Јас мислам интервју прочитав, нешто во тој стил. Еве, ако е така, како се заразуваат луѓе, баш од кашлање и зборење во фаца?
Од сам почеток збореа тоа дека ширењето е не исто од секој носител, туку дека постојат супер преносители, што заразуваат многу лица. Ова го виделе уште на сам почеток, како едно лице може да зарази 10 други, а друго лице никој. Немам читано зошто. Сега, човек не може да знае нели кој е позаразен или помалку, па освен да се пазиш исто од сите не гледам некоја друга логика. Едит: Да се надополнам, мислам дека гледав интервју негде со епидемиологот во Дебар и отприлика истиот заклучок го имаше од терен. Пример еден човек од 20 контакти заразил 15, а друг човек од 20 контакти заразил еден или ниеден. Мислам некој на форумов читав за количеството на вирус присутно во горно респираторните дишни патишта, па тоа има логика нели, нема како да исфрлаш вирус во толкава количина ако го нема во горните патишта.
Се пазиме, сѐ супер стои ова, ама сега го слушам абсурд било миење раце ама као добра навика сме добиле. Маски само ептен нужно ако било. Прскање улици кој измислил талент бил, ме изнасмеа малце.
Абе џабе јас се пазам од сите кога светов иде у 3 пм цело време. Се обидувам да го рационализам некако.
И бабата на мажот ми. Ни домашните, ни свекрва ми и другите ќерки, никој. Само се мислиме од кај фати, може и асимптоматски беа некој од нив. Исто и на другарка ми свекрва, постојано дома заедно беа, внуците пред да има тт со неа спиеле, ништо никој немаше. Се чудам како некогаш лесно се пренесува пример од колеги во поголем простор, што немаат толку близок контакт, а домашни на заразен не фаќаат.
Да, сфаќам тоа, испаѓа секако дека скроз не можеш да се допазиш. А светов и без короната е малце у 3пм Не мислев на тоа туку дека едноставно не може да си лежиме на увото мене ќе ми се падне овој вториот носител, во контекст повеќе на тоа дека во помаливе градови има некое чудно правило дека ако го знам нема шанса да има корона. Ама мојата чудесна земја @Frosty! Пановски, а и сите други "експерти" си тераат нешто некоја агенда, ете на Вело видовме политичка му испадна. Дури некад мислам сакаат онака момент на слава Оти овој Пановски бараше да се врател полициски едно време. Нешто многу потресен беше тогаш. Така да не го сфаќам како релевантен извор баш Јас искрено мислам дека треба малце да си луд да не миеш раце па и нека нема корона воопшто.
Nikoj ne znae tocno koga I kako se zarazuvaat lugjeto. Ednas velat brzo se shiri a sega 5-10 min da si vo blizok kontakt so zarazen togash samo se prenesuva.ludilo ne videno e ova so koronava.
Да, треба да си во близок контакт со заразен мин. 15 минути (15 се зема како средина, зависно колку е заразна личноста може и 10/ 30мин.) за да се заразиш и ти. Ама, тој мора да биде во својот период кога има способност да ја шири болеста (2 дена пред појава на симптоми, на денот на појавување на симптомите (тогаш најмногу) и 3 дена после појавата на симптоми. Натака, вијабилноста опаѓа, иако сеуште има мали шанси да го шири вирусот до околу 10. ден. Всушност, има 3 вида на контакт кои се ставаат под "суспектни/ ризични", а тоа се: Физички контакт; Близок контакт: во рамките на минималната дистанца од 1.5- 2м повеќе од 15 минути (10 или 30 минути, објаснив погоре зошто); и Приближен контакт: се оддржува препорачаната дистанца (дури и повеќе од тоа), но се во иста просторија долго време (еден час или повеќе).
На самото решение првично што ти го испраќаат за изолација стои до кога си во изолација , барем на моето пишува од кога до кога
Мислам дека веќе нема правило за жал , мојот сопруг јави симптоми се тестираше излезе позитивен , јас се тестирав негативна , после 5 дена пак го повторив тестот и пак сум негативна , значи во моментот кога он бил најинфективен ние сме биле во близок контакт но сепак... А има и доста што се асимтоматични и не не знаат дека се заразени и така нели излегува се од контрола
Pred 4 dena imav tem 37.5 i toa samo ednas i vise ne kaciv, bev na pregled crveno grlo ama ne tolku ne bese za antibiotik zaradi rabotava sto ja rabotam po sigurno rekov sa se testoram i pon. Ima termin za testiranje, znaci drug simtom nemam ama dali sega psihata mi pravi celo vreme osekam bolga vo gradi i oteznato disenje a treba i da dobijam ovie denovi? Dali moze korona da e samo so vakvi simtomi bez kaslanje ve molam za odgovor
Може да е корона, но и психата. Супер што си закажала тестирање, ќе бидеш барем мирна. До тогаш, опушти се. Ти посакувам негативни тестови и позитивни мисли
Toa e problemot sto ne mozam da se optustam i ako e korona sto treba da napravam za ova bolka dali ima lek me utepa psihata ♀️
Ист сум, без гајле. Сега земи нешто за смирување, или утре. Бедоксин, Витамин Б6, Магнезиум или нешто слично, а ако имаш неиздржлива болка консултирај се со матичен.
Се согласувам дека некои работи се политички, ама знаењата се менуваат а со тоа и мислењата.Не може некој да е на истиот став како пред 4 месеци кога постојано се менуваат сознанијата и се добиваат нови искуства.
Која цена се тестовите по приватниве лаб? Сега со периодов и на настинки и плус вируси, човек да не е мирен...
Добро Витаминке, фала на прашање, излегоа од карантин веќе, прават сеа испитувања што треба па ќе видат, мајка ми само уште е на боледување, не може да работи се заморува многу и нема сила, вајдс треба уште некоја недела да се врати у нормала. Баба ми вика дека е подобра, јаде веќе и се враќа апетит и не кашла толку. Јас си психата уште не сум добра, уште не можам да спијам убаво и се штрекам на секој повик, ама добро ќе помине.