Не го тестирам, само носот е, не кашла, нема температура. Седи дома, не го пуштам на училиште. Јас немам ништо, ни па маж. Он од петокот е ваков. Може и бактеријата пак да му е. Побрзо да оздравете и вие
Дечки, секоја настинка ми била вака, баш со вакви симптоми... Закажано ми е тестирање на 20. Тоа ќе биде 8 ден од први симптоми, па искрено не знам колку ќе покаже точно. Во секој случај, татко имаше два негативни теста, плус и други вирози хараат периодов. Бар така се тешам, па ќе видиме.
Оди ако сакаш тестирај се, само мислам џабе ќе ти е. Јас на твое место за еден месец би проверила антитела
Знам дека е џабе Ана. Ти пишав и првиот пат, знаев дека ќе испадне вака. Како и да е, секако за еден месец планирам да проверам IgG па, ќе ви пишам. П.С. Не се тестирајте во биотек, бидејќи имаат толку бесконечни процедури со пријавување и зимање податоци што е крајно мрцварење. Најдобро е во synlab. 3 000 денари е, ама барем ви излегуваат во пресрет истиот ден, без малтретирање.
Колку е точно дека ковид позитивните пациенти имаат намалени леукоцити, за оние со бактериска инфекција зголемени леукоцити?
Кај Ковид, на почеток обично се нормални леукоцитите со тоа што е намалена лимфоцитната фракција. Со влошување на болеста растат леукоцитите.
Завчера испитав антитела во биотек. Не закажав, дирек отидов завршив за две минути. Во расадник кисела вода
А може е веќе и различен вирус? Измутира доста чудово. Имаше проверено антитела претходно? Инаку одговор на твоето прашање нема, никој не знае дали ќе поминеш полесно, зависи тоа од вирусот и твојот имунитет.
Па јас мислам дека пред една год го прележав, само непознато беше кај нас само што стигна и како грип ме водеа а изгубив вкус, мирис, темпер. сите множни симптоми. А сега само омалаксаност и главоболка имам, брзо се заморувам.