@little chili имаш симптоми? Сепак од недела до денес е доволно време за развивање симптоми со оглед на тоа што кај британскиот е побрз процесот
Нема на што , среќна сум кога можам да помогнам . На почетокот им течеа носињата на сите три , сега како се наближува крајот на изолацијата , симптомите се се помали . Знаат да поткашлаат еднаш на 2 часа , носињата не им течат повеќе , секрет скоро и да немаат , температура веќе воопшто не се качува кај ниту едно од трите . Ти благодарам , со помин и со лесно да е и кај вас , што побрзо да оздравите . Туку ај да прашам ... Матичната ни препиша Цефаклор сирупи ( за секое дете по 1 сируп ) , Парацетамол , Проспан за искашлување и Пиковит за поголемите и Бејби Дропс за бебето ( Пиковитот е 1+ а малата за неколку дена ќе полни 6 месеци и не смее да пие Пиковит ) . Е сега , не им даде чист витамин Д3 ниту во форма на сируп , ниту капки .. Дали смеам да им давам и на поголемите деца од оние за бебиња капките Д3 ? На малата секако и давам , но што со поголемиве две ? Забележав дека на синко му се лупи кожата на рацете последниве 2 дена .. дали тоа значи дека има недостиг на витамин Д3 ? До сега не се случувало да имаат било каков здравствен проблем , крвната слика секогаш им била одлична , релативно здрави деца се , па не сме се соочиле со ваков проблем ..
Zdravo zenski. Nekolku dena sum so temperatura 37,5 vcera ispitav crp koj mi beshe 0,6 (spored niv od 1,1 e covid ili nekoj drug virus) i mi rekoa deka sum negativna. Denes ja imam istata temperatura, nikakov drug simptom. Dali postoj prostor za panika? Dali se slucilo nekoj da ima covid a nisko crp?
Сите со послаби симптоми имаат ниско ЦРП, ама тоа не значи дека не е корона. Јас две пати испитивав црп, 0,9 ми беше, а имав корона.
Здраво на сите.Во ноември имам прележано корона а денеска се осетив некако малаксана и бев малку топла па измерив температура и имам 37.2.ШТО да правам во голема паника сум а цел ден го поминав со моите незнам што да правам помагајте целата сум вознемирена !!!
Незнам веке што е нормално што не е јас се напив парацетамол се плашам повторно да не имам едвај преживеав првиот пат а оттогаш постојано имам панични напади...
Не паничи би требало уште да имаш имунитет и јас бев ноември декември почеток позитивна сега правев антитела и ми рекоа до лето дека сум ај да кажеме безбедна бев во директен контакт со заболен сега и не префатив...37.2 е нормална тт
Со мојот сопруг прележавме Ковид 19 во Август.По испитување на Igg тој 1,6 јас немав,под 1 беа. Во Ноември викенд контакт со внукот кој имаше ниска тт и затнато носе,за него потоа дознавме дека бил позитивен тогаш,ние не се заразивме по втор пат,но пренесе на сестричката и мајката. Од тогаш па до вчера сопругот во неколку наврати беше во контакт со Ковид позитивни(колеги од работа),но секогаш со маска! Денес реши повторно да направи Igg и вредноста е 59.34,анализа направена во иста лабораторија. Ова го пишувам во негово име бидејќи сака да дарува крвна плазма кому е потребно(А1+)инаку е повеќекратен крводарител! Со лесно на сите! Интересен случај. По логикава, тогаш прележаните не треба да избегнуваат контакт... Ама па ќе бидат преносители...
Ист случај сум јас. Крај на октомври почеток на ноември имав изгубен мирис и вкус, тест негативен оти беше касно направен. Пред нова година 2.9 сега во март 18.2 во иста лаб. Јас не сум била во контакт со потвреден позитивен, а не се имам воопшто разболено од губењето на мирис и вкус па досега
Многу интересно. Значи природниот имунитет се буста при повторен контакт? Само не разбрав, зошто би биле преносители?
Не се ни преносители, од друго место заболеле тие од вас сигурно не.Така мене ми кажа доктор.Ама треба да сме претпазливи.
Пренпсители се. Колешка од работа го прележа, релативно лесно. Откога го прележа, некако се ошушти , понекогаш на работа и без маска се движеше. Измери антитела ,и веа 12. После 3 месеци не пазење, ковид фатија мајка и татко и, таа се исплаши да не е и таа ппвторно болна (зашто со нив постојано) и таа се тестираше излезе негативна, но антитела 40 и се сторија. Епидемииологот им рекол дека мајка и и татко и се од неа заразњни.Нејзиниот имунитет се нафатирал добро, ама го пренела вирусот на родителите. Значи нема да се разболат, ама се опасни за околината, не смеат да не внимаваат и да не носат маски. И Др.Никола Пановски истото го има на ТВ кажано. @Lilit браво за маж ти што ќе дарува плазма.Многу племенита работа.
Според последни истражувања во јануари, луѓето кои се прележани ако се изложат на вирусот може повторно да го "закачат",но нема да се разболат туку ќе го носат во носот и грлото. При твој контакт без заштита со "прележаниот" од вирусот, може да ти биде пренесен преку кивање, искашлување...затоа и покрај тоа што е некој прележан треба да носи маска се додека ти не си прележана или вакцинирана... ова вака најпросто кажано
Како бил толку сигурен во ова тврдење, многу паушално мислење од еден доктор. Зарем не можеле да префатат од некој сосема трет, па жената од контакт со нив да го накачила имунитетот? А тоа дека "ама со никого друг немале контакт и многу пазеле" не држи вода, еден куп заразени излегоа со ваква мантра. Познавам луѓе кои беа асимптоматски и не пренесоа на ниеден член од семејството, за да по неколку месеци истите тие членови се заразија од којзнае кого, а асимптоматскиов од претходно тогаш излезе негативен и секако без никакви симптоми.
Баш спротивно кажуваше Пановски. Само заразено лице може да шири вирус. Лице кое имало контакт со вирус, а не се заразило не може да шири вирус.