1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Dream-Girl, 20 март 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Членката не спомна дека е човекот пушач, ниту дека секретот се лачи назално.

    Друго. 37.0 е субфебрилна температура која честопати укажува на воспалителен процес во телото.

    И трето - д-димери се вадат покрај другите регуларни вредносни параметри со цел да се исклучи тромбоцитопенија, тромбоемболија или некоја друга попатна состојба. За тоа е секако потребно испитување хемостаза, ама секако треба да се направи бидејќи на нашето тло е утврдено дека е честа последица на ковид.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Истото ми го кажуваше и мојот, утре ќе одиме, ќе ми помине, не сакаше да ми прави стрес. Ама јас викнав брза помош, бев помирна кога му измерија сатурација, не можев да слушам како кашлаше.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    Во мирување телесната нормална температура е 36. Ако во мирување е 37/5 значи организмот се бори со некоја инфекциа. Покачен притисок, болки во нос, болки во синуси, кашлица со ладни бранови на гради, болки во гради е чист доказ за почетна фаза на бронхит. Ковид навлегува прво во носната шуплина и ако слези на градите е опасно. Зато многумина кашлат и добиват пневмониа без губење на вкус и мирис. Крвна слила е најдобар доказ за позитивен/негативен. Др пановски секој ден истото го објавува.
     
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    19.930
    Пол:
    Женски
    Мила, еве јас ќе ти споделам еден пример, чисто онака колку да те смирам, а не сакам со ова да кажам да не оди на лекар.

    Имаме пријател во Германија што го прележа вирусов. Млад е, здрав, прав. Првите три дена од појава на симптоми му било мн тешко, имал температура, не станувал од кревет, силна главоболка итн. После тоа му било подобро, е сега не знам колку точно дена температура го држела. Знам дека многу кашлал, и тоа не само неколку дена.
    Тој лично не пиеше ништо освен парацетамол и витамини. Не беше на доктор ни за кс, ни за димери, ни за рентген. Во Германија овие работи нема шанси да ти ги испитаат освен ако не стигнеш до болница, мислам до тоа да лежиш на болница. А таму се стигнува во болница потешко. И антибиотик сигурно имаш слушнато, мн ретко даваат. Додуша другаров рече дека ако уште некој ден му потраела кашлицата ќе барал да пие. Не викам дека е правилно, ама така е или барем така беше со сигурност. Му помина, се опорави, нема никакви проблеми сега.
    Иначе дечкото е доктор и работи како доктор во Германија. Е сега само да напоменам дека се зарази неколку дена после вакцинација со една доза. Ако има тоа некоја врска.
    Пак ќе кажам, на ваше место јас би пробала да одам на лекар, барем за кс и рентген, ама те молам не паничи многу, симптомите се нормални. Треба да се консултирате со доктор за кашлицата, дека трље подолго, ама ќе биде добро :hug:
     
    Последна измена: 24 април 2021
    На AraZaho, bijonse, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mala_plava

    Mala_plava Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Луѓе дајте бе па нее е се корона разберете веќе корона има ако фати некој со милиони болести и му фали уште тоа повеќе е стрес.. Или некој здрав прав они корона и ајде стрес и стресот си го прави своето.. Можеби ја има ама не е секоја кашлица корона и не е се за паничење без потреба уживајте малку не дозволувајте животот да ви врти околу корона повеќе стрес си правете
     
    На bijonse и AAKG им се допаѓа ова.
  6. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    @Nikolina35, прво без паники но потребно е да отидете на лекар. Тестот што ќе го правете во Вторник многу е веројатно да е лажно негативен бидејки ќе има поминато мн денови од први симптоми ( познавам 2 такви случаи со негативни тестови правени 14 ден а со масивни бронхопнеумонии и позитивна епидемиолошка анкета) затоа најдобро е да си направате и комплет крвна слика и ртг. Симптомите се тие а и контактот затоа не чекајте само да пројде.
    Инаку @bijonse како дел од ковид персоналот треба да знаеш дека темп од 37 до 38 е субфебрилна температура и е карактеристична за ковид а од друга страна ринитисот т.е обичната настинка не е пропратена со покачена температура туку само со катарални знаци
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... па и јас имам контакт со личности кои се позитивни и знам да кивнам и да ми затече носот, па нешто омалаксана со 37,4С, но не значи дека имам инфекција токму со Sars-koV-2 низ воздух циркулираат најмалку 100 врсти од вирус од група на коронавирус, тоа не значи дека е токму овој Sars-koV-2, ниту пак слушнав дека некои годинава се инфицирал со вирус од сезонскиов вирус,
    тоа што ти „звучи како да е срамота, некој да е заразен со коронавирус“ е твое мислење и не ми го наметнувај, јас никаде тоа не го кажав, сакаш само да го носиш мојот коментар во погрешен правец и тоа не е убаво од твоја страна на такви ниски, ти кажи си свое мислење, еве јас пак ќе кажам мажот ќе биде во ред понеделник!
     
