Има пневмонија да, само што дојде со резултатите.... Има куп лекови утре за земање - сумамед, трицеф, аспирин, аналгин, витамини д,ц и парацетамол.Нолпазам, пробиотик, цинк и селен веќе пиеше ама и тука ги пишува.
Гинеколог и мислења за грип/корона јбг.Најдобро да си се врати на кајгана да замара таму луѓе со "грипчето"
Да Николина, за жал според симптомите веќе претпоставив на каде оди работата, и затоа спомнав дека е пневмонија во прашање. Мој совет е со резултатите да одиш кај матичниот на сопругот. Нека ги погледне сосе препишаната терапија. Терапијата е сепак премногу, да знаеш. Малку претерале, и затоа матичниот ќе ви каже дали има потреба секое напишано апче да го пие. Аспирин зошто, димери му беа високи? Мислам во 8ми септ. не испитуваат димери ама сепак да прашам? Трицеф во комбинација со пробиотик според мене е доволно ако има бактериска инфекција. Седиментација и crp колку му е?
Crp 23.8, sedimentacija 25...mu se smiri malku kaslicata, konecno spiese nokeska posle dva dena, ama nisto ne jade, ni cajot ne go ispi sabajlevo. Sega ke mu recam da se konsultira i so maticnata. Ti Blagodaram Ова DDI ако се димери, тогаш се 510
Aко не пие течност ќе мора да договорите со матичната да прима дневна инфузија во амбуланта. Зошто инаку ќе дехидрира и полошо ќе направите.
Не се лоши резултатите, немате простор за грижа. Ова со антибиотиците малце ми нема смисла зашто докторите нон стоп верглаат да не се даваат антибиотици доколку нема докажана бактериска инфекција. Како се леукоцити? Неутрофили/гранулоцити? Ако се мирни тоа би значело дека пневмонија е вирусна и не треба да се третира со антибиотици туку со здрава исхрана, пробиотици како јогурт, ќефир и пребиотици зеленчук и овошје. Чаеви, природни сокови и многу вода и брзо ќе биде ок. Да напоменам дека не сум доктор и дека ова ми е од многу читање за глупавата болест. Секако треба да слушате доктор што ќе ве советува. Нека поминува со лесно!
Имам сува кашлица и болки во градите, никаков друг симптом. Последниов месец сум секој ден физички активна без никаква омалаксаност. Дали да се тестирам за корона? Кашлицава трае едно 4 дена а болкиве од сношти ми се појавија. Одреден дел од денот ме боли градниот кош а потоа попушта. Иначе прележав корпна во јуни лани и се сомневам дека немам антитела сега во мај.
До 50 се толерира ЦРП. Ова со антибиотици прашајте си лекар уште еднаш, многу е. И др. Паноски алармира да не се дава волку, да остават организмот да се бори. А они уште толку го уништуваат имунитетот.
Може имате некаде објаснето, ама не можам да најдам. Често се спомнува некаква цитокинска бура. Можете ли малку подетално да ја опишете таа ситуација, а и какви симптоми има, благодарам.
Тука имаш детално објаснување за тоа како функционира вирусот и како доаѓа до цитокинска бура. Симптоми се нагло влошување на состојбата со различни манифестации, најчесто паѓање на сатурацијата, воспаленија на различни органи и симптомите што произлегуваат од нив. Постојат маркери кои укажуваат на ризик од појава на истата.
Да прашам, доколку лица кои биле во контакт во неделата со болен и позитивни, немаат симптоми, и имаат контакт денес и вчера со лица со кои јас еве морам да се видам вечер и утре, дали тие лица се заразни одма? Двајца го прележаа, за едниот не знаеме само. Истите тие беа и претходно со болен во долг контакт и не се заразија. Колкав е ризикот? @Ahoy?
Ако се контактите твои прележани, мали се шансите. Во спротивно постојат, особено ако се работи за Британскиот сој. Биди си внимателна максимално ако мораш да се видиш
Ај малку памет да ми дадете. Постојат ли сега асимптоматски случаи како лани или сите пројавуваат симптоми? Детето ми фати некој вирус претпоставуваме од градинка, а слушавме и дека навистина се ширел некој сезонски. Црп е 3, крвната слика добра ама леукоцитите се исто ниски 3 и во државна ни рекоа дека не се исклучува корона. Ни рекоа да не го тестираме зашто има 1 година туку ние да се тестираме доколку имаме симптоми. Кај нас нема ништо, малиот скоро оздравен е. Не сме излезени од дома за секој случај ама веќе имаме потреба. Има ли шанси да сме асимптоматски да одиме да се тестираме? Инаку, детето имаше многу висока температура, па ни рекоа со корона не идела толку висока.
Вируси има милион. Не можеш да го тестираш на секоја настинка. А првата годинка да биде болен секоја недела е многу често. Меѓу децата постојат една купа вируси и бактерии. До сега не бил вака мешан и е нормална реакција на организмот. Кр слика не може да разграничи дали е корона или не. Црп 3 е нормална вредност. Пишуваш неколку пати испаничена, од мене само еден совет- смири се. Ќе се разболува тек. За тоа требат челични живци и не е лесно. Ама е период кој ќе помине. Првата година кога го пратив малото на 18м беше ужасно, не ми спуштал на гради, ама ќе качеше некоја бљантава темп да ме извади од колосек. Годинава освен коронава, немал ништо. Поголем е. А коронава ја мина на нога. Со ептен лесна темп. И кашлица која се смири после месец дена. Без антибиотик.