Ко ќе имаш температура не се потиш, туку те треси. Штом почне да се спушта температурата почнува потењето. Ако ти е жешко не значи дека имаш повисока температура.
haha nemoj da ispadnam vecen nositel na korona, uste od raganje a tiroidna zlezda moze i treba da proveram ic ne mi padnalo na pamet fala ti
Постои топломер за мерење температура. Тој ќе ти даде одговор дали имаш или немаш. Тука на форум тешко дека некој може да ти измери и даде одговор. Зарем има и нереална корона? Знаеме дека не веруваш, ама не дознавме зошто дремеш во темиве постојано и реметиш луѓе?
Која дрскост! Безобразно човече. Дај одмини ме, и не коментирај што имам и што не. Луда работа, луда!
Ке ви пишам случка околу дружењето, еден колега бегаше од сите, не се дружеше се криеше в канцеларија, буквално како што кажува тој нигде не одел, арно ама неговиот 18 годишен син кој поминал асимтотски, му го пренел за да заврши на инфективна и едвај извлекол жива глава, се стопил... не е истиот човек...
Сигурни сте дека не се качува тт од настинка? Еве мое искуство во врска со тоа. Син ми има 4 години, во овие години само еднаш на 2 годино, сред лето, август месец, од никаде нигде му протече носето и качи тт околу 38. Јас преплашена оти никогаш ни се немаше случено тоа веднаш го однесов кај нашиот педијатар во Систина, му направија комплет крвна слика со Црп, му зедоа брисеви од грло и нос, грлото и градите на преглед чисти, резултатите од брисеви негативни, крвна слика уредна, докторката рече ова е само настинка, ништо не укажува на вирус или бактерија. Да додадам дека цело време беше дома , без мешање со деца па и немаше од кај да закачи нешто. Ама пошто членката имала контакти најдобро е да се тестира.
Моите се тестираа денеска, воедно и на брат ми девојката и баба и качија тт, девојката на брат ми работи во болница и стварно многу е претпазлива на работа ама ете може од таму е заразена. Денес ги тестираа сите. Брат ми веќе не се осеќа болно, нема температура освен што не чувствува мириси послаби, мајка ми ме загрижува оти многу е малаксана, нема температура на саат мери, два дена нема качувано, ама нем сила, едвај се качувала по скали, таа и онака од астмата одвај се качуваше...не можам да дочекам резултати, не знам ни после дали ако е во изолација ќе можи да оди на доктор за крвна слика или снимање, дали е дозволено тоа ако си болен? @JuLleE правеше ти контроли за време на болеста?
Мислам @KuklickaSk велеше дека дозволено е да се прават контроли за време на болеста, но не знам. Патем, се надевам сите ќе бидете негативни и добри Предлог од мене е да набавите оксиметар доколку сте во можност и додека не се стигнати резултатите да нсправите крвна слика, задолжително д- димери
Не знам регуларно дали може да се испита д-димери во лабораторија за крв, имаме една приватна тука кај нас добра. Оксиметар е за мерење на ниво на кислород така? Во аптека се купува?
Да, само не знам дали го има во секоја аптека, но во секој случај мислам дека нарачуваат и да нема, прашај си за сигурно.
пулсоксиметар, jac eднаш видов и во продавница за ортопедска опрема ама не знам дали имаат уште на лагер. коj што е позитивен и има симптоми со кашлица наjдобро нешто е да го има тоа за да мери сатурациja. дури на ниво на држава да можеа да им делат на тие што се болни а дома мислаи еден куп луѓе ќе се спасеа. инаку јас на моите им порачав од Кина од еден сајт ко али експрес, два месеци доаѓаа ама стигна - тоа беше уште пролетта. ви препорачувам на сите што имате постари луѓе свои, еден доктор од Украина препорачуваше во секое маало што се вика да се има по неколку. И уште некои други многу добри препораки имаше за како најдобро човек да се лекува во домашни услови, погледнете го видеото има и македонски превод. Најбитно е многу течности, да не се тераш да јадеш, лесна храна со лесни шеќери, ладен и влажен воздух, и позитивна мисла
Мајка ми не кашла воопшто, нема болки во градите и си диши нормално, нема ни температура, болна е веќе 6 дена, само има екстремна малаксаност, може од од тоа што нема апетит па слабо јаде иако брат ми ја напнува да јаде. По моја логика дека штом нема темпертура нема некоја сериозна компликција или па само си се тешам јас.
Брат ми е позитивен, на мајка ми ќе и го повторат тестот не биле сигурни дали е позитивна.Фала ви на сите за советите.
Со помин Ако било што те интересира слободно пиши ми. Патем, за мајка ти, или има многу мала количина на вирусот во себе па затоа ќе и' го повторат тестот или има само одреден ген, па да одредат што како. Во секој случај, не е страшно Со помин уште еднаш.
Искрено се надевам и среќна сум што беа доволно свесни и не се видоа со никој неделава, единствен проблем е што во сабота бевме кај баба и дедо на роденден, седевме надвор на двор ама сепак сме загрижени. Тие се добро за сега ништо не осеќаат, ама треба и нив да ги мислам сега.
Од кога ќе имаш контакт со позитивен на вирусот после колку време може да се појават симптоми? И дали само со поздравување со рака и поминување, без никаков разговор може да се пренесе вирусот?