Дали има некој шо не закачил, а член на семејството му бил позитивен? Трет ден од преблизок контакт со заразен, поточно нему трет ден од симптоми и позитивен (брз) тест, втор од позитивен пцр. Во прашање е мм. Ние сите сме се уште негативни и нормално дека сакам така и да остане. Знам дека е рано, ама многу се плашам за децата. Иначе, првиот ден имаше грозница, температура 38.1 и малаксаност по целото тело. Од вториот ден веќе се осеќал ко нов рече. Засега ништо дополнително од тоа и се надевам ќе помине вака до негативен тест. Вакциниран е со Јансен. Требаше бустер Биотек наредна недела да прими, ама короната го претекна. Многу сум исплашена!
Кај нас дома, само големиот син и јас прележавме, другите не. Прво симптоми пројави синот, температура, нагони за повраќање, главоболка и омалаксаност. После и јас, затнат нос и болка во кичма и изгубен мирис. Мм и малиот син не префатија, иако не бевме посебно изолирани, само јадевме посебно. Не значи дека сите ќе се заразите, и без паники. Брзо да поминува!
Јас лани во ноември никој др. небеше изолиран никој непрефати. Сега мажотми, свекор и свекрва исто никој не е изолиран затоа што дури да се сетиме бевме заедно. денес веке 10 ден дали можи некој допрва симптоми да пројави?
Eve citam sega vo grupata kovid iskustva edna zena pisuva, sin i ona zarazeni, mazot nisto, a so niv celo vreme, pravel i dva testa negativni.
Maz mi bese pozitiven jas ne se zaraziv. Posle 2 meseci proveriv i antitela nemav. E sega imam simptomi na Covid i cekam rez
Ана, малиот ми искочи позитивен на брз тест. Сабајлево го носев на пцр, утре ќе имам резултати. Ми рекоа сируп за кашлица (се уште нема ) и за температура. Ноќеска крена 38.3 и спиеше страшно лошо. Го боли и мешето, се жали. Моментално има 37.7 и делува страшно уморно. А малата има автоимуна, многу ми е страв. Што да правам, што друго можам да давам? Што им даваше ти на децата? Во страшна паника сум. Останатите сме се уште негативни.
Само витамини, Ц и Д, пробиотик и течности. Малиот немаше никакви симптоми, не ни знам дали го поминал. Со лесно и брзо да поминува!
Нека е со помин Лиана, остани смирена колку што можеш, подобро е и за тебе и за децата. Деца се, ќе им мине брзо Анат ти пишала сè, тоа е во твоја моќ, за другото, ќе си среди самиот организам
Во септември имаа моите дома корона сите, мајка ми малце потешко го помина. Сега крена темп 37.8 и поткашлува цел ден, има шанси пак да е истото? Стресена е цела, мисли пак ќе и се повтори истото
Обично тие што го прележале прв пат со потешки симптоми, вториот пат поминуваат полесно бидејќи имаат голем број на антитела. Веднаш нека почне со пиење на витамини, превентивно.
Tolku brzo ne veruvam, skoro i da nema sansi. Grip e mozebi, mnogu e rasprostranet godinava za razlika od lani
Во Март маж ми и син ми беа позитивни. Никој не бевме вакцинирани, не беа достапни тогаш вакцините. Јас и ќерка ми немавме префатено. Јас не се изолирав, за двајцата се грижев без маска. Немав антитела после два месеци. Пиев по препорака на матичната Инвермектин. Само ќерка ми се затвори во своја соба. Маж ми има автоимуна болест и помина потешко, долго држеше температура, имаше пневмонија и беше и во болница ама се опорави. Без кислородна поддршка беше. Син ми помина со пониска температура траеше неколку дена само, пониска од мм, со изгубен мирис. Замор имаше исто, понекогаш и пролив и болки во стомакот. Леукоцитите му беа многу ниски, се мислеа дали да го хоспитализираат за тоа, ама остана дома. Не знам колкави ви се децата но јас за синот кој имаше 12 тогаш ама е висок. По препорака на лекар од детска клиника му давав пробиотик на Провен за школски деца во кои има плус селен од 20 μg и цинк од 10 мг. Ми рече дека тоа е доволна доза за него да не додавам посебно цинк и селен. Д витамин ми рече да му давам по 1000 на ден но само првата недела таа доза, додека е во полоша состојба, после на два дена по една. Ц витамин од 1000 пиеше на ден. Бкомплекс пиеше 2-3 пати на ден. За автоимуната болест маж ми пие дневно по 2000 единици, што е голема доза за здрав човек, ама него специјалист му рече да пие. Со ковидот пиеше и повеќе на ден, по 3-4000, така му препорачаа. Ц земаше по 2000. Селен од солгар од 100 μg и цинк од поголемата доза, од 20 мг мислам беше. Најбитно е да не паничиш. Јас бев исто многу уплашена ама некако стиснав заби заради нив. Не знам од каде ми дојде силата. Консултација со докторот специјлист за ќерката, што да пие превентивно, следи им ја состојбата и носи на контрола по потреба. Ќе биде се во ред, децата сепак заради годините се во подобра позиција од нас возрасните. Цедев сокови многу, со цвекло и морков. Супи домашни секој ден и многу течности. Синот немаше апетит ич на почетокот ама после сфати дека мора да ја подобри крвта и со сила јадеше иако немаше вкус само да не оди во болница. Протеински оброци, месо, јогурт, к. Млеко, свеж и варен зеленчук. Ковидот бара калорична храна особено после температурата и првичните симптоми.
