Јас денес станав со болка во грлото и се осеќам како да иам тем, а немам. Вчера де шетав во фустанче,а беше многу ветровито па сигурно сум измрзнала малце, колку што знам не сум имала контакт со заболен, а и последнава недела скоро со никој не сум ни имала контакт, дома сум цело време освен ете вака прошетка ама сама бев, мислам дека немам место за паника, м?
Нонстоп се осеќам така топла, со месеци уназад, што од хормони, што од психата, а грло обавезно ме подболнува кога јадам многу сладолед, пијам ладна вода, сок, или не се облакам убаво ако надвор е свежо навечер. Со две пастили за лижење на др.Тајс од жалфија одма ми поминува.
од 5ти до 8ми ден најчесто, и до 10ти поретко. Ова ми го кажа докторка од инфективна. Едит: Офф извини, си прашала кога поминуваат. Тоа е индивидуално, зависи како ќе се развива болеста, на некои за 2 дена, а некои ги држи 20 дена.
Луѓе помош, мајка ми се жали на симптоми, температура 38 покачена денес, болки во мускулите сега и дијареа. Одеше низ градовите со овие кампањите за изборите вели носеше маска цело време. Вртам по телефоните што се за пријавување никој не се јавува. Само 3јца сме во семејството, јас мајка ми и татко ми. Тој нема симптоми освен кашлање но веќе со години така пушач е, јас немам никакви симптоми. Не знам што да правам ме фаќа паника, имам ансиозност и патам од панични напади. Како оди протоколот за тестирање кога најбрзо ќе можеме да се тестираме? Каква е терапијата нека пише некој што бил веќе заболен.. Таа пие парацетамол и бруфен за температурата и велев да не пие, вели можи и да не е корона ама според симптомите јас сум сигурна дека е..
Утре ќе ја барате матичната ќе кажете симптоми и ќе инсистирате да ви закаже за тестирање.И за терапија дотогаш таа треба да ви каже.Ноќеска нека пие парацерамол и нешто од витамини што имате. И без паника и да е да не е корона ќе биде добра мајкати.
Со споменатите симптоми ние дома (2 ца возрасни и 1 дете),пред 1 месец поминавме стомачен вирус.сопругот повраќање,тт и доареа,синот повраќање и тт,а јас тт болки по цело тело мачнина но не повраќав.траеше ни еден ден.на лекат не отидовме.
не верувам ни јас, ама слушнав за многу што имале 37.4 макс, дијареа и се тестирале...не сум баш сигурна во точноста на тестовите, тоа ми е муабетот
Во консултација со матичната препиша антибиотик и лонзопразол. Рече нема потреба од тест не значи дека било корона, ние сепак се јавивме на приватно не закажаа дури за вторник, а на државно оваа недела било се пополнато дури наредната. Температурата и се намали, пие бруфени, сега има само дијареа, дишењето е во ред, мирисот и вкусот и се во ред..
Ако се сомневате дека е Корона бруфен не. Само парацетамол. Инаку да, @buba4e89 и силна главоболка е првите симптоми. @kristina.k јас осет немам веќе 5-6 дена. Ни знам кога сум гладна ни пак кога сум заситена. Земам 1-2 рибанки изедам за едно јадење колку да не ми падне имунитетот. Никогаш не ми било до волку без осет за вкус и мирис.
Не бе, од кај корона во Малта Има еден добар текст на АлЏезеира Балкан од еден мој познаник што прележа корона. Вика: "колку се опоравувавме меревме по тоа колку апетит имавме". Значи апетитот одма у курац. Вчера слика негова ми пратија, не можев да го познаам. Се стопли човекот, буквално се отопил.