Кои ви беа симптоми сеа? Малку болки во грло и затнат нос, кивање, суво кашлање и без температура може да се?Изгледа на нога го поминав без да забележам.
Ништо нема сигурно. Може и после помалку од 6 месеци пак да се заразиш. Золва ми двапати се зарази во период од 3-4 месеци.
Да, новава варијанта има повраќање и дијареа како едни од честите симптоми, со пецкање грло, главоболка и некогаш не секогаш температура..
одам денес на козметичар,кога оваа што ми прави нокти ми вика грло ме скина,затната цела,вика кафево не го осеќам што го пијам,али вика како се начукав саботата ладно грч пиво знаев дека вака ќе бидам,а јас и викам ти зошто не ми кажа уште претходно да си знаев да дојдам кога ќе бидеш ок ,многу нечовечно од нејзина страна и сега сум во мисла ако може и по трет пат да ја лежам коронава,страшно.Има ли многу со реинфекции по три пати незнам и сега сум како пукан зајак и во страв,а на одмор пред една недела дали беше стомачен вирус или ковид си го поминав со повраќања,диареа и температура затворена во соба
дали некој има приметено опаѓање на коса после прележување на корона? матичната ми спомна дека може да има такви последици, прележав пред 2 недели и последнава недела премногу ми паѓа
Да, ова е честа последица после прележување. Кај некои е заради прележаниот вирус и самиот физички и емотивен стрес кој го предизвикал на организмот, па го пореметува нормалниот циклус на паѓање и обновување на косата. А кај некои е поради кортикостероидите кои ги примале во текот на лекувањето (ако ги примале). Опоравувањето на косата е истотака бавно. Откако ќе испаднат влакната кои треба да испаднат, ќе почне да се обновува косата, но тоа може да трае од 6 до 9 месеци. Нема посебни третмани (шампони, лосиони) кои ќе го спречат опаѓањето, она што изумрело ќе отпадне секако. Она што може да се направи е да се внимава да не се стресира дополнително косата и да се оптоварува, малтрерира и гори. Расчешлувајте со балсам и не користете вжештени пегли.
Да оставам температура да се избори имунитетот или да симнувам со парацетамол? Или не беше парацетамол за ковид? По симтомите исто ко Ковид, памтам минатиот пат едвај температурата/треската ја преживеав, 10тина дена ме тресеше. Сега да оставам природата да си одработи, да не симнувам може побрзо ќе застанам на нозе?
Ако оди над 38 да ја симнуваш, дали со парацетамол, аналгин, бруфен зависи што то делува. Не е добро да ти е над 38 и да не ја симмуваш, сепак е висока таа температура
Ја оставив 24 часа без симнување, среќа не одеше над 38.5 и синоќа веќе не можев да издржам па пиев парацетамол. Денеска малку подобра, се надевам дека се "пропржил" вирусот. Памтам минатиот пат испив две ленти парацетамол, глава не можев да кренам од топло-ладно. Овојпат друга стратегија да пробам
Прележав ковид минатиот месец. Матичната ми рече да пијам парацатемол ако имам температура слободно, дури и по две апчиња ми рече можеш ако ти е повисока. Имав многу болки во мускулите, особено на нозете, без разлика дали имам температура или не, па ја прашував дали може бруфен или некој друг антиинфламаторен лек, зошто подобро ми делува за болката. И тоа ми рече може. Уствари ми рече навечер секако да пијам аспирин или кардиопирин од 100мг (исто е) за заштита на срцето.
За други паталци, еве што ми се случи со ковидов: бев на инфективно, со температура и кашлица, ме тестираа со брз тест и е негативен. Ама, симптоми исти и бетер од летото кога прележавме, од најголеми како неиздржливи главоболки, посебно во една точка на левата страна, губење мирис, до најмало како заматен вид и откажување на скелетно-мускулниот систем на ден два. Овојпат придружено со најјаката кашлица што сум ја чула некогаш, очи и грло да ти искорне. Ете, а негативна сум сега, па или сме биле лажно позитивни летото, или сега сум лажно негативна. У секој случај, ќе бидеме среќни ако извлечеме жива глава од ова
Пред еден месец имав скоро исти смтоми на корона,изгубив мирис и вкус ,5-6пати се тестирав бев негативна.Многу кашлав.Или не е ковид или нова варијанта што тестот не ја препознава.Со лесно.
Озбилно, шо е со кашлицава? Вакцо нешто нит сум чула кај друг, нит ќе чујам.. како клоци да ми мава некој од внатре. Ужас!
Кога мислев дека е корона кашлав 1,5 недела.Пред тоа еден месец што ме фати една кашлица 6 недели воздух не можев да земам,пак бев негативна што е со вирусиве еден Господ знае .
Имам температура 20 дена само на вечер се крева, све испитаа не знаат да дадат точна дијагноза, на три теста бев негативна, дали е можно да е корона, црп е многу високо ?