Јас прележав пред малку повеќе од месец. Имам автоимуна, Хашимото и прилично добро поминав за разлика лд маж ми кој нема хронични заболувања. Првиот симптом ми беше надразнителна плитка кашлица, а втор симптом ми беше ненадејна болка кај плешките и рамената. По позитивниот тест (четврт ден од прв симптом) 100% изгубив мирис и вкус, 3-4 дена падни стани температура која одеше максимум до 37.8, затнат нос и големи болки во бубрези и препони. Дијареа ми се случи еднаш или двапати. Поминав без антибиотици, само витаминска терапија и 10 дена изолација. Испитав тироидни хормони по прележување, во нормала беа, крвта покажа фаза на заздравување. Перикардитот ми е поизразен (го имам од помлада), препишан ми е оспен и по препорака на кардиолог да продолжам со витаминска терапија магнезиум 400, Ц-витамин 1000 и вигантол 4 капки дневно. Дури ми потенцираше, продолжи со вигантолот до пролет. Дали има некоја што имала болки во бубрези и препони за време на инфекцијата? И дали некоја постковид почнала да качува притисок, а претходно да немала проблеми со тоа? Фала дечки
Ух... Еднаш користев пред вистински да се заразам и сфатив дека не сум си го ни близу доволно брцнала стапчето. Не сум чула за некој што покажува лажно негативен резултат. Edit: позитивен* мислев. Лажно позитивен* @Ahoy
Многу ти благодарам на деталното објаснување. Ќе следам се што напиша. Засега девојчињата се ок. Сите се во карантин, освен јас. Иначе сум вакцинирана, две дози Biontech, и со овој стрес, не треба ни да ми кажат за трета доза. Сама ќе си ја побарам. Мм имаше симптоми само еден ден, од вториот натаму ко да немал никогаш ништо. Малиот покажа симптоми 9 дена по мм, тогаш кога мислев е безбедно и нема никој да закачи веќе. Пцр нормално само го потврди резултатот. На децата внимаваме многу и ете малиот пак закачи. Јас од мм стоев на дистанца, онолку колку беше можно, пошо и немаше некоја потреба за посебна грижа. Помина буквално со еден парацетамол. Сепак мислам дека вакцината си го направи своето. Од децата не можам да држам дистанца, пошо нормално дека се на прво место, па макар и јас закачила. Малиот буквално диши, кива, кашла у мене. А јас исто така имам здравствен проблем кој е во фаза на дијагностицирање, сомневање за автоимуна болест. Но е сега на чекање, пошо испадна ваква ситуација. Добив медикаментна терапија кортизон, која не ја почнав, бидејќи дента мм извади позитивен тест. Строго бев предупредена од докторот, дека може кортиозонот да ми мавне на имунитет и да внимавам многу повеќе да не закачам корона. Каква среќа, а? Ако имам навистина автоимуна, не ја знам комбинацијата со корона и се плашам. А имам и анксиозност, на ад сум. И можеш да замислиш, секоја негативна промена ја доживувам интензивно, уфилмана со паники дека ќе биде она или ова. Сакам да кажам, ако сега не закачам, стварно нема никогаш! Ама, како што кажав, сега ми нема ништо поважно од тоа малиот да не развие опструкција и девојчињата да не ја лежат. Особено малата. Имаше недостаток на витамин Д, па прима редовно. Сега дополнително им давам на сите. Пробиотик исто. Син ми имаше и стомачни болки. Првиот ден го помина буквално на 2 банани и тоа со лажење. За среќа, не ми одбиваше течности. Засега е ок, апетитот доаѓа во нормала. Ама почна да ми поткашлува. Иначе мали се. Син ми има 2 години, девојчињата се на 7 и 9. Би сакала да сум сигурна во безбедноста на вакцините за деца, да имам избор за истите и да можевме да се поштедиме сите од ситуацијава. Овде да можат, само на сонце ќе не лечат. А ни тоа го немаме. Ништо дополнително не ми кажаа. Одговорот беше нема потреба. Ми беше кажано само да внимавам на дишењето и начинот на кој напредува кашлицата. Не знам инхалации дали смее, бидејќи заборавив да прашам. Празници се тука сега и се е затворено од доктори. Единствено на дежурен број за корона можам да добијам информации. Ако некогаш се ослободи линијата на пример.