Да ке направам,само што сега планирам да правам на спајк протеин.Од тие блиски што ги имам ,а прележаа сите имаа намалување поле 3 месеци
Читав статии дека до некаде, (мал % но, сепак значаен), зависи и до животниот стил на индивидуата. Ако редовно се вежба, храни здраво и детоксицира организмот, имунитетот би траел многу подолго од три месеци и шансите за реинфекција или компликации би биле многу помали. П.С Пиши споредба пред пет месеци и сега резултатот со спајк протеинот откако ќе направиш.
Да. Затоа што организмот помни дека еднаш дошол во посредство со вирусот и затоа не го реактивира имуниот систем за бурен одговор. Ретки се случаите кога по втор пат се заболува, а дури и ако тоа се случи повеќето минуваат со лесна клиничка слика. Не се плашете и имајте верба малку во вашиот имунитет за промена.
Косми, да одам да кажам вака да ми испитат, така? На мене на Институтот ми проверуваа. Имав 0, а имав благи симптоми. Асимптоматски вадат антитела, јас немав.
Не знам искрено, треба да прашаш. Колку што знам, се испитуваат два вида на антитела: Ν (nucleocapsid)- протеин антитела (штитат од реинфекција); и S (spike)- протеин антитела (штитат од средна или тешка клиничка слика, симптоматска болест). Едит: N- протеин антителата главно се испитуваат после прележана корона, независно дали си знаел или не, а Спајк антителата главно се испитуваат после примена вакцина.
Од Биотек релевантни се резултатите? Може ми е глупо пршањево, ама баш имаше пред некое време за една лабораторија со сомнителни резултати за антитела, и сега сум во мисла каде е најсигурно да се проверат.
Биотек се добри, друга беше таа лабораторија, не ми текнува името. Јас би во Авицена или Биотек, цената би играла улога.
@Cosmi грешка си за антителата , во право е одор. Јас имав корона почетокот на ноември. Пред нова година имав 2.9, сега пред 2 недели испитав пак, 18.8 имам @Angie1432 Скринлаб е лаб со грешни резултати.
Јас испитав точно на 25 дена .имав 16. Сега ќе видиме.Опаѓаат со тек на време освен некоја варијанта да при повторен контакт се покачиле,но и тоа е прашање. Роднина болен во ноември, во јануари имаше 22,сега има 10. На таблицата јасно се гледа. Smatra se da nivo IgG klase antitela na kovid-19 dostiže maksimum između 30. i 40. dana od pojave prvih simptoma
Сакаш да кажеш дека се реални биотек? Затоа што он беше и позитивен и со симптоми благи, и по месец дена му излегоа 0,01, а направи поради вакцинација, му рекле дека ако има антитела да не брза.
Биотек мислам дека се доста релевантни, е сега како и сите други тестови, така и овие имаат можност да дадат погрешно резултати, тоа во 1-3% од случаите мислам дека беше. Ако може и смета дека треба, нека провери во Авицена.
Нека направи на спајк протеин. Тоа се тие антитела заслужни за клеточниот имунитет. И јас мислам дека Биотек се добри. Повеќе имам доверба во нив отколку во Авицена.