Мајка ми со тт 3 ден до 38,8. Некаде кај 14 декември прими 3та доза. Контакт само со нас дома(ја и мм сме ок само малата е со некој вирус, утре ќе видиме што е) и газдите на работа(контакт само на разминување) ама и прележаа пред околу месец(тогаш неа не ја фати). Има шанси да е тоа? Јас од среда сум дома без контакти, мм од петокот(предходно истите контакти на работа). Аман овие вируси, раат да се нема. Мајка ми е малце инат и ништо не ме слуша. Морам ко мало дете да ја контролирам за витамини.
Направете прво тест дома, сигурни се 70-80%, и таман време е. Ако е негативен, веројатно е некој друг вирус, има многу други моментално. Од газдите на работа не е корона, сигурно Што и да е, нека биде со помин
Напраивме сега, негативен е... Не знам зошто па и јас толку се стресувам. Абе се препотив, жештина ме мавна. Фала ти.
Моментално хара грип, ужасен. Со температура до 7 денови. Поголеми се шансите да е тоа, неголи Ковид. Нека пие течности и витамини. Утре кр слика и тоа е. Ќе помине.
Направен е брз тест, негативен испадна... Освен висока температура до 39,38 и поткашлување и многу често мокрење друго нема.. Се направи крвна слика освен седиментација покачена 80 и покачени леукоцити друго таман.. Матичниот кажува дека не се работи за ковид по ова и сега мокраќа да не било некоја инфекција, воспаление не ни го разбрав убаво од што се толку "љубезни"
Да, да утре од сабајле ни рекоа па ќе видиме резултати. Таков период е и на грип, јаки прехлади а слични симтоми со ковид па ќе видиме
Здраво на сите! Мала помош доколку знаете. Ако не е соодветно прашањето за тука префрлете ме. Последен контакт со позитивен на 31.12 на утро без маски, вчера вечер доцна позитивниот појавил симптоми, денес тестиран, штотуку не извести. Кога може да се направи тест? Колку време треба да помине од контактот за да се појават симптоми?
Нема потреба од тест, не сте во ризик. Но, ако веќе сакате, од 5 до 7 дена после контактот е најдобро.
Вака сега.. Јас прележав пред месеципол-два. Сега дознав дека во друштвото од нова година еден е позитивен. Тој прв симптом (температура) развил на 01.01.22 и сите мислевме дека е грипот што кружи, бидејќи е вакциниран со трите дози. Еве денес му излегол позитивен пцр тест. Сакав да прашам, бидејќи веројатно јас нема да фатам, пресно сме прележани и јас и маж ми... Колкави се шансите да го пренесувам вирусот? Постојат ли?
Вчера беа две недели од контактот со позитивна особа. Бевме во лифт не се сеќавам дали имав маска. Немам ништо,ниту симптоми. Така да не мора да значи дека и мт има нешто. Редовно дезинфецирање,пијте витамин Д од 1000 и витамин Ц ќе биде во ред. Само позитивно.
Здраво девојки. Ова го пишувам со огромна паника, веќе 2 дена носот ми е затнат (да напоменам имам проблеми со синуси но вака никогаш не ми било) користам капки за нос ама и тие не помагаат, 2-3 часа дејствуваат и пак истото. Значи буквално на секои 2-3 часа ставам од нив. Пред 3 дена имав големи болки во грлото, неможев да зборам ниту па да голтам воопшто, пиев топол чај и септолете па некако се намали болката меѓутоа ми остана како кнедла во грлово. Искрено се полошо и полошо ми е. Носот затнат, ушите исто затнати неможам убаво да слушам, имам болки во телото а приметив дека и мирисот го губам Исто имам огромни главоболки дури и неиздржливи и притосок 140 со 80, а сум имала нормален 100 со 60, некогаш 90 со 50. Вереникот исто е со слични симптоми како мене, меѓутоа тој ме убедува дека е обична настинка, да не паничам. Немаме температура ама имаме блага кашлица, суво грло. Сум прележала корона многу лесно, вакцинирана сум меѓутоа прашањето ми е дали некој има вакви симптоми сега? Знам дека се појави нов корона бран. Сакав да се тестирам со тестовите од аптека ама ме убедија дека не се валидни... Искрено коронава многу ме плаши, незнам дали брз тест да правам или pcr, се избезумив веќе, со многу личности сум била во контакт последниве денови особено мајка ми а има шеќер.