А добро што е фората што не пуштаат со тестирање? Пријатели се со тт од прениска под 36 до нагло качување над 38, уште не ги праќаат за тест. Што е фората? Да одиме приватно? Еве и ако ми каже не си за тест? До кога да седам дома, како ќе сум сигурна дека нема на душа да носам некого. Колку дена од последен симптом, и кој е последен симптом да речеме?
Колку време ви траеше високата температура? Татко ми веќе 7ми ден е со 38.5-39.5, понекогаш му се спушта ама брзо качува. @Angie1432 Сестра ми е со главоболки. Од вчера почна да ја боли и на кратко качи 37.2 ама брзо ја симна. Денеска се тестираше и е позитивна.
Оф Боже, многу долго е тоа. Сестра ми засега нема ништо освен тоа што пишав, мајка ми на почеток беше како јака настинка и брзо почна и да кашла ама кашлање што да ви кажам. Се уморува едвај збори. Татко ми висока температура и кашла. Сите тројца различно.
Не знам зошто со температура не ве пратиле на тестирање. Како и да е, 10 дена се седи ако си без симптоми (ако се сомневаш дека си заразена зашто без тест не би знаела), а 20 дена со симптоми. Е сега, ако работиш и ти треба решение приватно мора, нема друго.
И кај татко ми беше иста ситуација, него му траеше 10-11 дена и беше тотално исцрпен, па го примија во болница, имаше и бронхит. Таму со инфузии се опорави. Среќа тогаш што не беше толку лоша ситуацијава, па имаше место во болница.
14 дена може да има температура. Нека пие со сила течности и по 2 парсцетамола одеднаш. Исто така, физичко ладење на тело и електролити нека пие.
Мене точно пред една недела ми се воспалија синусите, а наредниот ден немав мирис и вкус, мислев дека е од нив, ама најверојатно не. Еве денес една недела, дури сега ми се вратија вкусот и мирисот, имам затнат нос, ама некако чудно затнат и главоболки, како пулсирање. Не се тестирав, само се изолирав, планирам да испитам антитела откако ќе ми пројде.
Татко по втор пат добива негативен тест...А, крвна слика, наод и пневмонија укажуваат на ковид. Зошто така, дали се веродостојни PCR тестовите? П.С. Утре ќе ми биде 4 или 6 ден од симптоми. Дали може утре да направам, дали би бил веродостоен?