Да се цитирам, само што ме известија за резултативе. Позитивна сум, се надевам дека се ќе биде во ред следниве неколку денови.
Да, вчера, чекам резултати во секој миг Денес осамнав без вкус, а и мирисов нешто ми е, не знам, нешто е чудно Некои работи имаат вкус, на пример, луто, ама друго не. Изгрицкав две чешниња жив лук за проба, ништо не сетив Вие како сте? @IronLady со лесно, се собра екипата и тука
Ова е изгледа британската сорта, чим вака брзо си изгубила мирис и вкус. Многу сме royal. Јас веќе ја осеќам круната на глава 11-ти ден.
Јас пред 1 недела сфатив дека и вкусот ми отапел кога на сестра ми и реков дека ја направила најгрдата супа досега што сум ја пробала истиот ден додека чекав резултати од тестот. Ниту беше солена ниту имаше вкус на супа. @Elisabeth Сабајле пробав со нес кафе и млеко и подобро е за разлика од турското.
Еве ме, како падобранец, да прашам- оксиметар за на прст постои или има некој друг подобар? Јер овде сме ,,секој сам за себе,, за недај боже, да се има. Со помин @Doozy
КАМ! Или ДМ! It's okay to laugh Едит - @Antolinaa јас сабајле земав да јадам, и викам аууу тонусов, како картон, го измелезиле... земам друго, викам што е бе ова, ич не е солено? И кога ми текна после...
Jas dobra sum so miris i vkus sve jadam mirisam samo kaslanjeto sega malku mu e po intenzivna i nosot zafaten drugo nisto sega za sega daj boze vaka da si terame posto me faka nekoja si panika od vreme na vreme
@Doozy и останативе заразени, не видов кои точно, со лесно. Само позитивни мисли, терапија на време и се читаме за една недела, да се фалите дека лесно сте поминале.
За на прст имам. И на болница кога бев со таков ми мереа. Чај со ѓумбир, мнооооогу вода и не се залегнувајте. Креветов само за спиење го користам. Се прередив, преместив уште паркет што не сменив во собава и молер што не станав. И курсеви на Udemy изнакупив. Да потрошам платата де некаде.
Баш ќе пробам и јас со нес, ама ми фали турско, кога не осеќав барем пиев некако, сега не го бива ни горко ни со шеќер ни никако, до кога ќе биде вака не знам. Со лесно на сите нови Насекаде позитивни овој период, како сме тргнале нема да ни требаат вакцини И за британецот или не штитат маските или не чинат тука и не се со сертификат зошто и мојот контакт беше краток и со Н95, ама џабе.
@Elisabeth И мене ми фали. Баш и кутијата со кафе ја душнав сабајлево и бев . Мислам некој имаше пишано за краставици јас па, се удавив во краставици и таратур. Околу маските, мене работата ми е 70% надвор на отворено. И со кн95 маска бев и ја вадев само за јадење и пиење. Едино што разбрав за позитивни контакти а, да сум се сретнала со нив е еден ден пред јас да развијам симтоми. Што не ми е верно дека после толку краток период може симптоми да се појават. Така да појма немам кај сум се заразила, освен нели ако сум специјален случај што ден после контакт пројавил симптоми.
Не го форсирај за храна, давај му тоа што сака да јаде колку да не биде празно мешето. Еве моево 5 години четири дена беше само на чоколино, ама денес почна да бара сам компирчиња и мевце, му се враќа апетитот. Течности е важно да пие тоа форсирај повеќе. Моево и цеден портокал со лимон и многу мед пие и витамин ц, витамин д, мултивитамински сируп и цинк. Ама вие сте помали, сигурно ви кажел педијатарот кои витамини треба да ги зимате. Температура има? Со лесно и брзо да поминува кај сите.
Со лесно Ќе помине Па после долго време се немам активирано на форумов и нормално ако веќе се активирам бар да биде со стил