Да, Бруфен е. Во вид на апче или гел? Искрено чудно ова. Сепак вие си знаете, јас не сум доктор. Доколку нема големи болки и ептен изразени симптоми не гледам причина да пие Блокмакс. Секако не се пие тоа превентивно. Ако знаете уште некој доктор прашајте за второ мислење. Јас како што знам за Корона Бруфен не треба.
@pepapa да не клука џабе лекови, нека се тестира ако се нема до сега. Ќе се даде соодветна терапија, не чекајте да се влоши ситуацијата.
Значи толку сум нервозна не знаев во која тема да пишам. Мајка ми во саботата уште на работа осетила како омалаксува. Ноќта качила 38тт и ептен искусниот матичен на татко ми им рекол да одат на дежурен. Овие ука бука се закренале, во локалната амбуланта уште од врата им рекле 8 Септември правец, кога стигнале таму исто докторите уште надвор што сте дошле знаете ли дека е ова ковид центар. На одговорност на моите со триста молби ја снимиле и во ред било се. Имено мајка ми имала тт. дома 38 и се напила парацетамол, до болница спаднала на 36.6. Докторкава од воена и пишала Сумамед и предлог за упат за брис. Е сега не можеме со женава да се разбереме да не го пие сумамедот. Плуќа чиста, нема веќе температура, се осеќа добро. Утре ќе прави тест, ама запната е за сумамедот да го пие. Читав и на други дека го пишувале "од онака" ама додека не видов се ми беше неверно. Стварно морав негде да пишам да ми олесни, се извинувам. А, и уште прашање до поупатените, имала само неколку часа да речам тт, повратила еднаш и цел ден цревата и крчкале и ја терало на подригнување. Додека да излезат резултатите ме интересира дали можеби знаете колку е веројатно да е корона или стомачен?
Fala, tesko nekako, nikako da stane od krevet,samo do wc i tolku, sega nema nikakvi bolki ama omalaksan e i ne jade nisto
Povtorno jas so prasanja, koj se racuva za prv den na pozitiven od kako ke pojavis simptomi ili otkako ke se testiras? I koi denovi si naj zarazen?
Прв ден кога појавиш симптоми. Најзагрозени се два дена пред појава на симптоми и после 3 дена се најбарани. Вкупно 5 дена,после полека опаѓа
37 температура постојана, никогаш повеќе ама дефинитивно повисока од вообичаено и многу кивање валидни симптоми ли се? Страв ми е.
Ja imam zarazen na ulica... I preeska taa licnost ja vidov kaj komsiive od karsi si pijat kafe kako nisto da ne se slucuva.. Dali e ova normalno.. Sea od dvor ne iskacam.. Me fati tolkava panika za nivnata neodgovornost
Имав контакт како трета особа ама некако неверојатно ми е. На блиц се поздравив со особа која по 5 дена ми кажа дека блиска особа има развиено симптоми. Се надевам, се тешам дека ми е од што се мрзнам касно навечер на улица.
И кај мене имав таков, не кај едни туку кај сите комшии прошета, како намерно да сака да наштети. Инает ми е за сите шест месеци шо се затворив дома и психа пореметив, а некој ич совест нема. Блазе на паметот нивни.
Мајка ми денес ми де пожали дека ја боли грлото и главата, таа често има главоболки ама грло одамна не ја болело исто и ушето, отечена е на едната страна. Нема изгубено осет за мирис и вкус, си има апетит, тт малку над 36, утре и реков да не оди на работа ама одма нема да и закажат за тест па не знам што да правиме. Не е имала контакт со болен колку што знае, дали болка во грлото е често симптом на ковид?