20 е, така ми пишува во решение. Јас не планирам да чекам да ме избришат, матичната ми рече дека ќе ми даде потврда и ќе ја однесам во полициска станица. Оти ако ги чекам, сега како што е гужва Искрено, ми фали шетање и воздух, црвјосав дома. Јас ја разбирам потребата за изолација, ама истата никако не придонесува за побрзо оздравување
Само на приватно антитела. Само пресветите од болнички персонал добиваат упати за на државно да испитиват во некои колективни испитувања. За нас другите, приватно.
А каде на приватно? Имаш инфо каде се најверодостојни? И после колку време од тест е најдобро да се проверат?
Сабота 6 март бев во контакт со лице кое вчера - 13 март се тестираше позитивно. Вчера се видовме на отворено на дистанца. Колку време да чекам за симптоми. Сега за сега немам ништо. Неговата сопруга и деца се без симптоми.
А најверодостојни каде се? Гледав во Биотек имаат пакет за антитела плус ддимери, црп итн за 2700. Ок ли се?
Биотек Игг антитела се 600 ден. Игг се формираат од 14 ден на симптоми натаму. После 20 ден ќе се покажат.
Биотек, Авицена, Синлаб.. цената е околу 2800 ден на приватно. Ако имаш симптом јави се на матичната да ти закаже во Скопје државно. Ако си работела со маска може да ти е од тоа грлото.. ама сепак и јас би се проверила во ова време.
Мене всушност само Игг ми се доволни, така. Игм беа атнитела за акутна инфекција, а ИГг за мината, нели?
Да, само ИГг ти треба. Ете биотек е значи најефтино. Систина е 1200 Игм и Игг заедно. Крвна слика прави си редовно преку матичен.
Ај и овде да пишам за повеќе мислења. Во саботата почнав да кашлам. Од вчера ми е затнат и носот. Пиев риностоп овие 2 дена но нема никакво подобрување. Дали да и звонам на матичната да видиме за корона тест? Да напоменам дека во четвртокот бев на средно Водно, може да е и настинка.
Јас се слушнав сега, иако сум ок, само шлајм малце плукам. Вика ај утре ќе видиме седи дома сеа за сеа... Тт не качив пак само еднаш шо имав 37,5.. Мирис вкус ок, дишење ок, болки во мускули немам... Не сум у можност сега за приватно тест. Не сум паметна што да правам. Дете не пуштив во градинка од страв.
Трети ден од симптоми, уште се немам тестирано. Тт 37.5-38.2 сува кашлица, со попатно исплукување шлаем. Сатурација 95-96, кс немам направено бидејќи уште е рано... Навечер знае состојбата да се влошува, тогаш тт оди до 38.2 па и кусур. Течности пијам многу, овошни шејкови исто. Болки во мускули и малаксаност немам, но кашлицата и температурата ме загрижуваат. Сабајлево почнав со ивермектин, па ќе видиме до каде ќе се оди, и така... Чувајте се луѓе, многу лесна и брза е трансмисијата со Британскиот овојпат. Јас буквално две години немам настинато воопшто, и тамам мислев ми се опоравил имунитетот, се случи ова. Мајка исто тт на граница 37, а кај неа е секогаш 36... Многу лоша работа искрено и само се молам месецов да го поминеме на нозе.
Татко ми имаше контакт со заболен пред 15 дена, што значи долго бев изложена на вирусот. Инаку термин за тестирање на државно ми рекоа нема.
Ke pustat za utre za brz test, od den za den pustaat. Proveruvaj na moj termin, uste nema pusteno sega vidov. Inaku za pcr imas za 3 dena vo Kumanovo kako najblisku.
Јас четврти ден од симптоми, само мирис и вкус немам, друго се ми ок, се надевам така ќе остане, чекам уште некој ден да направам крвна слика, ококу шестиот, седмиот ден од симптоми најдобро било. Освен витамините, ништо друго не земам, само не знам со ивермектин дали да почнам или не. Со лесно нека минува кај сите.