Маската пред да ја вадиш рацете намачкај ги со средство за дизенфекција, пред јадење миј ги рацете,по јадење исто.
Јас сакам да прашам ако едно лице е позитивно, а друго лице било во контакт со позитивниот колкави се шансите третото лице да го фати вирусот од втората личност, при тоа втората личност да нема никакви симптоми за вирусов особено кога станува збор за личности над 65 години?
Зависи. - Дали позитивниот е асимптоматски или симптоматски? - Колку дена пред појавувањето на симптоми второто лице имало контакт со првото (ако нема симптоми, од добивањето на резултатот)? - Колку долго второто лице било во контакт со позитивното лице? - После колку дена од контактот со позитивното лице, второто имало контакт со третото и колку време траел?
Сепак беше настинка и помина за 2 дена, само Господ напомош нека ни е сега есенва кога сите ке почнат да кашлаат, киваат, "ке биде интересно"
Кивање затнат и растечен нос може да е почетен симптом? Знам дека не е ова во општите симптоми ама пак се плашам
Моментално имам затнат нос, отидов на преглед кај матичниот лекар и ми објасни дека растечен нос најчесто нема кај заболени од корона. Веројатно станува збор за обична настинка, сепак не можеме секој симптом да го класифицираме како знак на присуство на корона вирус. Измери си температура, купи Тајлол Хот, по 3 кесички дневно, витамин Ц, секако и многу течности.
Ај едно прашање,се работи за близок случај,мајка ми вчера случајно било во контакт со лице кое пред 5 дена појавило симптоми за бронхитис, исега дека таа личност отпосле дознала дека била во контакт со позитивно лице автоматски мора утре на тестирање. Мајка ми е исплашена а исто и јас,дали има шанси да и пренесе и да напоменам дека болното лице било со маска. Се пренесува вирусот пред да се појават симптомите или може и после 5 дена од првите симптоми. Се јави мајка ми на матичната рекла за сигурно да си биде во самоизолација неделава, да нема контакти и да прати состојба.
2 Дена пред да појави симптоми и првите 3 откако ќе пројави, вкупно 5. Ако грешам @Ahoy нека ме поправи.
Хм,од средата ги пројави првите симптоми, 4 ден е вчера(сабота) Всушност мала болка во грлото во вторник вечерта. Фала за брзиот одговор.
@ma4e1311 има шанси, ама многу се мали. Сте имале среќа што заболеното лице носело маска, така шансите значително се намалуваат, а и евентуално да се зарази ќе помине лесно, со оглед на тоа што заразеното лице носело заштитна маска. Сепак, ви препорачувам да останете дома ако сте во можнист додека добиете резултати. @bicycle денот кога појавува симптоми е најзаразен, 48ч. пред да појави симптоми е исто така доста заразен, нешто помалку 3-4 дена после појавувањето симптоми, а натака заразноста опаѓа, иако мала сеуште постои до некој 6-7 ден веројатно.
Се плашам мајка ми е 70 год. Не ни останува ништо освен да чекаме. Сеуште незнам дали заболените лице е позитивно или се работи за обичен бронхитис.
Без грижа, лично знам 70 годишна жена што од нога го прележа со хронична болест. Знам и млади што поминаа потешко. Не е правило, не мисли од напред, може нема ништо
Верувај возраста веќе ништо не значи, знам жена на 65-6 години со хроничен бронхитис која го помина вирусот, не тешко. Плус, и да е позитивна, носела маска, со што количината на вирусот која евентуално влегла во организмот на мајка ти е значително редуцирана и не мора да значи дека ќе развие тешки симптоми. Само без страв, позитивни мисли и негативни тестови
Па да,дома кај нас во ходник,не повеќе од 5 мин. Надворешната врата била отворена, И по втор пат истиот ден на улица може до 10 мин не знае точно. Секако ќе е она дома оваа недела,нема да прима посети,ќе чекаме резултати од лицето дали е позитивно или негативно.
Ама и многу неодговорно,кога знаеш дека си болен пиеш антибиотик,и се мешаш низ луѓе,никој не верува дека е корона,во стил еее нема шанси. Случај кај мене во комшии,мажот и го тестираа за корона,имаше благи симптоми на настинка,јас попладнето ја гледам надвор пред зграда. Па ми вели епа маж ми го тестираа ама не е корона. Скроз неодговорно среќа маж и негативен излезе ама пак седи си дома додека добиеш резултатите. Епа затоа ќе си имаме високи бројки,од невнимателни луѓе.
Знаеш како викаат, во епидемија треба да се однесуваш со другите како да си заразен, а да се пазиш како секој друг да е заразен. Поинаква заштита нема.