Да се надоврзам на @Celltica - вирусов нема правила. Среќа е како ќе го минеш. Познаничка, постара, 65- 70 години, со хроничен бронхит вирусот го помина добро, во болница поради претпазливост, релативно лесни симптоми. Познаник на 41 година, без никакви претходни заболувања, спортист, за жал почина. Само да минува лесно, изолацијата ќе помине брзо.
да, а може искрено и нешто да е до сајтот откако порачав еден куп спамови ми испостигнуваа.. еве од али експрес може, јас пример од овие би зела има веќе многу купено и многу reviews имаат https://www.aliexpress.com/item/327...earchweb0_0,searchweb201602_,searchweb201603_
Да, но не мора да значи дека раката на заразената била контаминирана. Дури и да била, доколку веднаш после ракувањето, без претходно да се допре лицето, другата личност ги дезинфицира рацете, нема ризик од пренесување на болеста.
Да, спаѓаат во симптоми и супер што му закажале тест. Сепак, сметам дека течењето нос не е баш типичен симптом за Ковид, туку за настинка, грип или алергија
Сега читам дури. Не, никакви испитувања не направив, а чекав 5 дена за тест, без решение дома, требаше барем кс и д димери да проверам тогаш. Барајте од матичниот да му земаат крв. Кај мене не ни знам дали беа воопшто покачени, оти ми ги згрешија резултатите, па денес проверив се и супер се. Ама ми рекоа дека настојувале да им проверуваат д димери и хомостаза на заразените, изгледа видоа кај грешат. Не се плаши, до 10 ден од појава на симптоми се критични. Не верувам да оди во лош правец. Немаат температура, кашлица, ќе бидат добро. Витамин Ц и Д најбитно е да зимаат. И многу течности. Инаку изолација ви рачунаат од денот на добивањето на резултатите од тест, а контролен од денот на тестирање. Ама нема веќе контролни. Нема врска почеток на симптоми, тоа евентуално за контактите.
Јас само кажав дека епидемиолошки ракување се смета за близок контакт. Ако ова, ако она, ситуации баш и не ме интересираат, оти си ги кажуваме да се оправдаме што кога се сретнеш со некого на улица автоматски пружаш рака. Прво што кога се радуваш се доближуваш на небезбедно растојание, друго што дезинфициенсите не го уништуваат 100% вирусот, трето што додека да дојдеш до средството за дезинфекција си го разнел по куп лични работи. Значи епидемиолошки ракувањето е на ист ризик како 15 минути зборување не небезбедна оддалеченост, не го измислив јас рангирањето.
Кај децата има ваков вирус или е настинка. Секое второ дете е со растечен нос. И син ми вака, еве го се уште шмрка. И кашлат, речиси сите деца кои беа вака болни. Кс кај него мирна беше. И кај неколку кои ги знам. Не знам, мислам не е корона, али ај ќе пише членката.
Крв утре ќе и земаат, е сега ќе чека пак резултат за втор па недела ќе нема кој да ја снима гради, па дури понеделник, до тогаш ако треба нешто да се влоши недај боже ќе се влоши. Јас не знам ни дали испитуваат кај нас д димери и другото, во приватна лабораторија веројатно да...
Во приватна да, ама ете кај мене ги згрешија. Најубаво било на трансфузиологија, државно ако има во твојот град.
Не сум сигурна дека има, ама ќе каже матичниот веројатно што и како, може во Штип ќе и закажат. Фала Јуле, стварно се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе поминат лесно. Утеха ми е што не кашлаат и што мајка ми вели дека не осеќа проблем со дишење, дека ништо не ја боли освен што е малаксана и нема апетит.
@Ahoy пулс оксиметар https://medicushelp.com.mk/product-category/meditsinski-aparati/ Некој на форумов ми го даде линкот, проверени се
Апетит немав и јас, едно 12 дена. Ќе и се врати. Нека пие течности барем и да проба да јаде, оти ќе нема и сила. Мислам дека ќе бидат добро, штом досега немаат развиено кашлица и температура. Не мислете на лоши работи, знам, тешко е, ама нека пробаат да бидат што е можно посмирени. И да не се плашат.
sega i dijazepam mora da pieme i toa obavezno? od kade pak toa izleze , prvpat slusam dijazepam da se pielo
Бројче @1209 душо, многу е битно овој период да останете психички јаки. И јас испаничив кога на брат ми му кажаа дека е позитивен, па беше малаксан и немаше апетит. Две три б комплекс го средија апетитот. Нека пие витамини и она и брат ти. Позитивен не значи секогаш дека ќе заврши со лош исход. За 2 3 дена ќе биде како нова, секако ако се придржува до храна и витамините.
да нема апетит е нормално и заштитна реакција на организмот, затоа што силата треба да ја троши на борба со вирусот, а не на варење храна. не е страшно. важно е само да пие, може и слатки сокови или чаеви, нешто што има шеќер, полесна храна. кај нас секогаш велат “мораш да јадеш за да имаш сила” и не терале како деца со триста чуда да јадеме кога болни, с нема потреба, напротив.. :/ има и рецепт како да си направиш сам “инфузија” од вода сол и шеќер (1 литар вода, 13гр сол и 18гр шеќер) . исто многу важно да не се лежи рамно зошто е поголема веројатноста да се развие пневмонија, подобро полуседечка позиција и движење.
Дијазепамот е за оддржување на психичката состојба, или да речам "да останеме нормални". Не е задолжително, туку според мене битно. И не мора да е Дијазепам, може и Бедоксин или Витамин Б6.
Дали само болка во грло и гради,кивање без покачена температура и малаксаност е симтом?прашав вчера за малиот носето многу му тече и поткашлува ми рекоја штом има секрет нема шанси да е корона обична настинка некој искуство?мене неколку дена осеќав нешо на грлово ама денес осеќам така поголема болка и во градите