Тука и потсвеста игра голема улога, т.е. психата. Само би ти препорачал за секој случај да пратиш наредниве неколку дена како ќе биде ситуацијата и да избегнуваш контакти со други луѓе колку што можеш
После колку дена од појавување на симптоми се очекува влошување на состојбата ? Или подобрување ? Мајка ми пред две недели до четврток осети салби болки во грло, таа мисли дека е болката во крајниците, друг симптом не појави , а е хронично болна. Поради тоа што има слаб имунитет, матичниот реши да ја тестира, дури денес во четврток ќе има резултати. Тогаш е веќе 2 недели од симптомот ако е веќе позитивна. Инаку никој околу неа немаме симптоми уште.
На мој близол се појавија 2 дена после контактот, за 1 недела се смирија најаки симптоми имаше првите 3 дена
Не сум имал контакт со потврден позитивен, но ми се јави прво повремено суво кашлање вчера а денес благо покачена температура 37.2 за кратко време. Иначе имам хроничен ринитис (малку солзење на очите, малку затната една ноздрва и грепкање-голицање на грлото кое го провоцира кашлањето кое е ретко и е како напад од 15тина секунди за да после не кашлам можеби час-два. Мирис и вкус се супер, тешко дишење нема, апетит добар. Направен ПЦР тест и се чекаат резултати. Евентуална некоја прогноза? П.С. Дали сите што се тестираат на дневно ниво имаат симптоми од кои 10-15% се позитивни?
Мое мислење е дека не е корона, а така ти посакувам и да биде. Иначе, не, затоа што во вкупната бројка на тестирани влегуваат и тестовите од приватните лаборатории, а таму најчесто се тестираат без симптоми.
Благодарам на одговорот и убавите желби. Во меѓувреме се покачи температурата на 37.8 и мала-кратка грозница од 10-тина минути но нема кашлање последниве 2-3 саати. Прехлада мислам дека не е, но вирусно како грип или корона ќе причекам.
Колкави се шансите за зараза во голема канцеларија, цело време отворени прозори, заразениот најчесто не носи маска, а јас ја вадам само 5 мин за јадење. Скоро секогаш сме разделечени. Денот кога јави симптоми поголемиот дел од времето носеше маска.
Фала дај боже да е така. Цело време се пазиме, со никој се немаме видено месеци и сега ако има нешто ќе си пукнам од мака.
Знам како е.. а он знаеше дека е заразен или дека имал контакт и си доаѓаше на работа? Едит: Доколку можеш да си дозволиш јави се во приватниве за да видиш дали би можела да ти проверат преку крв дали си била изложена на вирусот. Мислам дека 1200 денари е.
@redhead не би требало и ти да бидеш заразена. А и да си, ќе го минеш доста лесно, можеби и асимптоматски поради претпазливоста (маска, природна вентилација, дистанца). @nena2010 и тоа не е многу релевантно, посебно не толку брзо после сомнителниот контакт. IgM+ IgA антителата (тие се тие кои би откриле рана инфекција) не се развиваат така брзо после инфекцијата, а ако не се лажам може и воппшто да не се развијат. Јас би и' препорачал да биде повнимателна наредниве денови (10- тина), да намали контакти и при сите контакти да биде со маска, како би превенирала да зарази некој друг, иако, и да е инфицирана тоа кај неа би било слаба инфекција, а со тоа и помала можност за пренос.
Вака Не знам дали сум била у контакт со заболен, никој официјално од тие што сум се гледала последниве 10 дена еве нека се ама и општо од март навака не се кажал јавно дека е заболен од корона. Денес не сум мрднала од дома, али пред саат време почна страшно да ме боли глава на моменти, ама цела глава буквално знае да ме здоболи, и десната (моја десна) страна на грлото не дека ме боли ама при голтање чудно ми е.И главата ја осеќам топла ама не ко да имам температура него као да сум радијатор. Друго ништо не осеќам.Не знам дали има простор за паника и дали да им кажам на моите бидејќи знам дека секундарно ќе кренат узбуна, или може и да ми е од замор бидејќи од 9 саат сабајле сум или пред лаптоп или над книга. Испив 4 Витамин Ц на Пливит превентивно Да дадете совет дали да кажувам дома или да не дигам паника и да почекам до утре да видам како ќе се осеќам? Со моите не сум била во блиска средба и од прееска не ни сум искочила од собава страв ми е некако. Другар ми вика да не паничам ама ми е страв заради нив
Не би требало да е корона. Болката во главата е веројатно поради замор на очите, како што кажуваш многу време си била пред компјутер. Грлото, јас мислам дека овој период на сите ни е така чудно при подголтнување, како да стои нешто таму, така? Челото обично така се загрева при паника и страв, така да ако имаш Бедоксин/ Витамин Б6, напи се слободно, можеш и 2 наеднаш и прати ситуација до утре, види како ќе биде, ако не се подобри или не дај боже поизразени да бидат симптомите консултирај се со твојте и/ или матичниот лекар. Со помин и брзо оздравување
Буквално како да имам нешто у грлото осеќам, ко храна/парче некое.. Немам такво нешто. Се тешам дека ми е од замор главоболката ама се јадам ради моите. Ми е гајле и да сум болна и од кревет да не станам ама за нив ми е.. Не сме биле блиску еден до друг али прееска ми требаше мајка ми нешто за на факс и седна до мене..
Мене на почеток ме болеше цела десна страна. Десно од главата, десното уво, десниот дел од грлото. Ама, се може да е. Посебно и времето што е сега вака нагло променливо.
Знам.. Ради тоа не знам дали да им кажам ама ќе им кажам. На вибер ќе им пишам сеа, и да е настинка и да е корона и да не е ништо да седат подалеку од мене
Главоболката и чувството кај грлото може да е болка од вратните пршлени, ако си била наведната над книга и компјутер. Не паничи, земи парацетамол, измери темп.И јас вчера мислев дека горам и глава ме болеше и врат ме стегаше од умор.
Те разбирам. На сите ни е за нив, не само тебе. Носи си маска ти дома додека имаш симптоми, другите не мора, и без гајле. Ќе биде добро.