Дијазепам е страшен лек кој создава зависност, ниту е задолжителен ниту се препорачува. Бедоксин да, кантарион и слични природни препарати да, ама никако во комбинација со фармаколошки антидепресиви. За одржување на психичката состојба- физичка активност, да биде телото зафатено, да не врти мозокот црни сценарија. Ова во нормални услови, ако имате од психијатар дијагноза слушајте го докторот. Ама превентивно, на своја рака, фармакологија не.
Дијазепам секој ден секако дека не, не целосно се имам изразено, иако тој од 2.5mg не мислам дека би правел некои проблеми.
Јас пишувам што знам. Дека сите во мк се таблетомани е позната работа ама од доктор имам коментар дека Дијазепам е од фамилија на лекови што прават зависност. Не ставајте трн во здрава нога, истрчајте круг низ маало, шетајте во природа, ништо не кошта а голем бенефит има.
Хелекс е подобар од дијазепамот за мисли и за опуштање, дијазепамот делува и на мускулите. Ама секако има и природни препарати, валеријана пример, маточина, или бедоксин со магнезиум комбинација.
tesko od dijazepam ili bilo koj slicen lek "ke ostanes normalna" ,mozebi mozi da smiri no ne mozi mislite da promeni, pak ke se uplaseni i ke se vrtat vo glava istite misli ko i bez dijazepam i ne ti pisa "obavezno' a i kakotoa zamisluvas spored tebe bitno bilo? treba da slusame i prifatime ona sto ke preporacas? za toa si potojat doktori (ako tii obrnat vnimanie de) ne e voopsto isto bedoxin/ b6 i dijazpam
Јас тоа и' го препорачав најконкретно на Бројче оти најверојатно (ќе) биде (бидат/ сè) во самоизолација и тоа не е баш лесно за психата. Според мене секако дека е битно да се грижиш за менталното здравје, посебно во такви ситуации оти може да излезиш со последици на психата. Секако дека е подобро Бедоксин или Б6 на дневна база, витамин е и нема да има никакви проблеми, а Дијазепамот не е баш за секојдневна употреба, туку во некои да речам, по озбилни ситуации, кои и те како може да ги има во тој период од 10/ 14/ 20 или повеќе дена меѓу четири зида и нема ништо да биде од 2.5мг Дијазепам. Или Хелекс (го сметам за појак). Впрочем и докторите го препорачуваат ова, затоа што не секој (всушност повеќето) не се во можност сами да делуваат за задржување на менталното здравје во добра состојба во такви ситуации.
Мајка ми пие лунерба, тоа мислам дека и е доволно, дијазапам одбегнува, впрочем ептен ако нешто сериозно ја потресува тогаш пие. И јас сметам дека не треба да се посегнува по него на секојдневна база има многу природни лекови што можат да смират секојдневен стрес. Инаку апдејт на брат ми девојката и баба и излегоа негативни, брат ми три дена пред тоа и ноќта пред да качи температура бил си неа, значи не се пренесува така лесно веројатно, сепак ќе останат некој ден дома за секој случај. Мајка ми нема резултати уште ид втор тест. Јас немам симптоми, мислам дека веќе сум безбедна, помина недела откако се видовме. Брат ми денес е супер, нема тт, му се врати апетитот, свеж е, мајка ми на периоди е свежа, на периоди исто малаксана, ама у глобала вика дека се осеќа подобро. Јас малку се смирив, пробам да мислам позитивно и ним да им зборам позитивно. Татко ми е у изолација со нив, нема симптоми, среќен у несреќа дека принудно ќе се одмори, онака не седнува по цели денови и така.
Јас си пијам Лунерба и Б6 откако е ситуацијава, јер анксиозност, бебе и корона лошо комбо. По цели денови дома сме. Иначе за тие што се осеќаат вознемирено е супер, ама како што кажа и некоја од членките за мисли баш и не помагаат, ама за тоа ни Дијазепам не помага.
Јас од Лунерба не може да се освестам, само спијам. Од Дијазапам кога пијам или ме боцкат за кичма, од неврохирург препишан, два дена не може да се освестам. Не знам како функционираат луѓето што ги пијат секојдневно. Па и ако имате корона. Може да прикрие симптоми, еве ќе ве тера на спиење, и ќе не знаете од што е. А мислам битно беше за сатурацијата.
Ќе направат, ќе инсистираме понеделник, не сакаа до сега дека нема потврден тест уште, многу се нервирам ради тоа. А патем се тешам дека нема температура што би значело дека нема некоја тешка инфекција на плуќа, до толку да е прекриено не знам стварно, сакам да мислам дека засега нема ништо на градите и дека не е доцна во понеделник да се направи.
Бидејќи носам 8 саати маска без престан секој ден, не само сувост туку и кашлам неколку часа после носење. И таман ми се смири грлото ја ставам пак и се така во круг.
Најчесто 5 дена е од контакт до појава на симптоми, но може да биде од 2 до 14. Со рака може да се пренесе ако позитивниот кивнал или се искашлал во раката, ти си се поздравила, па ти си допрела лице.