Здраво, денес бев во контакт со другар што прележа корона, во петокот правел тест и бил негативен, ама во меѓувреме дознав дека татко му пред 2 дена почнал да има симптоми, па прашањето ми е дали е можно да ми пренел и мене корона другаров?
Два дена пред појава на симптоми највеќе го шири вирусот . Ова доктор ми го има кажано , колку е точно , не знам во пракса . Мене сите три ми се позитивни , до сега средното имаше првиот ден многу лоша кашлица и тт од 38.5 , најстарото и најмалото нешто полесно , со кашлица ( сеуште имаат ) и тт до 37.8 . Моментално сеуште кашлаат со секрет сите три , фала Богу средното е подобро , температурата престана да се качува веќе третиот ден .
Благодарам и со помин нека е. Пишува дека кај деца и растечен нос е симптом, што не е својствено кај возрасните. Човек да не знае кога и како да реагира.
Индивидуално, еве и после 5 месеци сетилата за вкус и мирис мене и на мм ни се катастрофа. Од горчење, па чувство на пресоленост, па осет како да џвакаш железо, прегорен зејтин и кромид.... И со мирисот ништо не е подобро.
Здраво ми треба мислење дали да се тестирам или е само настинка,неколку дена внатрешната температура ми варира од 36,8 до 37,4,неколку дена немав вкус и мирис,а имав и болки во раменакашлица не многу ,не знам дали сум била во контакт со позитивен/позитивна.
Голема е веројатноста да е корона, а не обична настинка штом симптомите ти се пропратени со губење мирис и вкус. Само исто така рачунај дека ако се многу денови одминати ( 7-8 ), тестот да покаже лажно негативен. Затоа е препорачливо да се тестирате на 4-5 ден.
Jas se testirav na 6 den od simptomi, testot izleze poz. Na toj isti den pocnav da gubam miris i vkus.... E sega posle 13 dena od prv simptom seuste kaslam suvo, no saturacijata mi e 97.Brzo i lesno ozdravuvanje na site bolni!
Ништо нема да те чини ако преку матична закажеш тест. Во спротивно во опасност се доврдуваш и ти (без терапија и лечење па макар и домашно) и цела околина. Ковидот како инфекција не е само тие две-три недели, остава последици. Знаеш колку луѓе лажно негативни се без пола белодробно крило?? Не е за сеење стеав ,ама предостожноста е мајка на здравјето. Види, провери се. Познаници мои две недели се негативни со сите симптоми на ковид.Полегнаа дома а пак се негативни.
Ви благодарам и на двете секкао ќе се тестирам.А дали е поточен брзиот тест или др.дугиот (не ми текнува името)?
Брзите тестови знаат и да бидат лажни, поаебно ако убаво не го аплицираш стапчето во носот. Во 3 од 5 случаеви кај мои познаници излегол негативен а луѓето имале јасно изразени симптоми на Ковид19.
Викендов два дена чуствував на моменти како стегање некое во гради, ама и друг пат на психичка база ми се случувало. Денеска после 12ч некаде почна како да ме греби грлото малку и омалаксана, без енергија и пак одвреме на време како да ми стои нешто на градите. Се јавив кај матичната, ама толку брзо ме откачи, да проверам крвна слика, лдх и црп ми рече, па ќе видиме. Проверив крв, се е океј, омалаксана не сум повеќе, ама одвреме на време чуствувам како стегање во гради. И звонев на матичната недостапна е. Од преѓеска сум изолирана, тт немам. Не знам шо да мислам, ме загрижува ова со градиве.
Не би да те плашам, ама слично вака мене ми започна короната.И јас на нервна база некогаш имам болки во градите, ама тогаш беше чудна болката. Болка во градите и сува кашлица ми беа првите симптоми.Само што во споредба со тебе јас имав енергија. Крвта и да ти е добра не значи дека немаш корона.Матичниве не се нормални. Оди приватно и тестирај се за да не се мислиш.
Зашто да не е можно? @little chili ако не сте носеле маски, иако е прележан можно е да е преносител на вирусот. Може да го има во нос, грло... пеи кашлица кивање да ти го пренел ако не сте носеле маски
Прележавме корона во март. Станувам едно сабајле и се ми мириса на чад, на цигари, на запалена гума. И така цел ден. Не ни помислив дека е ковид тогаш. Утредента не мирисам парфем, ама мирисам кафе на пример. И уште еден ден така, нешто осеќам, нешто не. Тогаш веќе почнав да се сомневам дека е ковид. После тоа скроз изгубив мирис, ни кромид, ни доместос, ни покакан памперс на детето не можев да осетам. Неколку дена по мене и маж ми изгуби мирис. Освен изгубен мирис и вкус една недела, други симптоми немавме. Од терапија само витамини и инвермектин. Во контакт бевме само со моите, не појавија симптоми, правеа брзи тестови, татко ми позитивен, мајка ми негативна. Ајде крвни слики за сите, д димери. Нашите крвни слики ок, на моите покачени д димери. Терапија со ксарелто. Освен покачени д димери, други симптоми немаа никави, ни тт ни маласаност. Пред некој ден пак испитуваа д димери, ок се вратиле во нормала и воедно напраиле и тест за антитела. Татко ми игг 25, мајка ми 8.
Др Пановски на едно гостување рече дека неможе така да се пренеси, рече буквално треба да го излижаш носот за да "фаташ" доволен врој од вирусот за да се заразеш
Многу поделени мислења има ништо не е се уште 100% мислам дека. Имаш многу студии можеш низ гугл да побараш кои тврдат дека сепак може при подолг контакт со лицето да ти пренесе, иако прележал.