Вака сега сверкор ми и свекрвами болни една недела со омалаксаност поспаност и нормално не јадење едвај нешто на сила.. пиеја кафетин колд за настинка и тајлорхот... околу три 4 дена и ние одевме кај нив во соба.. јас одма почувствував омалаксаност и болки во телото пошто од пиење 1 ден тајлорхот и мачкање со лута маст си дојдов во нормала... денес беа на доктор за прв пат и им дале вит с д3 и незз какви др апчиња и им рекле во четврток за корона тест... ние со децата и мажми целосно се изолиравме од кај нив значи на посебно сме но денеска паника ме фака пошто треба да прават тест а бевме у контак и си стварам некој симптоми од страв... што мислите дали да си испитам крвна слика или што..
Температура имаше 2 дена,ја симнавме.После тоа апетит снема,и 2 пати поврати.Денес не повраќа,ок е,ама никако не јаде.Му давам тоа што сака да,на оброче јаде околу 60 гр и толку.Млеко пие кога сака.Многу ми жал,не знам дали ќе му се врати апетитот,што убаво си јадеше претходно.Дали вашето кашла?
Еве и јас да се пријавам со симптоми денес. Не знам дали е од вирусот, ама.. Температура 37.5, болки во грло и мускули, омалаксаност... Вчера и завчера, болки во желудникот, грчеви во стомакот (макар што, тоа и од претходен стрес можно да ми е, а и рефлукс гастритис имам). Плус, треба да добијам. Весело ќе биде Се јавив кај матичната, ми рече рано е за тест. Само Аспирин ми уклучи, повисока доза на витамин Ц. Денес дека осетив паднат имунитетот, си купив од Др. Волц имункомплекс. Ќе видиме утре каква ќе ми биде состојбата. Се надевам добра. Се напив Фервекс, спадна на 37 сега. Не се сеќавам од кога не сум била настината. Едно лето пропуштив море и клапнав Не сакам ни да паничам.
Ве молам кој знае нека каже каде се вршат амбулантни прегледи за позитивни од корона? Знам дека во жан митрев има ковид амбуланта,но дали има на државно негде?
Од причина што стануваше збор за 8-ми ден од корона, и имаше покачени д-димери, како што пишува во резултатот на фотографијата која ја поставив кога прашав за терапијата.
Поткашлуваше по малку, ама гнојна ангина закачи он, на атибиотик е и поминува веќе. Крвна слика правите ли?
Јас одам во 8ми Септември , таму во инфективно и има тријажен центар за позитивни од Ковид. Земи си упат од матичен или електронски нека прати упат , ако нема здраствено имај си доказ дека пациентот е позитивен и бесплатни се прегледите .
Д димерот сам по себе не значи ништо. Немаш на резултатот времиња на коагулација? Терапија најдобро да одреди трансфузиолог, не матичен. Инаку Ксарелто ги даваат како замена за клексани, според мене не е баш наивен лек.
Ја втор ден од први симптоми, без резултат од тест. (по препорака на матичните) И денеска контрола на крвни анализи и плус како првично Ртг снимка ( 6ти ден од први симптоми, 2 ден од позитивен тест по препорака на матичните исто)
Димерите на првата крвна слика пред неколку дена ми беа добри, само железо ниско и седиментација висока. Нови симптоми се тоа што кивање, затнат нос, поткашлуање саглам. И плус грчеви во делот на дланките и стапалата. ТИ како си?
Фала на одговор и на свекрвами ома дадено од овие апчиња па незнаев зошто се.... сеуште немат направено тест за корона
Сега читам за пост ковид тромбови се стварале инпосле неколку месеци.Ќе се откачиме ли од чудово некогаш зарем треба секој месец ддмери да проверуваме прележаните и да живееме во страв?Ова веќе излезе од контрола ...