Женски, главата веќе трети ден ме боли многу, цела глава ме боли по цел ден.Се осеќам како да ме сече внатре.Прво мислев на тумори глупости, па после промаја дека ме фатила. Ама вчера мерев температура 37,1 (а прв ден од овулација ми беше ако значи нешто ако може да се покачи тогаш) денес пак главата ме искорна, немам воља за ништо три дена по ред како убиена сум. Пред саат време мерев температура, 37 рамно имав. Дали имам простор за паника? А и да, периодов некало многу се задишувам.Ако одам и зборам паралелно едвај до воздух доаѓам.. Што да правам?
Појди си кај матичниот нека те преслуша, прегледа, крвна слика ако треба, сепак докторот си е најмеродавен.
А да одам да се тестирам приватно директ? Не ми се влага по амбуланти. Плуќата ми свири и онака, пушам цигари како луда.Ќе чуе шлајм..вчера пиев чај од бел слез да се исчистам демек малце
Побарај брз тест од матичната. бтв ја негативна и на пцр излегов.ќе видиме антитела за 1 месец. Којзнае шо е ова.
Тем од 37 до 37.5 4 дена, затнат нос, болка во грб, мускули и главоболка. Ништо страшно, ама брат ми, тетка ми, братучедите, сите вака пројдоа ковид, а и маж ми качи два дена над 37, па останувам во изолација (секако од дома работам). Брис два пати ми земаа само од нос, може и тоа има врска. Којзнае веќе што да мисли.
Има, има... зошто за ПЦР не ти зеле о пд грло брис? А за брзите само од нос земаат, тоа во ред. Што и да е, само нека минува со лесно.
Гадење и болка во грлото се симптоми? Имав контакт со близок во неделата, денес кажа дека имал симптоми, не е уште тестиран. Јас од понеделникот имам болка во грлото и се осеќам омалаксана, а вчера и денес многу ми се гади. Температура немав досега, ама моментално се осеќам како да кревам. Ако не ми помине секако понеделник одам да се тестирам, но сега сакам да знам дали да се изолирам од моиве. Пошто досега имав само болка во грлото и омалаксаност, не обрнував многу внимание, мислев сум се преладила.
Да, и пцр од нос само. Малото само диареа имаше три дена, што е исто чудно за него. битно добри сме, па што е нека проаѓа.
Ќе биде добро. Ние кога имавме му давав Виранто форте вит ц,д3 и пробиотик. Јас знам дека пцр е нос и грло,мене така ми земаа,да не утнал матичниот да закажал за брз тест?
Уште едно прашање. Знам дека ќе ја треснам најголемата глупост на светов и изгледам ко најнеинформирана глупача, али.. Од кога имав контакт со потенцијално заболениов, одма после тоа (може 2часа) имав контакт со другарка, ептен близок контакт. Прашањево ми е дали може за толку време вирусов да се развие во мене и да и се пренесе неа? Чувствувам грижа на совест, иначе нема никакви симптоми таа.