Дали е можно симптоми да се само повраќање, дијареа и температура? Знам дека се класични симптоми за стомачен, ама чудно е што дома сите се заразивме освен оние кои се вакцинираа први (т.е. поминало соодветно време за се стекне подобар имунитет). Имам дома брзи тестови и се мислам дали да направам.
Ако не е ковид туку стомачен, почни да пишуваш насекаде како вакцината штити и од стомачен вирус, зошто да не? Како што се шири овој умрел или оној умрел а бил вакциниран (ко вакцината од умирачка да штити од секакви болести) по таа логика и за стомачниов.
Самиот вирус го спушта... И мајка ми и татко ми кога беа со корона (имаа и двајцата пневмонија), беа со катастрофа крвна слика, покрај се и железото и на двајцата беше паднато испод граница. Додека на сестра ми и беше океј, ама она е 25г, редовен дарител со секогаш многу јако железо...
Првпат во животот бев анемична после ковидот, ако не ги рачунам бременостите. Толку ниско железо не сум имала ни после грип, ни како дете, никогаш. Докторката се чудеше како воопшто можам да одам.
Здраво девојки! Дали има периодов некоја настинка само со затнат нос и ништо друго? Дечко ми го фати пред една недела, сега веќе е подобар, а мене 3-4 дена после него. Апсолутно никакви други симптоми само затнат нос, затоа мислам дека не е ковид, ама пак ми е малку чудно што двајцата нè фати.
Сестра ми со уште 3 другарки се вратија од Охрид вчера… 2те вчера беа со температура и денеска излегоа позитини.Сестра ми ја болеше грлото само и праеше 2 теста сношти од тој брзиот денеска PCR негативна е и на двата…Дали може да е асимтоматски? Пошо она беше во контакт со нив 2? Треба ли да се изолира?
Колку години имаат? Многу од новите случаи се млади до 20 год вратени од Охрид. @venus♡ се тестираше?
17 сите 3 се позитивни само сестра ми е негативна…Незнам шо да праиме…Многу ми е страв…Можно ли е да е преносител?
Немаш потреба да се плашиш, и да е позитивна сигурно ќе го помине лесно. Ама најдобро е да се изолира за да не зарази некој доколку го има вирусот во себе.
Ама 2 теста праеше … на 2та е негативна она се жали од синусите пошо има често проблем со нив… А јас во понеделник имам ревакцина и ми е страв да не закачам нешто пошо бев во контакт со неа ама пак ке речам 2 теста праеше ако имаше нешто сигурно ке покажеа нели?
Инаку 2 3 години веке се храни здраво и сега им викала на другарките на шала е сега смејте ми се пак вие јас дека здраво си се хранам мојот организам најјак излезе демек до тоа е нема веза господ ја чувал шо да речам
Види, тестовите може да не покажат точно. Или да е вирусот сеуште во инкубација, или да прележала па сега имала имунитет. Најдобро е да се понашате со претпазливост исто како да е позитивна. Ако тоа значи да ја одложиш ревакцината некој ден, не е страшно. Ама ако за неколку дена не пројави симптоми веројатно е ок. Навивам да испадне така.