Имаш ли други симптоми? Не се плаши, не паничи, најбитно... и да е ковид, ќе го минеш со добра мисла и со лесно. Разгледај наназад пишувавме, има искуства... ќе биде океј
Мене не ми мирисаше на ацетон, туку на инекции во болница, поточно на растворот конкретно. Мирисот го чувствував кога силно ќе земев воздух, голтнев или нешто слично.
Моментално само тоа. И сега дијареа ме фати.. Татко ми е позитивен од денес, а бев во контакт со него деновиве... Можно е да сум позитивна.. Ќе видам понеделник. Не се секирам многу за мене, за него ми е..
Мене на моменти на оцет, на моменти на ацетон. И цело време го осеќав таквиот мирис... Среќа за 4-5 дена ми пројде. Многу грдо чувство. @Beauchamp не се плаши, мене само овој симптом ми се појави у цели 14 дена. Може ќе поминеш и ти така. Брзо и лесно нека ви проаѓа на сите.
Вредноста на црп се менува од ден на ден. Кај мм скокна во рок од 3 дена од 5 на 115. Сега е пак во нормала. За затнат нос , по препорака на матичната ми помогнаа апчиња Риностоп.
Се надевам си добро, течности многу појачај витамини и следи ситуација за да не шеташ по болнициве земи си домашен тест во Виола го има околу 600 ден. Биди во контакт со матичната и со гинекологот. И немој да паничиш и психички да паѓаш.
dali e mozno da sum imala korona .. pred 3 nedeli i fazla imav kaslica suva i bolna mi prekina i od togas do den denes zatnat mi e nosot na nos zboruvam i bolki imav nis celo telo eden period ..dali da odam sega na pregled mozda i test ili ne ..? drugi simtomi nemav i nemam
Испитај антитела, за корона тест е веќе кадно може да си била позитивна ама сега ако се тестираш сигурно ќе покаже дека си негативна.
Средата качив температура околу 9/10 вечерта 38,2, пиев парацетамол и веднаш ми се симна ама имав болки во цело тело, притоа бремена сум 33+5гн, во четвртокот немав ништо, ни температура, болки ептен малце се до вечерта, качив пак 38 температура, пак парацетамол се симна ама болките у цело тело се појачаа, вчера сабајле у 6 мерев 38,5 и матичниот гинеколог ми рече обавезно да се тестирам, и искочи резултатот позитивен. Е сега симптоми освен температура и болки во телото немав други, малку ме подзаболе грлото сабајле ама од чајот веднаш ме пушти. Сте поминале ли корона во бременост?
Јас лично познавам трудница што прележа корона во 7,8 месец беше. Имаше и температура и болки. Пиеше витамини и мнооогу течности. Еве сега си роди здраво бебче. Домашните беа сите позитивни, она беше изолирана ама ете фати пак за жал. Имај убава и позитивна мисла, за кратко ќе се гушкаш со бебето и не се преоптоварувај со лоши мисли. Ако треба направи ги сите испитувања што се потребни, ако имаш можност и на приватно.
17 den od prviot simtom nemam skoro nisto osven edna blaga kaslica ama eve dva dene glavata me pukna so nisto ne mi pominuva + treba da dobijam? KaZete mi nesto da mi se smiri ovaa glavabolka , ?analgin, kafetin efridol i ne saka da pomina site gi provav
Фала пуно јас од завчера немам температура, вчера исто цел ден супер поминав, и болките во телото се поднамалија. Остана само едно нешто што ме фаќа паника, имам болка во долниот дел на стомакот, и тоа на моменти многу болно.. па се плашам за бебко :/