Бројче, јас би инсистирала да ја прими и види лекар. Дали ургентен, дали ковид центар, небитно, не може човек со претходна дијагноза да го лечат по телефон, на невидено, без никакви испитувања. После касно оделе на лекар, па како да оди порано. Прајте ја големата, галамете на ФБ и тагнете го министерот оти очигледно само ФБ министер и здравство постојат
Мајка ми е веќе подобра и се враќа осет за вкус, брат ми сега го фати малаксаноста ама по малку осеќа мириси. Мајка ми многу повраќа, вика кога јадела и се дувал стомакот и морала да се исповраќа, матичниот знаеме веќе што вели, нормално е. Оние што прележавте го имавте овој симптом? Се плашам да не е нешто искомплицирано со некој орган.
Се издаваат хитни упати и за викенд. Мене брза помош ми има издадено за итен случај. Инаку не е поврзано со корона имав сосема друг проблем. Ама ако кажете дека е итно и дека не можете да чекате ќе ви издадат итен упат.
Јас лично не сум повраќала. Но, немав апетит и дијареа имав. Ваљда нормално е, нека пие вода и пробиотик би требало да се среде.
Брза помош не дава упати, без разлика во кое време од денот или ноќта ги викате. Мајка ми работи таму и не даваат, ниту пак некогаш давале Ургентен центар примаат без упат и доколку ве препратат на друг оддел, си носите друг ден упат од матичен/специјалист...завистност од дијагнозата
Мене ми имаат упат дадено пред 2 недели. Итен упат беше и тоа во недела бидејќи матичната не ми работи мораше на брза помош.
Те молам сликни го упатот и прати ни го да го видиме. Значи брза помош или итна медицинска помош, како сакате наречете ја, самото име ви кажува дека оди на терен моментално да помогне , итно е нели?? Брза помош немаат овластување за упати, само може да ти напише наод(мислење) за моменталната состојба во која те затекнале. Не ширете дезинформации
Девојко, јас не ја викнав брзата помош дома туку отидов таму. А тоа што ми беше потребно они не го пружаат па мораше со итен упат да ме пратат во Болница. Инаку не се работи за Скопје туку друг град. Можеби во Скопје не работат така. А упатот не можам да го сликам бидејќи во болница ми го земаа не кај мене дома.
Девојче не пишувај глупости! Брза помош е брза помош и работат на ист принцип сегде во светот.Они можеби ти напишале наод, а ти тоа си го нарекуваш упат. Мајка ми работи таму и пак ја препрашав сега кој е принципот и ме погледна бледо да не зборам глупости. Прати ни го упатот, молим те
Ок. Не знаеш што пишуваш изгледа и отпосле се сети да допишеш. Мисли си дека наодот е упат, само не шири дезинформации.
Каде пишува итна медицинска помош дека го издава?? Би требало горе лево во ќошот да пишува или десно, каде што ти со го сокрила.
Девојче у реду е, доста со лажење Мајка ми колку што има стаж во брза помош, ти толку години немаш за да бидеш компетентна за кажување мислење дали знае или не знае. Од вакви си патиме и луѓето се лечат од интернет, а не од доктор. Ова е класичен упат од матичен доктор. Не знам која ти е целта со ова, ама доволно е. Поздрав
На упатов пишува 16.08.2020 ако отвориш календар ќе видиш дека е во недела. Ако толку знаеш за ова сигурно знаеш и дека матичните во недела не работат.
Хм, е ова не сум го знаела. Следен пат ќе и речам на матичната дека она треба да ме прими во недела како дете на медицински работник ова не го очекував ама океј. Ова го пишувам во темава бидејќи на некој навистина ќе му треба да го знае. Дека ако е итен случај и брзата помош не може да помогне издава итен упат и се препраќа во Болница. Или така на ветер оди? Па без упат не те погледнуваат а не пак да те примеле или да си им однел упат следен ден