Тоа што почна како синусна инфекција испадна да е Ковид... Ама какви се симптоми дава оваа варијатна тоа е чудо. Три дена 38 температура со ништо што не паѓа, болки во мускули, главоболки такви во живот немам осетено, носот де затнат де течи де грлото воспалено, ај тоа и повраќање од нигде никаде... Жално е што не е веќе интересен па не го зборуваат вирусов а толку е прераширен во Охрид.. ај тоа и како што никој не ги проверува лугево ем позитивни ем си шетаат низ град ...
Толку многу се плашев од ова чудо, и сега гледам со право. Три дена се бориме, првиот ден победуваше -имав температура и до 39, малку халуцинирав, главоболка до ниво да сакам да си ја удрам главата од ѕид, ме можев од кревет да станам, немав апетит, и после три-четири парацетамоли не се симна температура. Не можев да спијам цела ноќ, бев како во бунило. Ден два пак победуваше Ковид, температура над 38, потење, никаков апетит, не можев да стојам. Излезе дека и син ми е позитивен. Умрев од грижи и за него и за бебето, и од корона и тоа дека млекото ми се намали од истоштеност и мислам дека е гладна. Ден три -нерешено. Нема температура, може да се јаде, ама устата како сварена внатре, најверојатно од температуратата. Главата уште боли, како бодежи во една точка, а почнува и уво на таа страна да биде сензитивно и по малку болно. Грло боцка кај крајник на истата страна. Благи болки во бубрези. Вечерва ми откажаа мускулите, нема болка ама кога ќе станам не можам да одам, како да не слушаат, не ги движат нозете како вообичаено. А бебе сака да го нишкам да спие, цели три дена е кенкаво, и ако не умрам од корона ќе умрам од грижи.
Не не не, без такви мисли. Ти си храбра. Ова е мачкина кашичка за тебе, во споредба со она што ти можеш да поминеш.
Без грижи, тоа е дел од мојата смисла за хумор. Верувам во своето тело, носеше и донесе на свет две деца, поминува низ разни трансформации, операции, неспани ноќи.. ќе го победи и ова
Дали некој се соочил со сериозно затнати уши и намален слух за 80% при ковид? Чаре? Пијам серапептасе капсули и капки за уво ставам и панцеф. Никаква промена во ушите и по 5 дена.
Mene mi se zatnati usite vekje tret den, kako pod voda da sum. Iako ne sum uste testirana mislam kovid e. Sakav da prasam tek vo petok me zakazaa,togas imase termin na drzavno. Dali ke pokaze ako e kovid, da ne e docna? Od sabota vecer sum so simptomi. Inaku od denes imam tt 37.8 zasega, grlo bolka od vcera, denes namalena, i nos zatnat i tece vo isto vreme. Omalaksana i loso spijam kako vo bunilo bas
тоа не знам, ама крвна слика можеш да направиш до петок, мојата беше катастрофа што не знам дали е случај со сите ковид случаи
Како поминувавте со новиов сој на корона? Ние сме прележани пред 1.5 год,вакцини 2 дози,денес мм е позитивен на брз тест од аптека(со брис). Од симптоми има од вчера тт до 39,мала болка во грло,гадење,главоболка и болка во зглобови. Јас вчера исто имав цел ден гадење,а завчера бев омалаксана(но истиот ден добив можеби од тоа ми беше). Денес откако испадна позитивен мм направив и јас тест од аптека со игг и игм,само игг антитела покажа. Инаку сум ок,малиот исто така е добар,се надевам така ќе остане. Колку денови трае? Како се правдате на работа? @KuklickaSk ти беше во тек со ковидов
Јас прва појавив симптоми. Дента цел ден ме болеше глава, несвојствена болка. Ноќта веќе кренав температура 37.5 и ме држеше цела ноќ. Сабајлето домашен тест кој за неполна минута покажа позитивен. Температурата со варирање 37,5-38,5 траеше цел ден и наредниот ден исто. Првиот ден имав и многу страшна болка, ама не по цело тело туку кај мене само од половина до колена. Вториот ден само температирата и веќе третииот ден поминаа сите симптоми. Само одвреме навреме знае да ми се подзатне па да ми се пушти носот. Терапија само витамини (ц, д, магнезиум) и парацетамол само по потреба зошто сум бремена. И нормално многу течности (вода, сокови, супи, јогурт и лесна храна). После неколку дена малиот 5 години исто се пожали на главоболка, до вечерта крена температура. И кај него исто два дена вариташе 37,5-38,5 и претпоставувам имаше болки втората ноќ зошто многу немирно спиеше и клоцаше цело време. После два дена спушти и не крена повеќе. Исто и кај него носот знае да подзатне, па да се пушти, ама друг симптом немаше. И кај него терапија витамини, парацетамол/блокмакс и многу течности. Трет на ред мм. И нормално залегна . 4 дена температура 37,5-38,5, само он се жалеше на болка во секое ковче и болката заедно со темературата потраа 4 дена. Терпија иста витамини, парацетамол, аналгин. Кај него и заморот се пролонгираше, за разлика од мене и мали кои после вториот ден бевме кренати. За среќа кај нас симптамотологија лесна. Инаку мислев они дека ќе ми донесат од градинка/работа, а излезе јас дома на боледување си го закачив. Единствена комуникација со луѓе баш тие денови ми беше дете до градинка да однесам и маркет со маска и тоа кн95.
Првиот ден бев омалаксана,вториот ден почнав да кревам температура до 38, вечерта имав болка во мускули,третиот ден почнав да кашлам еве сега е 10 ден јас сеуште кашлам иако сум негативна,посебно кога ке се заморам кашлам најмногу
Devojki od vcera pozitivna so mala bolka vo grlo i bolka i tapa bolka vo uvo Ova mi e treti pat pozitivna Maz mi sega za sega nema nikakvi simptomi Prasanjeto mi e dali drugite clenovi na familijata osven pozitivniot t.e jas ne im treba izolacija ?
Zdravo majka mi tatko mi od vcera pozitivni, vo. Ponedelnikot imavme kontakt i tatko mi od vtornik ima simotomi a majka mi od cetvrtokot. Kerka mi 2 god od cetvrtokot sabajle ima temperatura od 37 do 37,8,9 vcera kaci i 38,5 i so. Blokmaks se simna krvna slika vcera i pravea super e samo malku crveno grlo i podkasluva ama eoten retko i i dadoa cefaleksin sirup. Najverojatno ima prifateno. Denes taa e super no Jas eve od sinoke imam treska i suvo grlo bez temperatura pijam. Vitamin C. I paracetamol i Mg, sabajle koga stanav kako voz da me zgazil malaksana i sekoj muskul me boli i slabo apetit imam. Jas poveke i panicam i napadi na panika imam zaso prv pat fakjame a plus ne sum ni vakcinirana. Nekoj sovet za uteha
без брига,ќе поминете лесно,јас два пати го прележав,а сега имав само диареа и повраќање и температура и незнам дали беше ковид или стомачен,не паничи,напиј се нешто за смирување,витамини,течности ,нетфлих и за неколку дена ко нови ќе бидете
Цел ден од кревет не можам да станам, немам ни апетит и имсм температура до 37,3. Ужасно се боли и само се потам и се тресам. Ни парацетамол не помага
So lesno na site sto sme so kovid, ve molam iskustvo so kovid kaj 9 mesecno bebe ? Kako ste pominale i sl.iskustva. Nie 4 den pozitivni jas i maloto samo, toa so temperatura samo ,pregledano od pedijatar samo brufen i paracetamol da davam naizmenicno, no bi sakala da slusnam dokolku ima nekoj iskustvo.