Здраво имам болка во мускулите и температурат 37,8 дали е можно да е корона?многу се плашам имам мала ќеркичка да не и пренесам корона
Од аптека што е тестов можеби е точен,ама колку добро ке го земам брисот е тоа не знам,да не сум позитивна а да испадне негативен,за на државно колку се чека за тест?
Искрено не знам.Ја брз праев. Имаш упатство, треба во двете ноздрви да брцнеш и да гребеш по ѕидовите на носот неколку секунди.Ја два пати имам правено домашен.Не е тешко.
Ако си од Скопје, Зегин на Партизанска кај Ла Делишес е дежурна, кај Градска таа, на пазарот во Тафталиџе Еурофарм. Други не знам.Со среќа, се надевам - ќе биде
Не сум од Скопје од Охрид сум,можеби и тука е отворена зегин ,баш ке проверит сопругот се надевам дека не е корона ти благодарам па ке пишам каков ќе е резултатот
Пиши, и пиши кои се дежурни ако најде.Да си знам и за во Охрид.Дека доста седам таму летно време, не дај Боже ако затреба нешто јас овие ги најдов https://fzo.org.mk/dezurni-apteki кликни на првиот за Март 2022, ама ме збуни што пишува ,,по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството"
На интернет барав кои аптеки се отворени на тие што пишуваше дека е отворено звонам не крева никој,освен во Зегин по туристичка ми креваат на телефон и одма ми спуштаат
Тој кај Монтенегрин работи мислам..јас досега не сум имала потреба да барам дежурна аптека, ама искрено добро би било да се знае.Кај болниците немаТ?
Без гајле за ќеркичката, и да е корона ќе пројде лесно. Моите две деца два пати прележаа корона, само по ден-два симптоми.
Сопругот беше до зегин по туристичка наспроти Монтенегро отворено било зеде тест реали се викат, сега ке се тестирам па ке пишам каков е резултатот,најмогу за малата се плашам,мило ми е што добро сте поминале со короната,децава посебно во денешно време се многу нежни
Луѓе здраво, да ве прашам веќе три дена ми тече константно, температура немам ниту болка во грло. Има ли шанси да е омикрон?