И јас кашлам подолго време, да беше корона ќе заразев некој досега шо значи дека не е. Можда се во право теоретичарите на заговор дека респираторните функции ни се ослабени на сите. Крцкајте ментол бонбони, негро, бронхи, пијте чајчиња и витамини....
Мислам дека имам воспаление на крајниците, ангина, затоа што неколку пати од почетокот на годината се изложив на студ ама мора да ме види лекарката за да знам. Вие би оделе кај доктор во овие околности? Мене ми е страв од короната. Не знам што да правам.
Дали стегање во градниот кош може да е симптом? (Без отежнато дишење). И еден ден висока температура, друг ден нормална, и така наизменично неколку дена со ред?
За жал да, може да е. Многу случаи пријавиле дека кратко имале тт и не постојано, а да може и паничен како што рече Енгл.
Мариголда, кога ја мерите температурата, пред или после оброк? Да не е мајка ти во овулација? (Ако нема притисок три литри вода секој ден замоли ја да пие, и ѓумбир по две полни чаши). Ве молам. Не е алтернативна медицина решение, но екстемно многу помага за било каква настинка или грип.
Сериозно? @MarigoldA Не е баш висока ама дека има болки во градите нека се јави кај матичен. Мм беше болен 2 недели со 37.3 температура и црвено грло, му помина со антибиотик.
Најсериозно. Зошто се смееш? Тт благо се качува после оброк и физичка активност. Од овулација или стрес исто така.
Леле не сум дома, појма немам како мери. Инаку ме лажела изминативе денови дека се е во ред, денес и се јавив ми вика овие два дена сум подобра, претходно и варирала температурата. За да не се секирам не ми кажала. Фала за препораката.
Многу добро знам за овулација и нема шанси температурата да стигне над 37.5, особено па не после јадење.
Симптомите на короната се исти речиси со тие на грипот освен што кај корона може да се блокираат дишните патишта преку страшни болки, чувството било како да голташ стакло. Не мислете дека кашламе и готово корона имаме, да му е срам на чоек да се накашла, сите гледаат во него. Водата ја матат т.н асимптоматски носители шо не сум сигурна дали вистински постојат со оглед на процентот на лажно позитивни тестови. Не верувам дека на нов вирус имунитетот не ке изреагира во рок на инкубацијата. Ако е така ние цело време и грипој и стомачни вируси пренесуваме асимптоматски.
Епа тоа е кај нас народот, може ќе ти дојде онака да закашлаш или може ќе добиеш мала треска или малку си настинат, одма абе корона да не имаш. А претходно што беше. Јас не се замарам со рекла-казала, го знам народот и не им обрнувам внимание.
Од дента коа ги опишаа симптомите на корона јас секој ден си имам по еден, два. Психата тешка работа е..
Мене од вчера ми се слева слуз во грлото. Имам чувство како да имам нешто во грло и постојано мора да голтнам. Видливи траги од слуз имам на крај од грлото. Малку ми е затнат носот ама не ми тече и малку сум засипната. Вака ми се случува пошто имам проблеми со синусите (скоро цел месец користам спреј) и плус сега е период на алергии, ама пуста корона од глава не ми излегува. Плус уште еден симптом некако сум изморена, немам енергија и секогаш крај 19 саат веќе ми се спие Скоро цел месец не сум во контакт со никој, од двор подалеку не сум мрдната ама ете на психа те мава за корона.
Уште од четврток ме болеа коскиве секое ковче ко да ми се кршеше,исто така и во петокот а во саботата оп теммпература 38.5...Почнав вечерта да кашлам суво онака без престан.Се јавив кај матичен парацетамол само и вит Ц да пијам.Со оглед дека работам на јавно место со многу луге стравот е голем од вирусот.Еве вторник е имам еднаш дневно темп до 38.6 само ама кашлицата се намали скроз.дали има простор за паника?