    На Mala_plava му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...не знам од каде пак ова твоја констатација за мое „незнаење“ околу фебрилноста, кога вие паника дигнавте за мажот што имал 37.5С, а јас кажав дека е нормална телесна температура и дека веќе треба да размислува ако е 38 С, не знам зошто мене ми го анализираш мојот коментар, за твоја информација пациенти со средно тешка фаза на инфекција со Sars-koV-2 дури немаат вопшто покачена телесна температура,
    и од каде знаеш дека обична настинка нема да ја покачи телесната температура? па ние не сме сите исти, кај некој можеби нема да се покачи, кај некого може да се покачи, ете кај мажот на николина нема покачена телесна температура
    [​IMG]
    [​IMG]
    ... николина со мажот ќе си отидат на лекар било што да напишеме тука, но не вака да си го помине викендот во посебни соби и во паника и со лоши мисли!
     
  9. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Маж ми е моментално во 8 Септември, му праат рентген на плуќа, позитивен е.

    Ви благодарам на сите што ми посветивте внимание.
     
    На Lima24, Nigredo Odor и LaTama им се допаѓа ова.
  10. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ....добро, кај бевте со сите докази за бронхит и испитување пред 2019 год и сите тие опасности? и зашто паѓате на „титула“ не ми е јасно, „рекол д-р Пановски“, па што ако рекол, колку пати сменил мислење, никој не може да каже ништо околу вирулентноста на новиот вирусSars-koV-2, ниту за новите вакцини ниту за тестовите, исто како што не може да биде фиксна вакцина против сезонски грип кој е различен секоја сезона и мутира, така и ова, искуствата што ги имавме лани, не важат годинава за коронавирусот,
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    му се слоши ли?
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Ќе се опорави, не се грижи.
    Нека му е со помин :hug:
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Многу кашлаше, повраќа се што ќе изеде и нема сила два чекори да направи.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.892
    Пол:
    Женски
    Delusional си, ако вака ги советуваш и твоите пациенти...немам коментар.Затоа толку позитивни се шетаат насекаде со помислата "ништо не ми е, настинав".
    Нека му поминува со лесно.
     
    На neno0o, Nigredo Odor, LaTama и 2 други им се допаѓа ова.
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...што подразбираш под позитивни? и дали знаеш воопшто од кога се овие тестови на пример?
     
  16. AraZaho

    AraZaho Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ne se sekitaj ne mora da znaci tatko mi ne se zakasla nitu ednas imase mnogu polosa rengen snimka od majkami koja sto nemozese da zboruva so ja terase na kaslanje....i dvajcata doma se lekuvaa so potrebnite antibiotici tatko mi e 65 majka mi 55... znaci ne mora da znaci ... neka odmara svezo ovosje vitamini svezi ... ke ti preporacam eden recept sto i jas i denes go konzumiram na gladen stomak.

    Izrendaj edno cveklo, dve jabolki, i dva morkova sok od eden limon i po zelba gumbir izrendan mi stoi u plastika vo frizider i mi trae okolu 5 dena.

    Vi posakuvam bobrzo ozdravuvanje i so lesno
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.892
    Пол:
    Женски
    Позитивен на SARS - CoV - 2 подразбирам?
    Од око апсолутно никој не може да заклучи за кој респираторен вирус се работи и тоа е тоа, не знам зошто толку релативизирање.Воопшто не е одговорно во пандемија да се дава совет па не мора да е корона.Ако беше така, на сите ќе им се даваше тој совет, сите ќе си шетавме и немаше да знаеме дека воошто постои вирусов, официјално 0 заболени и топ.
    За тестовите, каква врска има од кога се ?
     
    На LaTama, referentka и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Е од вакви размислувања се шири коронава ко луда. И ние така се заразивме, од особа што имала тт и други пропратни симптоми, ама настинка било или друг вирус, а не ковид. Во време на пандемија, прво се исклучува ковид со правење на тест, па после се шпекулира и нагаѓа што може да е друго.
     
    На JuLleE, neno0o, Принцезичка1 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Девојко пак ќе кажам 37,5 не е нормална температура туку покачена. Тоа што постираш слики од нерелевантни сајтови за што е настинка воопшто не ме интересира. Јас ти кажувам информации од учебници и медицина базирана на докази. Релакс малку и во иднина ти препорачувам поодговорно советување.
    @Nikolina35 се надевам дека сте подобри. Со лесно
     
    На neno0o, Nikolina35 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Докторке, слабо ти одат прогнозиве. Членката штотуку пиша дека се влошила ситуацијата. Примен е во 8-ми семптември. Гарант има пневмонија.

    Плукни се на дипломата, со целосна почит. :)
     
    Последна измена: 25 април 2021
    На neno0o, riba79, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.