Здраво, Сакам да прашам мајка ми во вторникот била во контакт со личност на која денес случајно при влез на работа и изметиле темп 37.1,и се тедтирала и испсднала позитивна. Од сабајлето откако и измериле темп до сега жената нема никаква температура под 37 и е. Сега прашувам за мајка ми ќе де стаи изолација ќе зема витамин ц1000, лимони, нешто друго препорака дали да чека симптоми или да се тестира.?
Па така и кажала, на работа и мереле температура на влез и после тоа се тестирала, и попладнево и стасало резултатот
Доколку личноста што е позитивна кажала/пријавила на епидемиологот/докторот дека била во контакт со мајка ти, тогаш ќе и дадат решение за задолжителна домашна изолација. За поддршка на имунитетот секако нека пие витамини. За тестирање, ако има симптоми тогаш нека се јави кај матичниот обавезно и тој ќе и даде упат за веднаш да се тестира.
Зависи до организмот на човекот... Во просек, потребни се 2 - 6 дена од кога некој ќе се зарази со вирусот за да се покажат симптомите, но може да потрае и до 14 дена.
Се јавуваат и те прашуваат со кого живееш и сите тие во изолација одат 14 дена од денот на тестирањето на позитивниот. За други лица ван домот не прашуваат. Има уште неколку прашања во стил дали позитивниот се вратил од странство, бил во некое школо или градинка во последните 14 дена. Решение се добива од денот на тестот и изолација е 10 дена без или мали симптоми како и изолација од 20 дена со поголеми и подолги симптоми. После тоа се излага без тест. Тоа оди во координација со матичниот. Така стојат работите
Се надевам дека мислиш кога некој има цело време симптоми, по осмиот ден може да се подобри или влоши состојбата.
Сигурно се има тестирано на приватно со брзите тестови, инаку не гледам како... не е тоа толку битно. Ако пред тоа немала симптоми, мада и 37.1°C не е некоја температура, а како што кажуваш не ни има веќе температура, така што или е асимптоматска или допрва ќе има (официјално, повеќе) симптоми. Но, ако го земеме петокот како ден на појава на симптоми, таа почнала да биде заразна во средата, што значи дека мајка ти е безбедна во случајов (освен, ако заразената претходно не криела одредени симптоми што асоцираат на сезонска настинка, како болка во грлото, затнат или растечен нос, замор, загубен вкус или мирис), затоа што контактот бил во вторникот. Појава на симптоми- во теорија 2- 14 дена по контактот, во пракса до максимум 10 дена после контактот, а најчесто симптомите се појавуваат после 5- 6 дена од сомнителниот контакт. За имунитетот, Витамин Д најбитен, Витамин Ц и Цинк исто така, но и општо сите витамини. За доручек варено јајце (по можност домашно) и пиперка на пример, ќе добие супер внес на Вит. Д и Вит. Ц. Витаминот Ц највеќе го има во пиперката, не во лимонот! Друго, нема да набилда имунитет само во оваа недела, затоа што тој не се стекнува од денес за утре, но секако, подобро нешто отколку ништо, ќе остане за понатака, посебно ако продолжи со земање на витамини, а треба. За имунитет ќе ја тагнам @prominent , и мене ме интересира што ќе препорача Ви посакувам добро здравје.
Да не и бил тој контролен тест при влез, жената немала ни да знае дека е позитивна. Ќе видиме како ќе де одвиваат работите до кај вторник, па потоа ќе ја мислиме. Ме радува тоа што мајка ми не потклекна психички и и е доста смирена. Не паничи..
@Ahoy, ако ти значи моето лаичко мислење, еве ќе напишам неколку реда. Да напоменам дека многу ме интересира темава и многу сум читала, па еве ќе си дозволам да се наречам информиран лаик. Редовна изложеност на сончева светлина (без заштитен фактор), при што во текот на летото се доволни и 10-15 минути изложеност на голем дел од кожата. Во зима повеќе, секако колку што е можно да се дојде до сонце. За среќа, витаминот Д се акумулира, па ако сте поминувале доволно време на сонце во топлите денови, зимата нема да биде критична Второ, храна богата со цинк, железо, калциум, витамин А, Б, К (црвено месо, јајца, риба, млечни производи по можност полномасни). Железото треба да се ,,зема'' по можност од храната од животинско потекло, бидејќи растителните извори не се апсорбираат лесно во организмот. Да не речам, речиси и не се апсорбираат. (извинете вегани ) Значи квалитетна храна од животинско потекло, надополнета со витамин Ц (зеленчук, на пример пиперки и зелка). Оставете ги лимоните и портокалите, имате подобри извори Витаминот Ц не може да доведе до ,,предозирање'' бидејќи постојано се исфрла од организмот. Затоа е потребен и редовен (секојдневен) внес. И секако, прегратката од саканиот/саканата т.е. љубов, позитивни емоции... Квалитетен сон (не мора долго спиење, поважен е квалитетот). Дури би рекла дека ова е клуч за добар имунитет.
Decki sekoja godini jas ovoj period nastinuvam pa taka i ovaa Nosot mi e zatnat,kivam i glasot mi e zasipnat Drugi siptomi nemam Dali ima prostor za panika,neznam kako sto citam ovie siptomi se tipicni za obicna nastinka ne za korona Vase mislenje?
Obicno zatnat nos i kivanje ne odat so korona. Uste ako si siguren deka si nemal kontakt so pozitiven, ne bi trebalo da ima prostor za panika
Веќе сум 7ми ден без температура и кашлање односно 9ти ден откако се јавиа благи симптоми кои исчезна после 2 дена. Се надевам дека не би требало непредвидливо да се смени состојбата на полошо (9 дена од благ симптом поминаа). Повеќе ми пречи лежењето и малата укоченост заради тоа иако мали вежби правам. Здравје до петок ако е вака треба да заврши П.С. Не знам дали е корисно од пиење малку парацетамол без температура во насока за намалување на укоченоста поради лежење
@mandingo не, нема поента пиење парацетамол без потреба. Можеш да земеш магнезиум, раздвижувај се и самомасажа би требало да ти помогне.
Фала на одговорот. После 10тина дена од првиот благ симптом и 8 дена од позитивниот тест, постојат ли шанси по овој период да дојде до влошување на состојбата или треба да е во заминување короната. Како што напоменав постои мал бол и вкочанетост на мускилите. Дишењето ми е супер