Еве ти кажувам во недела ми дадоја упат од Брза помош за гинекологија во болница поради сомнеж за истекување на плодова вода.
И слободно пријавија клиниката која што ти понарал Баш поради тоа, ако е неработен ден или вечерно време, постои ургентен центар и брза помош. Ти не предвидуваш кога ќе ти се слоши за на време да си земеш упат така?? И сега да одиш, никој нема ниту да ти побара упат, а уште помалку брза помош да ти издаде. Пријави ги доколку е така, не се овластени за тоа.
Со сила нешто се правите или не ве разбирам??? И гинекологија има на некок начин ургентен центар. А брза помош ти дава наод/мислење за поматамошно лекување во болницата каде што ќе одиш
Ај важи. На цела Македонија ви имаат дадено. Само мене изгледа не, а доаѓаат на 2/3 месеци затоа што имам камен во жолчка. Изгледа и на ургентен ви бараат, бидејќи вие сте видовити и знаете кога ќе ви се слоши и ви бараат упат.
Еве на 3 членки ни дале упат а ти упорно тврдиш дека не издавале?! Ти кажувам дека во итна помош ако не ти пружат помош те препраќаат на специјалист зависно од дијагноза со упат. А тој специјалист не те прима без упат освен недај боже ако станува збор за операции или сообраќајки. Така да не си во право за ова џабе се инаетиш, мајка ти не те информирала убаво.
А како ќе ти дадат ако доаѓале на 2-3 месеци? Ти треба да си побараш ако сметаш дека навистина тие неможат да ти помогнат и одиш на понатамошно лекување.
Без разлика за во кој град се работи. Брза помош е брза помош и ургентен центар е ургентен центар. Самото име кажува дека е нешто кое што не може да чека за ти регулар да вадиш упати и слично. Пак ќе кажам, тие медицински наоди што ви ги дава брза помош, можеби вас ви личат на упати. Значи и тие од сообраќајки што се искрешени или пред умирање,што не се во контактибилна состојба, нема да ги примат без упат и брзава помош дека нема попаметна работа, прво гледа упатот да го напише. Во ред. Не знаев, фала на информацијата, да ги пријавиме тогаш за неправилно и неовластено работење.
Добро, шо ти е проблемот @GirlVolley Мајка ти случајно да не ги прошетала сите итни по Македонија. Во другите градови и во Скопје не е исто баш. Не знам што е толку тешко да се сфати.
Објасни ми како може да не е исто? Те молам, објасни ми. Тоа е исто како да ми кажеш дека образованието, програмата за образование во Скопје е различна од другите градови. Фала на информацијата, ќе ги пријавиме за неовластено работење.
Прво да разјасниме бидејќи некои работи си ги измешала. Јас кога сум отишла во брза помош тие ми кажале дека не можат да ми ја пружат помошта и ме препраќаат на специјалист во Болница со итен упат бидејќи матичните за жал не работат недела. И јас самата барам итен упат бидејќи ситуацијата во која се наоѓам е итна. Кога се случуваат сообраќајки не знам дали знаеш на кој принцип работат, ако не знаеш можеш да ја прашаш мајка ти таа ќе ти објасни, ако знае А како второ, погоре сликата што ја ставив, секој што знае да чита ќе прочита дека пишува Упат бр: Така да тоа не ми се причинило дека е наод затоа што брзата помош не ни ме прегледа за да ми даде наод. Туку итно ме праќаат на специјалист. И не, не треба да предвидуваш кога ќе ти се слоши. Не е само лошењето за брза помош. Има еден куп други работи кои што ти се случуваат а брзата помош не може да ти ги пружи.
Јас не кажав дека брза помош може за се да ти помогне. За тоа пишуваат мислење и те праќаат на ургентен. Ако е како што зборите вие, матичните лекари нема да постојат и луѓево ќе си вадат упати од брза помош кога ќе им текне Ние од Скопје изгледа сме посебни и за нас има посебни правила. И во протоколов за вирусов, да не се разликуваме во нешто од вас???
Еве ќе ти кажам дека во мојот град Ургентен нема. Матичните постојат, ама кога не работат а ти е итно за на специјалист како ќе отидеш еве објасни ми?
Сега од каде до каде стасавме до муабетот за тест за корона. Девојко тоа за корона е друго, ама ако и се јават денес 10 души на матичната за да дојде во недела на работа? Тогаш не би постоеле ни брза помош бидејќи матичните работат.
Како тоа нема ургентен (дежурен доктор во болница на сите оддели), а има специјалист да те прегледа во недела? Девојче..... поздрав, читај се што пишуваш
Очигледно не ја разбираш поентава на муабетот. Како и да е, еве ние лажеме ти си во право. Воздухот ни го издаде упатот или тоа наод било
Ургентниот центар/ дежурна болница..... како сакаш именувај ја, ти е замена за матичната во недела, за секој неработен ден или ако имаш потреба од доктор во ноќните часови! Што не е јасно????? И заради тоа што немаш како да земеш упат од матична, те примаат!!