Брзиве тестови не се многу веродостојни така? Имам анти тела, прележано март веројатно ама без симптоми, нетестирана. После тоа проверив анти тела ,бидејќи маж ми беше позитивен. Е сега еве две недели не можам да се оправам(прво децата па јас). Благо покачена тт,болки во мускули, гадење, дијареа, малаксанист ,главоболка и сега кашлица. Тест од аптека и без тест во лаб негативни. Матичниот ми вели имунитетот е паднат , од март навака секоја настинка ме фаќа, а четири години не сум видела доктор фала му на Бога. Може ли по втор пат да бев позитивна а да не покажува на тест?
Очигледно кружи друг вирус многу сличен по симптоматологија со корона. А уште не почнала сезона на грипови. Незнам ама хаос зима не очекува...
Дали гној на крајници е симптом на Ковид? Син ми имаше, имав и јас, но не се тестиравме. Сопругот е позитивен, се изолиравме ама сопругот вели тој нема такво нешто..
Накапав деновиве знам.. Еве сега мерев 37.6 имам.Утрово носот ми се затна.. Сопругот е позитивен. Правев брз тест излезе негативен. Ако добро го направив не знам.Си брцав неколку пати, ужасно чувство, кивав не знам колку пати. Се залепија мрсули ама не знам...
Може рано си го напрајла. Моја блиска со симптоми негативен брз тест, пср позитивен. Имало некој со плунка од зегин може полесно сп тој. Како што разбрав имале матичните некои термини барај. Температурата е таа и кај женава исто 37.5 цело време ја држеше. Со лесно. Значи фокусирај се на лечење на вирусот, а не на тестовите. Оди утре барај инфектолог, матичен прегледи итн...
Од вчера сабајле сум со температура без прекин, горе доле оди, ама не ми паѓа скроз. Со апче ќе дојде до кај 37.4 и после пак оди нагоре до 38.8. Денес почнав и да подкашлувам како со шлајмови и да хрчам се додека не се искашлам и го одлепам, плус ме боли грлото и нос почна да ми тече. Знам дека има и други вируси ама вака со температура без прекин одамна не сум била. Во средата имав тест со бледа цртка (а немав симптоми тогаш), па правев и пцр кој беше негативен, тие ги правев дека маж ми кашлаше и плус на малата воспитувачката и е позитивна од вторникот. Може избрзав со пцр или не е па корона. Правев и крвна слика на која црп е океј, но леукоцити ми се 3. Плус и други параметри не се океј, што укажува на некој вирус. Имам тест закажано за вторник па ќе видиме. Но дали има и друг вирус периодов вака што до толку бута и возрасни? Децата ми се океј инаку...
Направи уште еден од аптека ако не ти се чека до вторник, ако си позитивна ќе даде резултат. Лимофоцити и железо ако се паднати мпжно е да е корона.
Железото ми беше ниско летото 2, па на терапија сум од тогаш и ми беше во Септември 6, ама еве и сега е ниско...
Ниски леукоцити и железо, плус брз тест позитивен се знаци дека сепак си позитивна. Веројатно пцр е грешен. И кај мене темп од парацетамол не паѓаше целосно . Само со бруфен 600. Или два парацетамола.
Земав и Бруфен 600, го испив во 12 баш, спуштив до кај 37.2 37.4 ама еве камен ми се дланкиве пак и мерев пред малку 37.6, ќе си качам пак изглеа... Ме чуди што вчера направив пак од аптека и негативен скроз беше тој, ни најбледа црта немаше. Ќе си чекам до вторник за потврда, оно секако е вирус некој, но сакам да знам ако е корона, да правам и димери...
Ми личи на ковид. знам дека имавте бледи брзи тестови. Чудно што пцр ви излезе негативно. Ние три пати се тестиравме дур не ни покажа . Дали дека сме вакцинирани…. Нека направи еден од вас пцр пак, мислам дека ќе покаже бидејќи имате позиразени симптоми сега. како и да е со лесно инаку има и други вируси да , а и грипов е почнат
Ако е Ковид, може рано направивме Пцр... Имам закажано за вторник тест. Плус ако изгубам вкус, мирис, многу веројатно да е ковид. Ќе видиме како ќе биде.. Можно е да е и некој грип, зошто волку утепана да сум од вирусче некое шанса нема
Јас после симптомите кога изгубив вкус и мирис на 3-4 ден, тој ден се тестирав - знаев дека е тоа ама сепак ради боледување и тогаш ми покажа. Истоштува и темоературата, таа е ептен никаква што те бутка само и само ти се лежи.
Лимофоцити растат вообичаено кај другите вирусни инфекции, а кај ковид паѓаат. Личи на ковид, што и да е со лесно да минува. Јас мислам димери да провериш секако.
Ковид е истите симптоми ги имаше и детето кај мене температура 5 дена ке се напие апче ке спадне и пак ке се покачи,а додека кај мене кашлица со секрет свирење на градите,отежнато дишење течење нос,кивање болки во нозете немање енергија и плус се боцкам двапати на ден со клексан
Брз антигенски правеше во Авицена? Не се 5 дена државно, другиот ден има резултати.. Ама зависи термин како најдат за тест, ако на тоа мислиш... Да се чека, еве мене вторник ми закажаа. Ама океј е и да се почека па 2,3 дена од симптоми, за поверодостојни резултати..