Неможам да ја одложам јас пошо тргнувам на одмор за 5 дена па да не имам некој симптом темпретура нешто и 2 дена после вакцина не можам на сонце…Планирам утре вечер да напраам брз антигенски пред да се вакцинирам .. И да ја однесеме уште еднаш и неа …
Не. Бев кај матичен и ми рече стомачен е, премногу бил раширен периодов. Така и испадна, дека отприлика 1 ден беа симптомите. @Bridget сега може да рашириме дека вакцината штити од стомачен. Доволно докази имаме.
Трет ден како имам растечен нос, слаба болка во грло и мала изнемоштеност. Мирис и вкус ми се во ред, потешкотии во дишење немам воопшто, температура нормална. Плус вакцинирана сум. Дали има потреба да правам тест или доволно е да избегнувам блиски контакти додека помине, зашто ваква ми била скоро секоја настинка досега?
Извини што ти упаѓам вака ама пред колку време си вакцинирана? Јас пред 10 дена примив 2 вакцина, а веќе 2 ден и јас сум иста како тебе. Мислам дека ми е од топло ладно со климата што имав пред некој ден, ама порталиве и докториве со статусите нивни ко да ме следат и паника ми прават
Може да е од вакцина. Моите после 10 дена од втора доза покажаа симптоми како затнат нос, кивање, малку кашлање.. идентично на настинка. Е сега дали стварно настинале или е од вакцината не знам
После колку време од контакт со позитивен се појавуваат симптоми кај вакцинирано лице ? Пред 3 дена татко ми бил во контакт и вчера му се јави лицето да му каже дека е позитивно. Татко ми е изолиран моментално, вакциниран со две дози уште во мај во Србија, нема симптоми сега за сега? Кога би му се појавиле симптоми ако е не дај боже позитивен? Ептен ми е шубе за него, имаше и рак пред 5 години
Само кивам неколку дена со ред и малку носот ми тече. Маж ми беше поднастинат, па малиот исто ден-два затнато носе и кивање. Ќе да е делта сој? Прашав еднаш за симптоми. Кои му се конкретно?
Нос течење, кашлање,малаксаност и темература до 38. Првите денови малалсаноста е најизразена. Губење мирис и вкус е многу ретко. Не е како британскиот што даваше висока температура до 14 дена.
Фала ти многу, ме смири малку. Он закажа и тест понеделник, да знае на што е. Би требало до тогаш и тестот значи да покаже ако има нешто.
Вчера имав температура 37.5 и омалаксаност, се симна до 37 и континуирано, цело време до вечерва е исто 37, а чувствувам дека имам температура и треска, други симптоми - ништо? Инаку блиска личност после Охрид колинг си дојде со кашлица, течење од нос, омалаксаност, симптомите траат скоро 1 недела, направи тест, тестот беше негативен. Ќе да е делта? Какви се искуствата?
@Luna91 што значи на почетокот си ги имала овие симптоми и колку долго? Дали после извесно време ти се влошија или само со тоа помина?
Кога ми заврши температурата, која ми траеше недела дена, ми почна кашлицата. Кашлав до степен на губење. На моменти не можев да се сопрам. Ама за среќа плуќата ми беше чиста.
Од ситуацијава со ковид веќе и на ладно дуваме што се вика... Кои се симптоми на новиов сој... Втор ден ме наболува грло и главоболка тт немам нит омалаксаност, е грлото мислам да. Не ми е од ладна вода и газирани од фриз, додека за главава пред два вечери сум заспала на промаја ама со ситуацијава човек незнае на штое одма филмови...
Ајде и тука. Прв ден. Температура 37.2 и малаксаност. Други симптоми освен ретко повремено кивање и неколку модрици од пред 14 дена излезени - немам. Прележав во март годинава, ама имав контакт со заболена личност пред два дена. Направив и крвна слика. Се е некако блиску до граница. Не е на граница, ама не е ни идеално.
Јас овие 3 дена се изместив и незнам веќе што да кажам. Не сум била во контакт со заболен, симптоми на најјако во петокот со грло, нос, кашлица, температура...тестирана излага негативна. Во сабота така-така мн слаба болка во грлото, температура или ја нема или 37 со 5 најмногу попладнето губам мирис...паника, денес на инфективна ме гледа доктор, ме слуша, ме испрашува се и ми вика нема ништо, ама му викам изгубив мирис вчера, тогаш одма тест. Ај и таму тест, испаѓа негативен. На крвна слика се ОК, освен ЦРП покачено. Ми вика следи 3 дена може е рано. Незнам како рано мене скоро и да ми поминуваат симптомиве температурата кога ја има кога ја нема ама околу 37 се врти. Ако има некој слично искуство ве молам просветлете ме зошто се мрднав веќе