Се што раскажа се симптоми на блиски кои се позитивни периодов. Може да е и грип и тој е мн распостранет но сепак треба да се тестираш за тебе и сите блиски со кои си била во контакт да знаат. Со лесно да поминува
Јас бев 10 дена затната ни капки ни спреј ништо не помагаше, главоболки страшни до полудување, притисок два дена многу низок а ме лечеа од синуси. После 12 дена изгубив мирис и вкус и ми стана јасно.. Тестирај си
Се јавив кај матичната ми рече од понеделник дури, земав од аптека тестови ама негативни покажаа. Се изолиравме, пиеме витамини и многу течности. Како ќе се издржи вака незнам, особено со овие преголеми главоболки ни со апче не поминува
Вака, од вчера два пати кренав температура до 38, со што ја спуштив со далерон. Грлото ме боли и ми е црвено, зарипнат глас, имам зелен шлајм, носот ми се затнува често и ми течи. Мирисот де ми е океј, де ми се намалува. Подкашлувам малку бидејќи ме дразни грлото. На гради не осеќам ништо, немам главоболка и болки во мускулите. Матичниот ми даде амоксиклав (преку телефон). Шмукам Др. Тајс за грло, бета глукан пијам. Од она што успеав да се информирам ова се типични симптоми на настинка (на пример кај ковидот обично има сува кашлица и мирисот се губи наеднаш дури и нормален да ти е носот). Какво искуство сте имале со ова? Се мислам да почекам уште утре и ако нема напредок да земам тест од аптека.
Можно е да е корона, многу што ги познавам деновиве позитивни, слични симптоми имаат како настинка и како овие ти што ги пиша (ваљда омикрон такви симптоми си дава), а сепак позитивни тестови. Само со тест можеш да видиш дали е настинка или не...
Сите со кои што славев последниве денови се настинати. Дечко ми со болно грло и кашлица, другарки која со затнат нос, која со температура. Никој не е тестиран иначе. Јас немам ништо уште. Изгледа некоја настинка е, никој од домашните нема префатено.
И кај мене само јас сум дома. Реално и периодов е таков, потопло е отколку што треба да е ова време. На -20 не се настинува толку лесно.
@Dejanaaaa @Amellie13 @christinnn тестирајте се, pcr направете. Симптомите се слични на настинка, посебно од новиов сој, луѓе мислат дека е само тоа, настинка или грип и не се тестираат, не се изолираат го шират наоколу... @Amellie13 зошто преку телефон ти кажува што да пиеш? Потребни се прегледи, крвна слика обавезно, да те наслуша... Јас со ковид имав такви симптоми. Со лесно на сите.
Не знам, порано кога ме прегледувал ми давал антибиотик така и ми поминувало бргу, најверојатно според него е бактериска инфекција. Инаку многу подобро сум денес, освен грлото што ме боли и носот што ми течи немам друго ништо. Не се расшетувам.
Крај на ноември прележана корона, дали е можно сега пак да сум фатила омикрон? Страшно ме боли грло, малку сум малаксана и имам температура 37.2 и покрај испиен фервекс и риностоп.
Да ноември 2021 до 5- ти декември негде. За настинка не верувам дека е. А сезонскиот грип викаат е со многу лоши симптоми. За сега не се чувствувам толку лошо. Стварно не знам што може да ми е
Mislam deka nema nekoj sto ne se razbole a slavese nova godina nekade..gledam i nekoi nasi pejaci, voditelki ili objavuvaat na stori deka se bolni ili nigde nikade gi nema cela nedela a pred toa visea 24 casa po kafici, osobeno vo ona mosh
На Мош газдата или менаџерот идел позитивен на работа пред НГ. Од Мош има многу болни со ковид баш од околу Нова Година. Инаку смешно е што сите 'фаци/инфлуенсери' се праат јаки на муабети како ковид не е ништо страшно, а при прв симптом трчаат на Инфективна и испаничени бараат врски да ги следат од таму доктори
Може да е грип, немаат сите исти симптоми. Кај мене тројцата ги фати,најголемава имаше 6 дена температура, малата само 2 дена, а маж ми последен го префати само со болка во грло и два дена утепан беше. Мене ме одмина. Децава ги носев и два пати на лекар, матичната утврди дека е грип. Корона убедена сум дека кај тебе не е.
Уфф дај боже така лесно да минам и јас. Понеделник ќе одам на лекар да видам што ќе рече. И мене грлото ми е партал, цел ден го третирам со бабини лекови ништо не помага. Се надевам во право си за корона. Ти благодарам многу Киттен