Мајка ми е позитивна, секако знаевме ама денес потврди тестот. Дали може витамините да предизвикаат повраќања?Сега веќе се осеќа подобро ама вели дека од време на време и се гади малце и повратила вчера и денес, пошто не јади многу ама пие многу витамини наеднаш јас мислам дека може и од тоа да е ама не сум стручна, матичнот кретен не се јавува од синоќа му ѕвонела многу пати да праша.
Стомачни тегоби се исто врзани со вирусот како симптом. Ама, може и да е нарушена цревната флора од антибиотикот или иритиран желудникот. Нека се хидрира добро, многу пробиотска храна и по можност да земе електролити за да не дехидрира, додека консултирате лекар.
Нагони може да има и од анксиозноста. Јас ги имам од тоа, плус празен желудник иритиран со лекови. Не е страшно. Орс нека пие голтка по голтка, ќе ја освежува. Нека мине Бројче. А матичниот по правило мора, значи мора да ги контактира два пати на ден. И празник и делник. Катастрофа сме значи.
Moжно е да, барем јас додека пиев витамини. Нека не ги пие наеднаш или едно по едно. Нека си постави временски рок. Ние ете на пример пиевме кај 10 Витамин Д, во 13 Цинк, Во 4 Витамин Ц и така. А башка и тоа што не јаде доведува до повраќање а користи витамини на гладно. Витамини на гладно не се пие. Пробиотик и електролит нека користи плус. Матичниот после ова нека го промени. Ама стварно катастрофа сме, ужас.
Може да и' се гади и на психичка основа, од самата помисла, и од страв. Нема потреба од претерување со витамини, ако веќе се случило заразување тогаш немаат суштинско значење бидејќи се само превентива. Освен тоа, и со нив не смее да се претерува. Витамин Ц не е опасен бидејќи постојано се исфрла, но некои витамини се задржуваат во организмот и може да дојде до предозирање. Ќе биде добро, ќе го помине вирусот како и секој друг вирус. Само не дозволувајте паниката да ве понесе
Фала ви, знам дека мора да се јавува ама ете го нема,ќе го промени секако, мада не дека има многу избор кај нас таа фајда од сите. Инаку пие електролити да и многу вода, она и онака без две кила вода не е на ден. Веројатно е од нив ќе кажам да не ги пие наеднаш, нема тегоби само онака од време на време гадење. Фала ви.
Извини што ќе се умешам, но најубаво е да се јавиш во брза помош и да се консултираш. Има многу причини, а не ја знаеме вистинската Побрзо да оздрави, со лесно!
Леле ќе си пукам у колено од матичниот. Мајка ми се јавила конечно и и рекол никакво снимање и одење на доктор, ако многу и се слошило ќе ја однеле во болница, мајка ми му рекла човек јас сум хронично болна може секој саат да ми се влоши треба ли да чекаме до умирање да дојдам. Стварно не знам што да правам, без упут од матичен никаде не може да оди, инфиктивно е у Штип, треба таму да оди. Ногу се нервирам значи.
Или одете право на ургентен со сите лекарски документи или јави се во брза помош. На форумов нема како да ти помогнеме за жал
Инсистирајте за упат. Обавезно. И мајка ми беше во ризична група и одма ја пратија на снимање. Ако треба нека биде и безобразна со него. Матичните се катастрофа. Нека пие витамини, минерали, лимони. Се ќе е во ред.
Од астма и хронична тахикардија, значи мора да се снима. И кажав да му се јави и да инсистира. Ајде да не замарам веќе на темава вајда ќе средиме.
Аκо има снимκи мајκа ти можеби леκаρот утвρдил деκа нема потρеба повтоρно да се снима. Аκо не е снимана-значи нема потρеба. Κаκо шти ти κажаа бидете упоρни земајте ρецепти за леκови и таκа...
За викенд никој не издава упати луѓе, за тоа еве пак ќе кажам по трет пат, ако е толку хитно и страшно Одма нека одат на ургентен. таму не бараат упат затоа што е ургентен центар
Бидејќи е дома и со поз тест, матичниот организира брза помош да ја земе ,однесе на инфективно и ако не треба хоспитализација, да ја врати. Инсистирајте на ова. Вие сами не смеете да излезете
Е добро де. Утре е понеделник. На ургентен нема да ја примаат пошто не е сериозно во моментот. Која болест и да е, треба да се испита, а матичниот треба да е максимално инволвиран во ситуацијата. Во на @1209 градот нема многу заразени, така да и докторот не верувам дека е нешто многу зафанат со заболени од Ковид. Каде народот сам се лечи, па не сакаат и упати да издаваат. Срамота и греота е. Се чека последната мака, кога ќе е крај и после оти толку починати. Да се е интервенирало на време немаше да има толку починати.
Не е хитно и страшно, проблемот е што она е болна веќе недела дена, он како доктор според нејзината ситуација требаше да ургира да ја снимаат одма и крв и се, не да чека да де влоши состојба, она чекаше прво цела недела тест, па и го повторија, па тоа чекаше, па недај боже на толку чекање да се влоши состојбата. Колку што знаеме со вирусов може и скриени последици да има, не мора да значи дека треба да де онесвести за да заклучат дека и е нешто, превентивно треба да де снима, посебно за хроничните. И не не и е правено до сега буквално никаква слика за да одлучи он дали треба или не треба да се снима.