Кога беа првите симптоми на твоите? Штом бевте надвор ризикот е минимален, доколку не појават симптоми во наредните 3- 4 максимум, нема простор за загриженост.
Најчесто 4- 6 ден, најдоцна 9- 10. Не. Само со разминување не, со ракување шансите се доста мали, но сепак постојат доколку потоа се допрело лицето без претходна дезинфекција.
На мајка ми во недела, на брат ми во среда, а татко ми е со брат ми цело време работат заедно, тој нема никакви симптоми за среќа.
Најверојатно нема ни да има, се надевам. Ние цело време бевме со брат ми, не сме се ни изолирале во посебни соби, добро поминавме.
@1209 со лесно да поминува, и се да е во ред. @Ahoy не е повеќе до 14 дена? И дали првиот ден од контакт го рачунаат за прв, или наредниот?
Па ти од Новус се чудиш, мислам секој на форумов веќе сфати дека има страшна фиксација и опсесија со коронава, ги опседна темиве
Каде се тестираа што истиот ден добивте резултати? На државно или приватно? Ургиравте за резултати или друго е во прашање? Блиски мои трет ден од земан брис чекаат рез на државно
Не сме ургирале за резултат, само за да закажат оти не сакаа. Кај нас е мал градот и секој ден има по малце за тестирање, најмногу до 10 души па затоа, сабајле ги тестираа, сега и се јавија да и кажат.
Можеби позитивните резултати ги објавуваат побрзо којзнае, така слушнав, ако си негативен може и да не ти се јават. И .моиве се од мал град со ургенции тестирани и обеќано дека во најкраток рок ке имаат резултати ама еве нема.
Ризик постои од мајка ти но е ептен минимизиран од тоа што сте седеле надвор, секако зависи и колку време меѓутоа не е страшно. Од брат ти воопшто нема ризик.
Во пракса не. Веќе е сведено на 8- 9 дена, поради сигурност 10. Затоа и во многу земји веќе е намален карантинот на 10 дена. Мислам дека првиот ден го рачунаат ама не сум сигурен.
Детето на блиски роднини има покачена тт до 38, течење на носот и од секретот кашла влажно и болки во грлото. Нема изгубено чуство за мирис и вкус и има апетит. Покачени биле леукоцитите и гранулоцитите на крвната слика. Му дале амоксиклав и тест за секој случај закажан за понеделник. Во симптоми спаѓаат ли набројаниве?
да.. многу има и искрено јас гледав и така порачав од “кутурица”. денеска ги испробувавме баш, добро изгледаат и убаво работат http://litb.cc/l/wHpN чини ли линков? иако еве гледам две се и кутивчињата се малку различни имаат некои сертификати.. внатре се исти.. ама кое и да го земиш нема да згрешиш мислам тоа е тоа..
И јас мислам така, секако и они се сами цело време дома, ќе видиме како ќе стојат работите. Единствено ме е страв да не се влоши, од паника мене почна глава да ме стега. Колку дена се критични, може ли енос кај мајка ми да се влоши? Таа уште од првиот симтом земаше витамини и антибиотик за грлото и ушето пошто и беше загноето и докторот и даде амоксиклав и дексаметазон, грлото и е во ред сега. Ногу замарам знам извинете, ама ептен сум загрижена оти како што кажав таа е на терапија за тахикардија и астма( алергиска астма, не хронична)
Фала ти, ама за жал ми пишува дека немаат shipping за Македонија. Како и' да е, се надевам никогаш нема да ви притреба
навистина? ама јас ги порачав директно во Македонија во Прилеп на моите им стигнаа. п.с гледам сега и мене така ми вика дека не може.. баш штета којзнае зошто и дали за сите е така.. ама да дај Боже на никој да не му затреба или да може барем и тука да се најде
Најстрашното помина, штом нема температура и кашлање не би требало да има проблем дополнително. Сепак, ако е во можност, препорачувам испитување д- димери во текот на болеста, за претпазливост. Јас би рекол и некој аспирин да земе, ама со консултација на лекар секако, и Дијазепам/ Бедоксин/ Б6 обавезно. Никако не замараш, слободно пишувај ми и во приватна порака ако треба
Јас само да ти кажам да не ти оди умот на сѐ. Јас те разбирам, грижа за родител е нормална, но навистина нема правила барем за овие случаи што ги знам лично. Другарка ми на 30 помина релативно тешко, мајка на моја познаничка на 70 години со хронични болести помина супер лесно во неколку дена. Сега двете се добри. Мислењето што би било кога би било не е од никаква корист, затоа пробај да се смириш. Нека минува лесно и брзо