...исто на тој начин како ти инсинуираш дека е инфициран со коронавирус и внесуваш паника под хитно да се јави во болница, ти што би била Поаро? остави да си кажам мислење, што толку ти пречи? ете ти си кажа твое, не читаш мажот денес искашлува шлаем нормално да телото се мачи со поткашлување толку време уназад да го извлече сето тоа надвор токму денес успешно, контактите со инфицирани со коронавирус доколку се има заштитна маска и нема предолг контакт не значи и сигурно заразување, односно и колегата дискутабилно дали бил/ е инфициран со Сарс-коВ-2!
Па со оглед на тоа што имал контакт со позитивен колега и отпосле пројавил симптоми, најлогично е да е корона. Вака кога викате не е се корона, звучи како да е срамота некој да е заразен со корона, мислам океј, најраширено е сега и во 90% од случаите не се работи за грип и други вируси.Ништо нема да биде да се тестира, подобро на време лекарски преглед и крвна слика отколку лажна позитивност и чекање во неизвесност....видовме дека во пандемијава е најбитно да се следи редовно ситуацијата и да не се одолговлекува барањето помош!
Тешки небулози. Знак прашање е дали обичните маски штитат 70% со новиот Британски сој, во случај да се има контакт со заразен. Додека тоа поткашлување - не е воопшто 'поткашлување' туку членката рече дека тој се дави во кашлица, со кратки паузи. И последно - Исфрлањето шлаем може да значи дека се чистат бронхите, но честопати може да значи и дека белите дробови се полни со течност (шлаем), додека бронхопневмонијата е во развој, и затоа во вакви ситуации треба брзо да се дејствува. Не да се крева паника, ама тест, крвна анализа, ртг, LDH, д-димери и други вредности мора да се направат пред да биде доцна.
... „небулози“ може се твоите констатации, така да не можеш ни ти вака да се расплиниш со податоци што си ги слушнала од таму ваму што се превзема при болеста Ковид19, која вода жити се во бронхиите? мажот едноставно настинал онака што не е карактеристика за Ковид19 физиолошкиот секрет од носот поради таа настинка се лачи енормно што дури и при спиење се слева низ грло до бронхиите, па се јавува тој рефлекс повторно да се исфрли веднаш тој секрет затоа што неговот задржување може да направи компликации, инфекција до хронични заболување на дишните органи, ние секое сабајле здрави прави, искашлуваме таков секрет, посебно пушачите или посебно повеќе тие што ете се настинати! какви д-димери, РТГ, штом нема покачена телесна температура над 37.5 С да речеме 38 С телото само ни кажува дека тогаш е инфициран, а за крвна слика ОК може да се направи, но не на ваков начин паника, како да немате сопствен имунитет па се плашите од некоја ваква ситуација што е нормална состојба на секое тело да реагира вака, па онака.... тоа не значи дека закачил болест Ковид19, се додека не се докаже не смее да се етикетира на таков начин, луѓето ќе умрат од страв отколку од самата болест!
...па не читав уназад, тешко беше да кажеш, се фокусирав на членката николина, влегов на форумов после подолга пауза,
... има новитети Фемина форум? треба да ме повика некој за да коментирам? не знам каде треба да земам бројче нешто или треба да ме тагне за да коментирам? не е ова веќе слободен форум за коментирање?
Не, ама кога совет пишуваат членки што веќе поминале низ борба со болеста, се наоѓаш да им објаснуваш дека не се во право, а споделуваат лично искуство. Јас на членката би и советувала да го однесе сопругот во ковид центар на преглед и без негативен тест, оти симптомите се тие, температурата не мора да биде над 37.5 за да биде температура. Подобро да го прегледаат и да ги направат испитувањата денес, отколку да чекаат до вторник, кога е многу веројатно тестот да биде негативен.
... вие изгледа не сте социјализирани женски, ниту разликувате испукување ниту сериозни коментари во врска со здравје, ова не е подтема хумор или женски муабети колку што гледам, а тоа што ви пречи да некој ви клизне меѓу ваши застаршувачки коментари е ваш проблем, толку од мене веќе не идам офтопик, а тоа ако има правило за коментирање со „повикување“ или „неповикување“ би требало да кажат модераторите со само логирање на форумот!
...а ти од каде знаеш јас дека јас немам лично исуство токму од лице место од Ковид центрите, ама од другата страна како медицинско лице?
Можеби имаш, можеби и не. Од мое искуство со медицински лица кои работат во ковид центри, не даваат вакви совети како тебе во случаи како кај членката што пиша.
@Nikolina35 Некои членки те советуваа, еве и јас ќе кажам дека најдобро е да го однесеш на преглед. Минатата недела дома бевме сите за никаде, партнерот почна многу да кашла, до вечерта му се влоши кашлицата до момент да не може да се искашла и воздух да земе, јас повикав брза помош, дојдоа го прегледаа, си продолжи да пие сумамед и сируп алпенкрафт, еве го за една недела му се смири кашлицата како нов е. Не му прави паники и стрес, седни и со убаво разговарај, не сме сите исти, некој паничи само што ќе слушне корона, треба да бидете реални, и да не се надевате дека само од себе ќе помине. За терапија одлучува лекар после преглед како што знам јас. Нека мине брзо и без нервози.
Ме убедува да сме почекаме до утре, ке му поминело може... Нез а не спиеме сега у иста соба, од кај знам како ќе биде ноќеска... Памет немам, ви благодарам на сите за советите како и да е.