Дава. Свекрва ми пред 2 недели мораше итно на ортопед, и рекоа земете прво упат од брза помош па дојдете Ќе ти поверував, да не бев јас лично да и земам упат од Брза Помош.
Да, важи. Ќе ги пријавиме. При тоа, мајка ми со 37 годишен стаж, не знае да работи, исто така и нејзините колеги. Важи.
А ти на ургентен одиш или во брза помош? И како ќе отидеш без упат молим те. Па така сите кои не можат да добијат термин за упат ќе одат на дежурен без упат и ете решена работа
Па да де. Тоа и го прават. За тоа не можат глава да кренат од работа на дежурства. Зависност од тоа што ми е во моментот, така постапувам. Логично е.
Навистина не знам која ви е целта со зборењево глупости. Сакам само да ви кажам дека не знаете утре на која врата ќе тропнете да побарате помош, па можеби нема да ви поверуваат и ќе помислат дека се мајтапите како и сега.
Зошто се инатиш и зорле не правиш забегани? Ти кажаа повеќе членки дека земале упат од брза помош и? Што е толку чудно не разбирам, и која е потребата за ние да лажеме?
Пази да не се поредат ид вечерва сите во брза помош, да ги вратат назад, па потоа да ви се пуштат на форумов. Можеби целта ви е да имате натпревар на мозоци, отколку што сакате навистима да помогнете со точна информација.
Во брза помош не се оди за да се земе обичен упат девојче не знам зошто не разбираш. Ако е итно ќе ти дадат упат ако не е итно ќе чекаш кога ќе ти отвори матичниот и кога тој ќе ти најде термин, тогаш ќе одиш на преглед.
се даваат упати од итна медицинска помош, преку нивна програма, во дежурна служба рачен упат се пишува.
Самиот збор ти кажува зошто се оди во брза помош или правиш покана по телефон за да ти дојдат дом. Они 7262818 прашања ќе ти постават по телефон за да дознаат дали навистина имаш потреба од нив или одма ќе те пратат на клиника, а не пак да ве пречекуваат кај нив да одите за упат. Не знам дали знаете, ама имаат ограничени ресурси и не можат да се занимаваат со “глупости”, за кои што треба и можат да ви помогнат на дежурство во болница, а они помагаат на премногу сериозните пациенти.
Леле што нема да видам и прочитам. Па не нарачуваш дома упат туку одиш директно во брза помош и им кажуваш кој ти е проблемот, ако не можат да ти помогнат те испраќаат со упат каде што ќе ти помогнат и крај на приказната.
На маж ми лани му се слоши на стара нова год, нормално матичниот не работеше, бевме на итна кај нас и го прегледа доктор му издаде упут за невролог за наредниот ден зошто мислеше дека е итно. Така да и јас сум сигурна дека издаваат.
После колку дена од инфекција се појавуваат симптоми, висока температура, губење на вкус во устата и мирис?