Нема потреба од вакви непотребни коментари. Не ја спомнувај Малта повеќе бидејќи не живееш во неа,ниту да те занима, во ред? Само колку да се најдете во муабет и да буцкате ви е,ништо повеќе
Баш. Јас денес подобро се осеќам во споредба со претходните денови, ама почнувам да осеќам глад. Уште немам осет, ама осеќам глад. Ослабнав и јас доста, ама морам малку со сила. Инаку каква врска со гојазноста има? Читам било ризик, ама не можам да сфатам. Немале болести, а од гојазност починале со Корона.
Како тоа гарант? Летно време има многу стомачни вируси. Жената рече дека детето повраќало. Мене ми е многу чудна темава. Веќе 4 месеци ги вергламе симптомите а реално тоа се истите како обичен грип. Зарем кога качувате температура при обична вироза не ве боли глава, мускули, ве тресе грозница? Кога ви е затнат носот не губите чувство за мирис и вкус? Ако навистина не ви е добро јавувајте се на матичен, тестирајте се и седете дома. И апетитот со секоја болест се намалува. Како се опоравуваш така се враќа апетитот. Ова не е ниту ново ниту чудно. Гојазните имаат висок крвен притисок, повеќе шанси за згрутчување на крвта а со тоа и мозочни удари и инфаркти.
Реално мислам дека освен во Македонија го немам сретнато обезност/obesity како толку голем ризик фактор колку нашиве го прават, освен нели дека има ризик како и за се друго, нели не е здраво да си обезен секако. Кај нас испаѓа за секој што нема други ризик фактори директно се препишува на обезност, посебно кај младиве. Не дека сум некој експерт, ама реалноста е дека некој не знае прво колку е здрав, и второ како реагира неговиот организам на кое заболување. Вирусот уште не е доволно истражен и мислам дека не може да се тврди со сигурност, може само да се претпостави. Инаку обезност е ризик за повеќе болести надвор од ова. Може да има поврзаност, ама некои цврсти докази немам видено освен кај нас што се форсира.
Познато ми се сите сезонски грипови, работам карши поликлиника и штанцам рецепти секоја сезона. Коментарот е саркастичен затоа што не верувам дека тестовите се доволно селективни. Мерки почитувам, ама пак не верувам на сѐ што се пласира.
Jas kivav od alergija od polen i na lipi celo vreme...imav ednas temperatura 38,5 ali utredenta mi bese super..nemam zamor..ok se cuvstvuvam
Ние кога бевме болни у март со сопругот немавме буквално никаков апетит, пржев мекици се сеќавам тогаш оти многу ни беше мака од помислата на било каква храна и не можевме ни по една мекица да изедеме, јас знам дека се губи осет за вкус кога си болен ама никогаш не ми било до толку како тогаш, а за мирис никогаш ни немам изгубено иако иам проблеми со синуси и полипи. Нема да ја заборавам и болката во носот неколку дена пред да качам тт, уште ги чувам сите видови на спреј и раствори што ги купив,такво нешто во живот немав осетено. Не велам дека имавме корона ама шансите да имавме се огромни, посебно оти на работа имавме девојка од офис која си дојде таа недела од Милано со тт и целата рашмркана и дојде на работа и имавме тренинг со неа па после сите со исти симптоми бевме. Јас мислам дека треба да обраќате внимание на осетот за мирис и вкус, мислам дека ја карактеризира коронава на специфичен начин.
Не значи дека ако имаш главоболка имаш и корона, туку еден од симптомите е главоболка. Меѓу компликациите може да се јави и главоболка. Ако има само главоболка, многу се мали (скоро непостоечки) шансите за корона.
Точно така, губењето на мирис и вкус (ама тотално губење значи да не знаеш што јадеш само знаеш дали е благо, солено или кисело) е најбитниот симптом.
Ајде некој што имал искуство ако може да ми помогне. Колку дена отприлика трае покачената температура кај вирусов? Татко ми е позитивен, првите симптоми (кашлица и покачена температура 37.7) ги доби минатиот понеделник (20.07), се тестираше во четвртокот и еве во понеделникот пред два дена ги доби резултатите. Од кога прв пат крена температура, до денес еве веќе 10 дена има темература, не константно и не повисока од 78.4-5. Докторот му кажа да пие парацетамол покрај препишаната терапија, но пак сакам да се консултирам со вас дали е нормално толку долго да трае покачена температура? Други симптоми освен наведените нема.
Не ми е прв пат да настинувам. До сега никогаш не ми е било вака . Инаку има и доста слаби луѓе кои имаат висок притисок и шеќер и масти. А, гојазен на значи по дифолт дека е со хипертензија и масти.
Втор ден ме болат мускулите, ем пиев магнезиум болката пак е тука. Вчера имав и малку дијареа и чувствувам замор. Ме фаќа паника.
Нема зошто да те даќа паника. Јави се кај матична ако не ти се чека тестирај се. Дијареа може да е и од магнезиум, мускулите болат и ако си седела на клима многу. Не е секој симптом корона!!! Ама за мирна глава тест еден и готово. Еве во Биотек преку крв 01.08 и 03.08 им се 1500 двата.
Тој е серолошки. Не е баш релевантен за рана инфекција. Тешко ги фаќа IgM+ IgA антителата кои симболизираат рана инфекција.
Брат ми имаше контакт со човек кој веќе една недела е во самоизолација. Тој во самоизолација беше во контакт со позитивен човек. Брат ми не може да се сети кога последен пат се виде и со позитивниот. Инаку денес прв пат пиев магнезиум, а вчера имав дијареа. Ќе видам утре како ќе ми е.
Ако тој е една недела во самоизолација а брат ти се видел со него пред 1 недела, тогаш можеш да одиш на серолошки тест. Веќе е доволно поминато. За мускулите парацетамол+магнезиум+ б6.
Јас прво пак ќе кажам не знам дали бев позитивна оти во Англија не тестираа освен ако немаш влошување, ама сепак 99 посто мислам дека имавме оти 15 тина дена бевме болни, со сите можни симптоми, па ќе ти кажам како осеќав. Не како вода, туку болка како да вдишувам многу прашина, ужасно печење, ужасно, цела недела се лечев од синуси, притоа и не можев да спијам на страна оти тешко ми беше дишењето, а кога ќе размислам може и беше како вода кога вдишуваш па те боли на момент носот...не знам битно ептен чудно и никогаш такво нешто предходно немав осетено.