна анксиозност и панични напади кои се влошија многу последните 3-4 месеци од пандемијата. Бев и во контакт, т.е. зборував на 1м далечина со заболен без маска, го држев кучето негово, и паничев вака. Ако постојано мислиш на тоа телото ќе почне да ти ствара симптоми. Сум имала симптоми на срцев удар, корона, тромбоза... бев да се тестирам два пати у 4 месеци, два пати негативна а со кашлица створена од психата. И тоа уште кога немаше регистрирано случаи во мојот град, дезинфицирав ко луда и не се дружев со никој. Имав температура 37-37,5 месец ипол, ништо не покажа на испитувањата. Психата е чудо. Матичната мисли дека сум го прележала одејќи оти во јануари бев многу болна со висока температура и 2 недели ми беше изгубен осетот за мирис и вкус. Само смирено, не се оптоварувај. Пиши ми слободно ако ти треба некој совет и морална поддршка, никогаш не e лошо да се зборува со некој што разбира низ што миниш. Anxiety sucksssss
Благпдарам многу. Вчера така паничејќи мерев температура и имав 37,1. Утрово прва работа пак мерев и имам 37,2. Сега уште поголема паника имам.... Се надевам дека е како што кажа до психата. За мене не се плашам, и вака и така (посекако ми е смачено од ситуацијава), ама пред 2-3 дена бев кај баба ми и дедо ми, другиот ден и со другите баба и дедо имав контакт.... Па и дома на секое се гушкам со сестра ми, а тука е и мајка ми. Најмногу ова ме плашит... Ама ќе се тешам ете дека е на психата, не излегувам од соба и ако температурата се влоши ќе барам матичен. Тоа е тоа мислам...
Сега почнав да ја земам. Психијатар ми ја препиша, но депресијата ми е скоро 1 година. Немав храброст да појдам до сега.
Напротив воопшто не можам да заспијам, земам и мелатонин ама џабе. Сега се плашам за коронава... И кажав на мајка ми преку телефон пред малку, не знам како а изреагирам. Дали има некој со симптоми што седел во самоизолација, а во домот со семејство? Како одел во тоалет, како јадел...? Ве молам за совети!
На пријател мајка му беше позитивна. Спиеле со татко му на петтсоед, еднипт на едната, другипт на другата сѕрана. Во иста соба кафе пиеле, нормално на растојание. После секоја употреба на тоалетот а и на други предмети дезинфекција. Жената освен мирис и вкус, и ден-два 37.2-3 тт немаше ништо, додека пријателот и таткото не беа тестирана, ама немаа ништо, никаков симштом, така да веројатноста дека биле позиривни е мала. Знам о други случаи каде само еден во семејството бил позитивен
Ќе седам в соба барем до задутре додека не ги добие резултатите лицето што бев во контакт. Ако нема тој, немам ни јас. Сепак фала многу, некако посмирена сум. Фала многу, ми значи ова. Се осеќам некако полесно. Дај боже кај сите со лесно да поминува и да си оди како што дошло.
Дали главоболка и премрзнати стапала се симтоми? Мајка ми нешто се жали од синоќа, иако веќе не и е ладно, а и главата и помина со апче.... Со неа последен пат ње видов пред 6 дена и тоа на отворено, не бевме блиску, ама ете паничам со мало дете...Од сабајле се тресам цела
Главоболка е симптом, а ладно може да и 'е од температура. Сепак има и многу други симптоми. Дали е омалаксана? Не се грижи, не мисли на најлошото. Се надевам дека ќе поминува со лесно... Инаку не сфатив, дали ти си позитивна на вирусот?
Неее, ми е страв таа да не е, а бевме во некаков контакт 15тина минути надвор, пред 6 дена. Ништо друго не осеќа.
Па доколку ти немаш, нема врска што сте имале контакт. Дали била во контакт со заболен? Излегува често надвор?
а, мајка ти имала ли контакт со некој позитивен? И мене вчера ми смрзнаа нозете зошто цел ден бев боса и вечерта застуде..излегов, свртев некое кругче и ми се загреаа.